Неколку пати сум рекол дека не се осеќа разлика со горивото од Еу и МК...ама сега дефинитивно го менувам мислењето, има разлика и тоа страшна.
Колата додека бев во Мк беше трома на помал обртај, знаеше на старт да ми затреси од што не беше осетлива гаста како во Германија кога сум, ама мислев дека е до мене, влечеше како што треба над 3000 обртаи, тоа со бензин 100 од Макпетрол и 98 од Лук и бензин од Србија....вчера го потрошив до резерва тој бензин и ја наполнав од овај Е5 во Унгарија и колата се прероди, дури како прв пат да ја возам се осетив, влече многу повеќе уште од мали обртаи и прима многу поубаво. Има разлика дефинитивно, штета што не се способни да увезат некој таков квалитетен бензин овие нашите.