Автор Тема: Краток тест на VW Amarok  (Прочитано 6925 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Краток тест на VW Amarok
« на: 06 Ноември 2011, 23:02:12 pm »
VW Amarok

Се работи за еден од најефтините возила во својот сегмент кој нуди навистина многу. Ако се бара големина, тогаш Амарок има повеќе од доволно да покаже. Споредбено беше со Q7 во овие неколку дена, па и према него Амарок делува поголемо и погломазно. Што си има свои предности. :) Во која класа на возила спаѓа, не е строго дефинирано, едиснтвено во класа на големи возила спаѓа.



Внатрешноста е одлична за овој тип на возило, кое на прв поглед делува рурално, но внатре нималку не потсеќа на такво нешто. Високата позиција дава голема прегледност (!!!) на возиолото, а камионските ретровизори се грижат за останатото. Како и да е внатре е многу удобно и комфорно. Матерјалите се на многу високо ниво, како што и доликува на еден автомобил со такво презиме.



За возење е зачудувачки лесно и интересно. Иако се работи за повеќе од два тони тежок пикап, моторот од 170кс, без апсолутно никаков проблем се справува со каросеријата. Силата која ја нуди е огромна и одлично распределена. Забрзувањата се повеќе од солидни, па дури и спортски, а истовремено меки и удобни, исто како и менувачот и командите. Се чувствува како да е многу мало и престижно возило гледано од аспект на возачот.



Комфорот е на пристојно ниво, и нуди сосема доволно. При подолги патувања, коефициентот на отпор е голем, но моторот кој на хартија и не е нешто посебно го совладува тоа без трокна мака. Брзини од 120кмч не се ни чувствуваат, a без никаков проблем ги постигнува и повисоките бризини во нашиот случај до 170кмч. Сето тоа при смешно ниски вртежи и одлично повлекување во сите брзини. Уште кога ќе ни текне дека овој мотор се нуди и во многу помали и полесни возила, почнуваат да течат лиги.



Багажникот е моментот на оваа кола, заедно со погонскиот систем. А тоа значи дека 2 ипол кубика дрва собира во багажникот. Кога е затворен, а ако го отвориме, може да се товари многу повеќе. :) Четворица седнавме во багажникот многу комотно, па соодветно ако се стават клупи по краевите од багажникот заклучивме дека може да се сместат 8 луѓе, а во средината да се постави масичка. Сето тоа додека 6 луѓе седат во кабината, или 5 ако се по кабасти.



Погонскиот систем е на сите тркала, со дифиренцијали кои се заклучуваат, па надвор од асфалтот нема никакви проблеми. Слободно може да се истражува природата, на било какви терени, со еден куп пријатели внатре или огромен товар. Сето тоа во најкомфорно издание.

Потрошувачката низ град се движеше околу 12л/100км нафта, а при лабаво возење таа се спушти на 8л во вечерните часови. На отворено ако се одржуваат легалните брзини до 120кмч портошувачката е околу 7л/100км. За таа големина и таа тежина, со онолку купишта сила, тоа се солидни бројки.

Цената на возилото почнува од 23.000 евра, и се движи нагоре во зависност од посакувањата на купувачот. Оваа цена го прави возилото едно од најефтините во класата. :)



Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #1 на: 06 Ноември 2011, 23:11:23 pm »
Браво за ривјуто.

Чисто се сомневам околу комфорот бидејќи VW не е некоја марка која прави баш најкомфорни возила, згора на фактот дека ова е пикамион. Ме интересира како е решена суспензијата? За тие пари верувам дека е затуцана, т.е. дека не е на хидраулични перничиња како што е тоа случај кај BMW, т.е. дека возилово може да извади камења од бубрези ако го возиш по дупки и нерамнини. Но можеби грешам. Дени?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #2 на: 06 Ноември 2011, 23:13:24 pm »
Шо стори муабет бе,‘не се знае во која класа спаѓа‘,па не е 5 метри поголем од Тојота Хајлукс,Нисан Навара,Митсу Л2000 итн.итн....инаку како за ПикАп мене мие ОК,али па самото тоа шо е ПикАп не мие Ок,пошо комшијата има Тојота Хајлукс(која е скоро нова) и кога се возиме скока како магаре(заради задниот дел од подвозјето кое е на листови)....а не верувам дека Амарокот е нешто многу подобар ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #3 на: 06 Ноември 2011, 23:24:44 pm »
Како се презива возилото ??? ??

;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #4 на: 06 Ноември 2011, 23:33:08 pm »
Во внатрешноста не се чувстувуваат никакви вибрации или удари од теренот. Предната суспензија е двојна вилушка, а задната е на лист. Како и да е има избор од два вида на суспензија, комфорна и товарна. Носивоста е голема и во двата случаи, само ако треба да се злоупотребува на додатно ниво, се зема товарната суспензија. Не скока како магаре, а во офроуд мод на работа ги шлајфува сите тркала на многу интересен начин. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #5 на: 06 Ноември 2011, 23:34:50 pm »
Па чим е на лист како и сите во својата класа,горе долу мора да ги има истите возни својства,а тоа е скокање како магаре,или во превод мава по бубрези....
п.с уф,заборајв бе,Волцваген е ова не е заебанција  ;) ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #6 на: 06 Ноември 2011, 23:59:51 pm »
VW osobinite mislam deka vo ovoj segment moze najmnogu da dojdat do izraz, edni od poubavite sedista sto VW gi ima napraveno.
Spored mene, prakticnosta na VW prestanala so prestanokot na proizvodstvo na Polo classic 1.9 sdi kako edna od najprakticnite koli sto sum gi vozel vo pogled na ekonomicnost, izdrzlivost i nesvojstveno meka za VW, da ne ti e maka se grebnalo ili si potkacil nesto vo enterierot, ednostavno senamenska kola...
Prodolzuva tuka prakticnosta kaj Amarok...

Go zadrzuvam pravoto da pljukam po ostatokot od VW  ;D  ;D  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #7 на: 07 Ноември 2011, 09:08:25 am »
Релевантни податоци од нашите софорумџии:
http://www.carclub.mk/2011/11/15/volkswagen-amarok/

Еве го тестот на Амарок од порталот на CarClub. Да почитате малку подетално за возилото! :)

Клика, клика, кликаме, гајле си немаме... :)
« Последно менување: 15 Ноември 2011, 16:44:55 pm Deni »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #8 на: 15 Ноември 2011, 16:45:49 pm »
Ете го и нашиот текст, фала Дени! :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #9 на: 15 Ноември 2011, 16:54:07 pm »
Браво за ривјуто.

Чисто се сомневам околу комфорот бидејќи VW не е некоја марка која прави баш најкомфорни возила, згора на фактот дека ова е пикамион. Ме интересира како е решена суспензијата? За тие пари верувам дека е затуцана, т.е. дека не е на хидраулични перничиња како што е тоа случај кај BMW, т.е. дека возилово може да извади камења од бубрези ако го возиш по дупки и нерамнини. Но можеби грешам. Дени?
Eпа еве и од Зеро го има сличното мислење како моето, значи колата се осеќа како голема кола, воопшто не е рурално на пример.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #10 на: 15 Ноември 2011, 17:24:41 pm »
Браво момци алал да ви е!!! Продолжете само така и што повеќе тестови!!!

Отсутен 2fast4you

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1797
  • Some drive to work ... I work to drive!!!
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #11 на: 16 Ноември 2011, 22:32:04 pm »
Jas sakam eden vakov  :P
   

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #12 на: 16 Ноември 2011, 23:15:50 pm »
Сакам и јас ама ваков:






Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #13 на: 17 Ноември 2011, 00:06:38 am »
Уииииии кујзнае што е ова у живо! Ама тапа е зашто тркалцата му се премали. Треба 5-10 инча плус тркала за да го личат!

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Краток тест на VW Amarok
« Одговори #14 на: 17 Ноември 2011, 00:28:26 am »
Ова е топ.. Ке ги собере сите форумџии во него и слободно на собир :D