Автор Тема: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo  (Прочитано 65261 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« на: 21 Септември 2017, 17:22:04 pm »
Возилово ги имам веќе 10 дена, и редно е да го паркирам тука во гаража.

Произведено октомври 2013, прва регистрација 15.02.2014.

Купено е од Мак Ауто Стар од првиот сопственик, редовно е одржувано во нивниот сервис.

Јас сум втор сопственик од пред неколку дена.

Има поминато 86.000км, сеуште е под гаранција. Поседува комплетна сервисна историја.

Има 1.6 турбо бензински мотор со 122 коњски сили, 6 степен менувач.

Од опрема го има тоа што го има како стандард во B180 моделите, но како поинтересно ќе издвојам:

- collision prevention assist систем со радар во предното лого пред хауба
- темпомат и ограничувач на брзина
- автоматски долги светла
- ABS, ESP, TCS
- сензори за вклучување на средни светла
- лед дневни светла поставени во магленките на предна страна
- радио со bluetooth, USB
- дисплеј на централна конзола насаден како таблет

Има и еден куп друга опрема што мислам дека е бесмислено да ја наведувам затоа што денес е речиси стандардна во оваа класа на возила.


Моторот е жилав, во ниските степени на пренос малку мрзлив за мојот начин на возњењ, но на автопат е многу солиден. Особено одлично влече над 120км/х кога е во 5 или 6 степен на пренос.

Крајна брзина 195км/ч, од нула до 100км/ч иде нешто под 10 секунди.

Потрошувачка:

- во град 7,5 до 8 литри
- на отворено 5,9 до 6,3 доколку се вози по пропишана брзина


Планирани надградби:

- клима фолии 50% затемнети со атест на сите стакла
- бандажи за летни гуми и летни гуми
(стариот сопственик ми даде и зимни гуми со возилото, но тие ќе ги возам на бандажите што се моментално на возилото, а за летниот сетап ќе земам нови гуми и бандажи)
- корекција на ситни гребаници и оштетувања од камчиња на хауба
- третманче кај Даме обавезно ќе кркне

Тоа е тоа од прилика.

Еве и некоја фотка, од неодамнешното патување до јужниот сосед.





















« Последно менување: 17 Октомври 2017, 21:16:22 pm zlatkoa »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #1 на: 21 Септември 2017, 17:26:57 pm »
Со здравје да си го тераш. Многу безгрижни километри. Мене ми беше дообра дружбата со B180 :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #2 на: 21 Септември 2017, 17:59:02 pm »
ubav primerok si nacekal, so zdravje da se vozi.
turbo benzinec  cenam  8)
btw. kako vadite gradska potrosnja 7,5-8l so ovakov motor/kola svaka cast  :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #3 на: 21 Септември 2017, 18:14:03 pm »
Имаат Мерцедес camtronic систем за ваијабилно управување на вентилите, кој во овој модел е затапен малце во некои режим на работа. Системот е дизајниран да ја намали потрошувачката на гориво пред се во процес на градско возење елиминирајќи throtle overhead, заштедувајќи допонитлени 4% како што тврдат. 

So what does Camtronic do? At partial load the system switches to a low lift cam profile limiting airflow which allows the throttle body to stay open and limit pumping losses which improves fuel economy.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #4 на: 21 Септември 2017, 18:19:55 pm »
Честитки за преубавото возило.
Конечно нешто различно од Фолцваген да видиме :D

Со здравје да си го тркалаш низ милата ни татковина.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #5 на: 21 Септември 2017, 18:35:12 pm »
Многу интересно количе. Еден од првите тестови објавени на ЦЦ е баш за Б-класа.

Јас - за разлика од Сале - не би се дрзнал да го наречам преубаво, ама количево е многу интересно. Со оглед на надворешните димензии, во кабината има многу повеќе простор од она што очекуваме. Плус, го има оној моментот на Мерцедес во кабината.

Мене ми напраи ептен мерак кога го возев, сигурен сум дека и тебе ти прави мерак! Со среќа и со мерак да си се возите. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #6 на: 21 Септември 2017, 19:29:14 pm »
Нити праша, нити отвори тема, ист си ко мене :D

Честито со здравје да се вози и ужива во Мерџо ефектот, јес да беше А класа од новите ќе беше уште подобро, но добро е за старт .....

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #7 на: 21 Септември 2017, 19:57:08 pm »
Mnogu bezgrizni km batko kako sto veke ti kazav voziloto mene licno mnogu mi se dopagja

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #8 на: 21 Септември 2017, 21:41:09 pm »
Со здравје да си го возиш! 

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #9 на: 21 Септември 2017, 21:42:34 pm »
Cestitki, mnogu bezgrizni kilometri...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #10 на: 21 Септември 2017, 22:00:07 pm »
Момци, фала ви за убавите зборови

Да ви се врати со убаво.

Возилото е далеку од симпатично и убаво. Практично е, има пространа кабина, просечен гепек (не е нешто екстремно голем, но не е и нешто мал).

Подвозјето е доста стегнато и круто. На свиоци се држи зачудувачки добро, дури и кога е товарено до плафон. Моментално има летен сетап со Мишелин Енерџи Сејвер на 16 инчни бандажи. Помеко е возењето во споредба со Фиестата, би го рангирал некаде во тврдоста нешто слично на пасат Б7, Б6, Ауди А4. Не дека е меко како памук, ама па се имам возено во потврди возила.

Севкупно гледано, одлично е за возење на подолги релации, има доволно комфор и малку вибрации во кабината, до 120км/ч е речиси тишина внатре, над 120 веќе има шумови мали на ќошевите од кровот и шумот од тркалата е по присутен во кабина. Но не до таа мерка да смета, туку споредено со тишината од претходно до 120 веќе имаш впечаток дека возилото се движи и нешто околу него се случува.

На 100км/ч се движи во шестиот степен на пренос со 1900 вртежи, на 120км/ч се врти со 2100-2150 вртежи.

Потрошувачката не ме потресува многу, повеќе ги потресува тие околу мене што возат дизели.

Седиштата се удобни, имаат одлично потпирање на грбот и висината на седењето е малку повисоко што преставува мало ослеснување кога се возиш на отворен пат затоа што има одлична прегледност. Јас сепак го возам со скроз спуштено седиште до долу. Навика.

Квалитетот на изработката е на нивото кое што е очекувано од Мерцедес. Има некои пластики под седиштата и кај делот за нозете кои се малку евтинки, ама па тоа се места каде што обично никој не пипка со прсти, па најверојатно и уштедиле некое евро при изработка. Нема крцкања, сите затварања на врати, фиоки, касети, гепек се со стандардниот звук што го дава секој мерцедес. Масивно, полно, тешко.

На почеток ми сметаше таблетот на сред шалт табла, ама се навикнав дека ми смета. Не ми е јасен правецот при дизајнирањето на ваквиот тип на екрани во возилата општо. Ми смета.

Мулти медија системот е солиден, не ми се допаѓа интерфејсот и фонтовите, многу се Arial и како да е се направено во Word. Звукот од звучниците е одличен. Тука не би пипал ништо.

Светлата се халогенски, ќе ги сменам со сијаличките со Најтбрејкери најверојатно или па со Филипс Екстрим Вижн. Како и да е споредено со ксенонски или лед фарови, овие се тапа. Светат солидно ама се од времето кога Анте Марковиќ увезе ефтини банани.


На пролет ќе крка 17 инчни бандажи, најверојатно во multi spoke варјанта OZ Superturismo LM или ОЕМ бандажите multi spoke од АМГ на мерцедес. Мооожеби ќе идам на графитно сиви по боја. Незнам ќе видам.



Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #11 на: 21 Септември 2017, 23:24:25 pm »
Sozdravje da si vozis autoto i mnogu bezgrizni km.
Vakov model na bandaz mislam deka prodava moj kolega on kupi mercedes A klasa i dojdoa so nego 17ki ama gi smeni za 15ki ovie mu bea pregolemi. Da vidam ako gi ima uste kje ti pisam.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #12 на: 22 Септември 2017, 07:04:34 am »
Со здравје, прекрасно ауто многу ми прави мерак. За овој мотор имам читано по тестови дека е многу доверлив и ти посакувам и кај тебе истиот случај да биде. Плус бојава ептен му одговара!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #13 на: 22 Септември 2017, 07:39:47 am »
Честито ново ауто, со здравје да си се возикате :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #14 на: 22 Септември 2017, 09:02:49 am »
Честички и многу безгрижни километри!

ПС. клај некоја слика и од внатре :)