Саше, според мене моторот си работи во рамките на нормалните вредности на работната температура.
Бензиците со мала зафатнина се проектирани да работат на температура околу 100 степени (мојот 1.2 бензинец во Цитроен Ц2 работна температура му е 105 степени).
Тоа што работи на 90 степени во лето, е одлична бројка, и не би се грижел околу тоа.
Ако системот за ладење е во ред, можно е системот за евидентирање на температурата или стрелката на контролната табла да се малку закржлавени.
Направи го следниот тест:
1. Заврти едно кругче со возилото за да крене температура.
2. Паркирај го на безбедно место и остави го да работи во место моторот
3. Види на колку степени ти се пушта перката, за ладење на ладилникот.
Ако е се во ред перката ќе треба да се вклучи некаде на 95 степени или 100 зависи од термостатот.
Ако се пушта порано перката, на пример на 80 степени, тогаш имаш ставено несоодветен термостат.
Кај мене на Цитроен Ц2 перката се вклучува на 105 степени, ама таке е проектирано од фабрика. Кај тебе не мора да е така.
Верувај, сосема е во ред ако возилото не ти качува температура исклучиво ако го возиш низ град, што според мене е предност, а не маана.
Повеќе би ме загрижувало ако зимно време не ти каува 80 степени, затоа што термостатот веројатно ти е заглавен на отворено и тој те зафркава. Тоа не ја исклучува можноста термостатот да е заглавен и сега, но бидејќи е топло времето и моторот неможе поефикасно да се излади, температурата ти е околу 80 степени.
Во слчај термостатот да е заглавен, се менува, не се поправа.