Using my "mad" Excel skills, си напраив некои табели и пресметки за минатата година.
Сумирано за 2017, бројките велат вака:
- поминати 7165 километри (ја купивме со 20800, на 31.12 имаше 27965)
- наточени 378.48 литри гориво
- просечна потрошувачка 5.28 л/100 км
- потрошени:
* 446.87 Евра за гориво
* 549.92 Евра за трошоци (осигурување и данок)
* 24.64 Евра за сервис (промена на тркала, летни -> зимски)
* 270.98 Евра за додатоци (кровни држачи, авто-козметика итн.)
= 1292.41 Евра
Сума сумарум, сеуште сум презадоволен од возилово и да, чинам дека веќе се има формирано емотивна врска помеѓу мене и колата.
Мило ми е што направивме вистински избор при купувањето на кола.