Автор Тема: Загревање на моторот  (Прочитано 6783 пати)

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Загревање на моторот
« на: 17 Јуни 2017, 07:15:36 am »
Здраво на сите.  Вака сега..  Имам опел корса 1.0 бензинец.... Температурата ми одеше до околу 85 но последниве 2 месеца ми качува 90до 93...  Дали е тоа нормално???  Коа ми каче 90 степена и 5та ја газам едвај качува 80... Многу споро качува....водата не ја исфрла и не врие..  Ја носев на мајстор и кажувам и они не ми веруват ја оставиле да работе и дури и перката вртеела си се у ред било... Шо да праам?  Имал ли е го некој вај проблем?  Позз

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #1 на: 17 Јуни 2017, 09:55:28 am »
Немаш проблем...Проблемот е во колата шо има 1.0 мотор и шо е Опел. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #2 на: 17 Јуни 2017, 10:07:30 am »
гледај на светлата страна, со 80 никогаш нема да те пишат на радар.

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #3 на: 17 Јуни 2017, 10:56:43 am »
Абе почетник возач сум затоа земав мала количка чекам уште една година и ќе купам по големка....  А може и порано да ја сменам за нешто друго... Ако имате предлог кажете слободно..

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #4 на: 17 Јуни 2017, 11:04:09 am »
Со температура во ред е, сепак јуни е. Инаку за ова шо не качува види да не е филтерот за воздух за менување или нешто слично. Јес 1.0 е моторот ама мислам дека без проблем би требало да качиш повеќе од 80.

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #5 на: 17 Јуни 2017, 11:11:40 am »
Филтерот за воздух го сменив пред 2 недели....

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #6 на: 17 Јуни 2017, 13:06:42 pm »
Саше, според мене моторот си работи во рамките на нормалните вредности на работната температура.

Бензиците со мала зафатнина се проектирани да работат на температура околу 100 степени (мојот 1.2 бензинец во Цитроен Ц2 работна температура му е 105 степени).

Тоа што работи на 90 степени во лето, е одлична бројка, и не би се грижел околу тоа.

Ако системот за ладење е во ред, можно е системот за евидентирање на температурата или стрелката на контролната табла да се малку закржлавени.

Направи го следниот тест:

1. Заврти едно кругче со возилото за да крене температура.
2. Паркирај го на безбедно место и остави го да работи во место моторот
3. Види на колку степени ти се пушта перката, за ладење на ладилникот.

Ако е се во ред перката ќе треба да се вклучи некаде на 95 степени или 100 зависи од термостатот.

Ако се пушта порано перката, на пример на 80 степени, тогаш имаш ставено несоодветен термостат.

Кај мене на Цитроен Ц2 перката се вклучува на 105 степени, ама таке е проектирано од фабрика. Кај тебе не мора да е така.

Верувај, сосема е во ред ако возилото не ти качува температура исклучиво ако го возиш низ град, што според мене е предност, а не маана.

Повеќе би ме загрижувало ако зимно време не ти каува 80 степени, затоа што термостатот веројатно ти е заглавен на отворено и тој те зафркава. Тоа не ја исклучува можноста термостатот да е заглавен и сега, но бидејќи е топло времето и моторот неможе поефикасно да се излади, температурата ти е околу 80 степени.

Во слчај термостатот да е заглавен, се менува, не се поправа.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #7 на: 17 Јуни 2017, 14:31:12 pm »
Бидејќи колку толку му објаснивте на човекот, да си прашам јас што ме мачи:

Citroen Xsara 1.4i, 75 кс, 2004 година, ја пазарив во октомври месец и забележав дека при нормална експлоатација (каде колата се движи константно и не глави во гужва) температурата на индикатор е заглавена на 75-80 степени (не знам точно бидејќи е меѓу маркерите 60 и 90). Барав која е работна температура на колава, не можев да најдам, и затоа превентивно сменив термостат марка Vernet. Ништо не се промени.

Кога колата се вози по спори угорници или градски гужви, температурата си оди до 90 и ситно по што се уклучува перката и се одржува на таа температура, се додека не почне повторно движење и се „нормализира“ на 75-80.

Ако некој имал искуство со овој мотор на Цитроен, и работните температури кои треба да бидат присутни на стрелка/индикатор, нека пуцне некоја мудрост дали е колава нормална или треба да си сменам нешто. :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #8 на: 17 Јуни 2017, 14:37:21 pm »
Не треба ништо да смениш, французите имаат многу мала толеранција на индикаторот и затоа со голо око ја гледаш како варира за разлика од други марки каде што разлики и од 10 степени не ги покажува и стои закована стрелката.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
« Последно менување: 17 Јуни 2017, 16:56:43 pm achtung »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #9 на: 17 Јуни 2017, 14:57:29 pm »
Бидејќи колку толку му објаснивте на човекот, да си прашам јас што ме мачи:

Citroen Xsara 1.4i, 75 кс, 2004 година, ја пазарив во октомври месец и забележав дека при нормална експлоатација (каде колата се движи константно и не глави во гужва) температурата на индикатор е заглавена на 75-80 степени (не знам точно бидејќи е меѓу маркерите 60 и 90). Барав која е работна температура на колава, не можев да најдам, и затоа превентивно сменив термостат марка Vernet. Ништо не се промени.

Кога колата се вози по спори угорници или градски гужви, температурата си оди до 90 и ситно по што се уклучува перката и се одржува на таа температура, се додека не почне повторно движење и се „нормализира“ на 75-80.

Ако некој имал искуство со овој мотор на Цитроен, и работните температури кои треба да бидат присутни на стрелка/индикатор, нека пуцне некоја мудрост дали е колава нормална или треба да си сменам нешто. :)

Ти објасни Ахтунг веќе да не се повторуваме.

Вози и уживај. Немаш никаков проблем.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #10 на: 17 Јуни 2017, 15:06:24 pm »
Здраво на сите.  Вака сега..  Имам опел корса 1.0 бензинец.... Температурата ми одеше до околу 85 но последниве 2 месеца ми качува 90до 93...  Дали е тоа нормално???  Коа ми каче 90 степена и 5та ја газам едвај качува 80... Многу споро качува....водата не ја исфрла и не врие..  Ја носев на мајстор и кажувам и они не ми веруват ја оставиле да работе и дури и перката вртеела си се у ред било... Шо да праам?  Имал ли е го некој вај проблем?  Позз

Следен пат на 70-80 км/ч пробај со трета брзина да забрзаш и кажи ја разликата во однос на истото забрзување од 80 км/ч со 5-та :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #11 на: 17 Јуни 2017, 16:49:12 pm »
Кај Поло 1.2 на пример кога стрелката е заглавена на 90 степени, температурата на моторот варира од 70 до 105 степени зависи дали одиш зимно време downhill во брзина или одиш летно време тргни-застани во градска гужва. Идентично е и со Меган 2, Тигуан, Туарег, Мондео на пример но различно од Пежо 206. 206-ката конкретно срелката мрда на секој степен промена.

Ако сакаш точен податок земи дијагностика или OBD уредче и следи ја температурата во живо, научи го малце моторот како се однесува и кои му се нормални параметри. Спореди ги после со информации од луѓе што го правеле истото. По странскиве форуми имаш колку сакаш информации за споредба.

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #12 на: 17 Јуни 2017, 23:07:37 pm »
Кај корса б 1.0 12в работната  температура е од 95 до 107 најчесто стрелката е на 95 но летото и во гратски гужви се крева до 107 некаде над 100 се оклчува перката и пага температурата пак на 95 степени.

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #13 на: 17 Јуни 2017, 23:24:39 pm »
Немаш проблем...Проблемот е во колата шо има 1.0 мотор и шо е Опел. :)
Инаку провери дали имаш термостат и ако имаш да не е заглавен .Термостатот на опел корса 1.0 отвара на 92 степени а температурата  треба да е на оклу 95 степени.

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Загревање на моторот
« Одговори #14 на: 26 Јуни 2017, 10:16:17 am »
Значи по ваше оваа температура е нормална...фала на сите за објаснувањата......