VW AmarokСе работи за еден од најефтините возила во својот сегмент кој нуди навистина многу. Ако се бара големина, тогаш Амарок има повеќе од доволно да покаже. Споредбено беше со Q7 во овие неколку дена, па и према него
Амарок делува поголемо и погломазно. Што си има свои предности.
Во која класа на возила спаѓа, не е строго дефинирано, едиснтвено во класа на големи возила спаѓа.
Внатрешноста е одлична за овој тип на возило, кое на прв поглед делува рурално, но внатре нималку не потсеќа на такво нешто. Високата позиција дава голема прегледност (!!!) на возиолото, а камионските ретровизори се грижат за останатото. Како и да е внатре е многу удобно и комфорно. Матерјалите се на многу високо ниво, како што и доликува на еден автомобил со такво презиме.
За возење е зачудувачки лесно и интересно. Иако се работи за повеќе од два тони тежок пикап, моторот од 170кс, без апсолутно никаков проблем се справува со каросеријата. Силата која ја нуди е огромна и одлично распределена. Забрзувањата се повеќе од солидни, па дури и спортски, а истовремено меки и удобни, исто како и менувачот и командите. Се чувствува како да е многу мало и престижно возило гледано од аспект на возачот.
Комфорот е на пристојно ниво, и нуди сосема доволно. При подолги патувања, коефициентот на отпор е голем, но моторот кој на хартија и не е нешто посебно го совладува тоа без трокна мака. Брзини од 120кмч не се ни чувствуваат, a без никаков проблем ги постигнува и повисоките бризини во нашиот случај до 170кмч. Сето тоа при смешно ниски вртежи и одлично повлекување во сите брзини. Уште кога ќе ни текне дека овој мотор се нуди и во многу помали и полесни возила, почнуваат да течат лиги.
Багажникот е моментот на оваа кола, заедно со погонскиот систем. А тоа значи дека 2 ипол кубика дрва собира во багажникот. Кога е затворен, а ако го отвориме, може да се товари многу повеќе.
Четворица седнавме во багажникот многу комотно, па соодветно ако се стават клупи по краевите од багажникот заклучивме дека може да се сместат 8 луѓе, а во средината да се постави масичка. Сето тоа додека 6 луѓе седат во кабината, или 5 ако се по кабасти.
Погонскиот систем е на сите тркала, со дифиренцијали кои се заклучуваат, па надвор од асфалтот нема никакви проблеми. Слободно може да се истражува природата, на било какви терени, со еден куп пријатели внатре или огромен товар. Сето тоа во најкомфорно издание.
Потрошувачката низ град се движеше околу 12л/100км нафта, а при лабаво возење таа се спушти на 8л во вечерните часови. На отворено ако се одржуваат легалните брзини до 120кмч портошувачката е околу 7л/100км. За таа големина и таа тежина, со онолку купишта сила, тоа се солидни бројки.
Цената на возилото почнува од 23.000 евра, и се движи нагоре во зависност од посакувањата на купувачот. Оваа цена го прави возилото едно од најефтините во класата.