Во изминатиот период, малку ја поразвозевме колава до родната грутка и назад, со преноќувања во Австрија и Словенија.
Возевме поприлично товарени и накај Скопје и назад, па затоа задните тркала ги напумпав на 3.0 бари, додека предните беа на 2.4.
Тргнавме на 27.09 накај 20:15, со полн резервар од Westfalen, накај Илмиц, Австрија, почетна км: 34352.
Во Илмиц стигнавме на 28.09 претпладне, км: 35443. Прошетавме малце низ околината, па кога тргнавме накај Скопје, одометарот кажа 35454 км.
Прво полнење на OMV во Унгарија
според компјутерот:
според математиката:
57.30 литри за 1136 км = 5.04 л/100 км
Стигнавме во Скопје на 30.09 наутро. Км: 36468.
Поминати 144 км низ Скопје и наточено гориво на Макпетрол во Н. Лисиче.
според компјутерот:
според математиката:
64.18 литри за 1115 км = 5.76 л/100 км
На 05.10 навечер тргнавме од Скопје (км 36612) накај Љубљана. По пат моравме да издремеме малку во близина на Ниш, пошто бевме ненормално преморени.
Стигнавме во Љубљана на 06.10 нешто после пладне. Км: 37602.
Се разврткавме малку низ Љубљана, и на 07.10 навечер тргнавме накај дома (км 37620).
Наточено на последната станица пред влез во Австрија - Petrol, BS Hrušica Ac - sever, Jesenice, Slovenia.
според компјутерот:
според математиката:
60.86 литри за 1085 км = 5.61 л/100 км
Австрија ја поминавме лесно и „безболно“, арно ама, пак поради премор, дремнавме кратко источно од Минхен.
Последно точење беше на Westfalen, од каде што почна целото патување:
според компјутерот:
според математиката:
54.78 литри за 1024 км = 5.35 л/100 км
(Овој податок пријатно ме изненади, бидејќи отприлика 1/2 од патот беше возена прилично брзо, 160-190 км/ч. Другата половина беше возена поумерено, 100-120 низ Австрија и 120-140 низ Германија, кога возеше невестата ми)
Сумарно: поминати 4360 километри, од кои 4187 на регионални патишта и автопат, и 173 километри низ градски средини. За целото патување, наточени се 237.12 литри. Просек 5.44 л/100 км.
Може да се примети дека компјутерот „бега“ од 0.5-1 литро, во зависност од расположење, или што знам... Да бидам искрен, тоа ме нервира, али фак ит.
Забелешка: нафтата од Макпетрол добро се покажа. Најслаба од сите други (најмалку поминавме, со најумерена вожња), али сѐ на сѐ, океј.
Блиц инфо за (наводната) просечна потрошувачка и брзина откако е колата кај нас: