Леле друже знам сеа низ што проаѓаш. Мене на паркинг кај пролече зимоска ми имаше улетано некој у возацката врата, и не успеавме да го најдеме, само што врата ми беше пута 2 лупната од твојава и плус прагот доле преебан. у овластен сервис нејкеа да ми ја праат ми бараа 250 евра за нова врата, татко ми ја среди кај еден пријател аутолимар за фер цена многу помалку од тоа што ми бараа у овластен. ја тегнеа со магнети и ставија китче и ја префарбаа и прагчето исто ми го средија. твојава гледам не е многу акната така што појше од 100 евра не веруем дека ќе ти земе, ако сакаш можам да ти кажам кај да отидеш. е сеа за средување ќе се среди, знам што ти е муката тебе, да го дознаеш кретенот, јас таа среќа ја немав. искрено се надевам дека ти ќе го најдеш. и уште една работа, дали одма викнавте полиција да направи записник? ако не сте викнале џабе ти е се, пошто никој нема да ти признае после, без навреме направен записник.