Ја паркираш колата на сенка.
Ја чистиш пукнатинката/зуцката, внимателно ги вадиш со игла/нешто остро остатоците од стаклото од самата пукнатинка, пак чистиш (алкохол или средство за прозорци).
Монтираш тоа со вакуумските држачи и гледаш кругчето на кое се навртува цевката за дозирање да е во центарот, и сите четири вакуум држачи да се убаво залепени. Го навртуваш цевчето низ кое ќе тече лепак/резин. На долната страна на цевчето има гумица/дихтунг и тој треба да е залепен за шофершајбната. Навртуваш и го стегаш. Внимателно и без престегање.
Ја отвараш тубичката со лепак/резин. Капнуваш неколку капки во цевчето (пет-шест).
Внатре во цевчето го навртуваш аванот кој го импрегнира лепакот/резинот во пукнатината. Го навртуваш додека не престане да се врти и е стегнат. Не навртуваш и притискаш како без осет.
Оставаш 15-20 минути да отстои. Јас за да биде сигурно го оставав 30-40 минути.
Развртуваш и ги вадиш сите делови по обратен редослед. Капнуваш уште некоја капка од резинот околу местото и целото го покриваш со пластична фолија (ја има во сетот).
Ја вадиш колата на сонце и ја оставаш да ја пече едно 40-50 минути. (Или продолжуваш на сенка, ама вадиш УВ лампа и го печеш лепакот со неа).
После откако ќе се стврдне, одлепуваш фолијата, земаш ножето (го има во сетот) и го стругаш вишокот стврднат лепак/резин од шофершајбната.
Крајниот резултат е ситна матна точка. После некое време нема да знаеш каде била пукнатинката/зуцката.
Досега го имам правено на три мои коли. За парите и потрошеното време си вреди. Особено тука во Германија, кадешто поправката на една зуцка е 100ина евра, и ја поправаат на комплетно истиот начин.
Многу важно: Не ги навртувај компонентите на сила и притискање без осет. Може само да си ја зголемиш пукнатината.