Ако на излез од Ѓорче таа камера пред обиколница не се реагира до МВР соодветно да си ја наштелуваат, таму дебели пари ќе се прават.
Подесена е на 50 км/ч, а уствари се наоѓа надвор од населено место, односно претходно има табла дека завршува Скопје.
И по правила, најмала дозволена брзина е 80 км/ч во таков случај.
Истото е и обратно. Се исклучуваш од автопат, подесена е на 50 км/ч, за после кратко да имаш знак 70, па уште малку табла Скопје, па повторно 50.
Калакурница е системов, ниту е за средување на сообраќајот, туку само за полнење буџет.
Не знам дали сте приметиле ама не е само овој проект направен за цицање пари од обични смртници. Оданочувањето на пратки до 22 евра е исто така добар пример.
Државичево сериозно нема пари. Добар пријател работи во фирма која годишно има промет од околу 90 милиони евра, и вика дека мака мачат да наплатат за проекти кои ги работат за државата. Вака никогаш не било порано со наплата, по негово кажување. Знам дека и исплатата на ДДВ-то ја одложија.
Најновиот удар, каде што гледам дека многу народ се буни е што почнаа да ги чешлаат сите странски приходи од лето 2020-та, до денешен ден, кои не се пријавени во УЈП, а на кои не им платен данок на приход/добивка. Има луѓе што 2020-та и 2021-ва беа во Авганистан, примаа плати во наши банки, и сега им бараат во рок од 5 дена да пријават дека имаат за плаќање, а потоа и да си платат 10% на сета сума што ја имаат примено.
Наредно на удар ке биде Букинг и АирБнБ, ова е од прва рака информација. Во план се/беа ДДВ-то да се качи на нови станови од 5% на 18%. Што потоа ке дојде на удар, кој знае. Типувам и дека и данок на имот дека ке зголемат, кој има втор, трет стан, уште повеќе да ги оптеретат.
Отидов оф топик, ама делува дека ке го стискаат лимунот до крај.
Не можат да ти наплатат данок на пари во Македонија ако не живееш во Македонија. Во тој момент автоматски се водиш како нерезидент. Тоа што земаш плата во Македонија и имаш банкарска трансакција им е само плус на државата, затоа што парите влегуваат од странство. Парите што си ги заработил, без разлика дали си во Пакистан, Авганистан или Туркменистан, не може да ти бидат оданочени, и еве зошто: законот јасно вели дека ако си надвор од земјата повеќе од 6 месеци во една година, немаат основ да бараат данок од тебе. Ова го знае секој обичен човек, не треба да си правник или адвокат.
Така што ова што го прават – нема да им помине. Ќе докажеш каде престојуваш, ќе приложиш договор за работа, банкарски трансакции и готово. Со ова само направија револт и страв кај луѓето, па многумина веќе масовно ке отвораат трансакции во други земји . На пример најблиску на Македонија е Србија – ќе отвориш сметка во Рајфајзен, ќе си ја примаш платата таму, и сите девизи ќе ти одат надвор. И тоа многу добро го знаат и они и кој е на штета?!Они мислат дека народ е ретардиран и глуп, тој што се иселил интегрирал дали во Америка или Европа работи живее печали не е глуп..
Што се однесува до ДДВ-то – државата нема ништо од тоа. Инвеститорите го лапат , убаво си го испакуваа тоа во нивните преддоговри бидејки има илјадници илјадници станови во градба исплатени. Поентата е јасна: тие ќе ги земат парите од преддоговори не Државата. Повластеното ДДВ од 5% од пред некои 15тини години кога беше светската криза е за поттикнување на економијата, и ако автоматски го кренат, па макар и на 8 наместо на 18%, ќе настане тотален крах – ни на градежниците ни на државата нема да им одговара Нема да има продажба нема да влегуваат пари ке биде она акција 1+1. Пак се самите себе си прават шах-мат и штета на сите и на државата и на жителите кои се нашле пука среќа и несреќа во рамки на ова држава.
Да е исцеден лимон — исцеден е. Тие 6 милијарди што ги потрошија на бекатони, улички, асфалтирање и шампони по градот – сето тоа дебело ќе се наплати. Наместо да ги завртат тие пари и да прават нови, ете каде одиме. А за да оданочиш народ, треба да имаш народ од кој има што да наплатиш, а овде 700.000 луѓе живеат со 130 денари на ден. Нема од што да се земе.
Доаѓаме најважното ЕВН каде сите ми се смеете јас упорно зборам дека ненормално се рекетира народ и плаќа струја за поголем дел на европа Така луки сега во Германија и Нестроче плаќат 40евра струја и шетаат по гаќи а тој во Маџари ложи шпорет и сметка со 2 штекери и еден фрижидер и тв плаќа 5990 денари сметка секој месец и од наредн уште повеќе ке плаќаме.Наместо сите да отидеме у бутел на протест да дефинираме јасно утврдување на сметки како месечени телефони народ молчи,Ја одам зборам сите сеир гледате али ако ке плаќаме сега несторче да му е топло у Немачака ние од Македонија,Косово,Алабанија...
Зошто ова го пишувам? Бидејќи секој млад човек треба минимум 5 до 10 години да излезе од Македонија за да застане на нозе, па дури потоа да размислува за живот тука. Со 500 евра можеш да заминеш, за 2 месеци да се стабилизираш, за 1 година да си среден, а за 5–10 години да си човек на место. А со секојдневниот живот овде – само стрес добиваш. Не дочекуваш ни 60 години, и кога ќе заминеш дупка ке фрлат со лопати земја – два дена ќе те спомнат и толку. Тоа е реалноста.
Тажно и очајно пред се веќе не се работи ни за пари дали имаш да јадеш или пиеш сан пелегрино или кокта, се работи за мизерување и понижување и силување на сопствен народ односно жители кои се нашле на ова парче земја од планета наречена Македонија-Скопје помини по Христо Смирненски тоа е направен бангладеш од зградичиња и коли на уличкиве еден дожд ни гумени чизми рибарски не те спасуваат..
To be continued…