Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2496630 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8998
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18660 на: 05 Декември 2025, 00:49:47 am »
Зошо така пеерски му се обраќаш на Симо, бе, kabadaystrasse?
Министерство за транс, поп и виски.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7353
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18661 на: 05 Декември 2025, 05:17:19 am »
За тебе беше постот, Симо арен си е  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14988
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18662 на: 05 Декември 2025, 12:25:41 pm »
Nandor: Последен пат пријавен:денес во 03:28:45
n1kola: Одговори #18661 на: денес во 05:17:19

Си правите вие некоја сеанса а? :D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2038
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18663 на: 05 Декември 2025, 13:01:22 pm »
Не можам да најдам некој член пишувше некаде ми искочи рекламава за складирање на старите гуми повеќе локации низ Скопје https://www.facebook.com/share/p/1DSsvWLC7a/

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18664 на: 05 Декември 2025, 14:08:03 pm »
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8998
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18665 на: 05 Декември 2025, 18:45:58 pm »
За тебе беше постот, Симо арен си е  ;D


Само за мене?!


Министерство за транс, поп и виски.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3371
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20266
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18667 на: 05 Декември 2025, 20:30:06 pm »
Ако на излез од Ѓорче таа камера пред обиколница не се реагира до МВР соодветно да си ја наштелуваат, таму дебели пари ќе се прават.

Подесена е на 50 км/ч, а уствари се наоѓа надвор од населено место, односно претходно има табла дека завршува Скопје.
И по правила, најмала дозволена брзина е 80 км/ч во таков случај.

Истото е и обратно. Се исклучуваш од автопат, подесена е на 50 км/ч, за после кратко да имаш знак 70, па уште малку табла Скопје, па повторно 50.

Калакурница е системов, ниту е за средување на сообраќајот, туку само за полнење буџет.

Не знам дали сте приметиле ама не е само овој проект направен за цицање пари од обични смртници. Оданочувањето на пратки до 22 евра е исто така добар пример.
Наредна година зголемување на ДДВ НА 19-20% и зголемување на данокот на имот.

Не го многу читај Фрчко од Либертас пошто , телефонски број на корисник не нечије право нити загарантирано по ниту еден член,закон,устав - по едноставно се сложуваш на други трети лица да имат пристап до телф број од операторот кој го користиме.Се ова е испеглано добро.

Пример си имал телф број пред 10 години 071 123456 тој број не го користиш после 5 години е во функција кај друг корисник од операторот.. тој телф број не е наше право.

Најмал проблем е телефонскиот број.
А што се однесува до медиумот, па гледам само комуњарскиве ја пренеле веста, овие патриотскиве ја кријат веста дека има поднесено претставка од група граѓани пред уставен.

Муабетот е дека ем нивни се влада/устав/закон, и носат законски измени за да го убутаат некако магистерскиов труд, и пак не е ко шо треба.
Кога се однесуваат како секоја идеа што ја добиваат да се први во историјата што ја имале таа мисла вака ќе биде.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18668 на: 05 Декември 2025, 23:34:34 pm »
Ако на излез од Ѓорче таа камера пред обиколница не се реагира до МВР соодветно да си ја наштелуваат, таму дебели пари ќе се прават.

Подесена е на 50 км/ч, а уствари се наоѓа надвор од населено место, односно претходно има табла дека завршува Скопје.
И по правила, најмала дозволена брзина е 80 км/ч во таков случај.

Истото е и обратно. Се исклучуваш од автопат, подесена е на 50 км/ч, за после кратко да имаш знак 70, па уште малку табла Скопје, па повторно 50.

Калакурница е системов, ниту е за средување на сообраќајот, туку само за полнење буџет.

Не знам дали сте приметиле ама не е само овој проект направен за цицање пари од обични смртници. Оданочувањето на пратки до 22 евра е исто така добар пример.

Државичево сериозно нема пари. Добар пријател работи во фирма која годишно има промет од околу 90 милиони евра, и вика дека мака мачат да наплатат за проекти кои ги работат за државата. Вака никогаш не било порано со наплата, по негово кажување. Знам дека и исплатата на ДДВ-то ја одложија.

Најновиот удар, каде што гледам дека многу народ се буни е што почнаа да ги чешлаат сите странски приходи од лето 2020-та, до денешен ден, кои не се пријавени во УЈП, а на кои не им платен данок на приход/добивка. Има луѓе што 2020-та и 2021-ва беа во Авганистан, примаа плати во наши банки, и сега им бараат во рок од 5 дена да пријават дека имаат за плаќање, а потоа и да си платат 10% на сета сума што ја имаат примено.

Наредно на удар ке биде Букинг и АирБнБ, ова е од прва рака информација. Во план се/беа ДДВ-то да се качи на нови станови од 5% на 18%. Што потоа ке дојде на удар, кој знае. Типувам и дека и данок на имот дека ке зголемат, кој има втор, трет стан, уште повеќе да ги оптеретат. 

Отидов оф топик, ама делува дека ке го стискаат лимунот до крај.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2533
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18669 на: 06 Декември 2025, 00:54:03 am »
@Tommy - Приходи од странство се и за тие што издаваат на Букинг / АирБнБ.
Овие секако спаѓаат во тие што ќе ги чешлаат од 2020-та, па навака.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18670 на: 06 Декември 2025, 02:27:08 am »
@Tommy - Приходи од странство се и за тие што издаваат на Букинг / АирБнБ.
Овие секако спаѓаат во тие што ќе ги чешлаат од 2020-та, па навака.
Да да, имам листинг. Мислев од аспект на проверка и од водење на книга со гости, пријавување, и број на легла. Не само дали е платен данок на приход. Целиот бизнис на тапет.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3371
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18671 на: 06 Декември 2025, 06:10:24 am »
Ако на излез од Ѓорче таа камера пред обиколница не се реагира до МВР соодветно да си ја наштелуваат, таму дебели пари ќе се прават.

Подесена е на 50 км/ч, а уствари се наоѓа надвор од населено место, односно претходно има табла дека завршува Скопје.
И по правила, најмала дозволена брзина е 80 км/ч во таков случај.

Истото е и обратно. Се исклучуваш од автопат, подесена е на 50 км/ч, за после кратко да имаш знак 70, па уште малку табла Скопје, па повторно 50.

Калакурница е системов, ниту е за средување на сообраќајот, туку само за полнење буџет.

Не знам дали сте приметиле ама не е само овој проект направен за цицање пари од обични смртници. Оданочувањето на пратки до 22 евра е исто така добар пример.

Државичево сериозно нема пари. Добар пријател работи во фирма која годишно има промет од околу 90 милиони евра, и вика дека мака мачат да наплатат за проекти кои ги работат за државата. Вака никогаш не било порано со наплата, по негово кажување. Знам дека и исплатата на ДДВ-то ја одложија.

Најновиот удар, каде што гледам дека многу народ се буни е што почнаа да ги чешлаат сите странски приходи од лето 2020-та, до денешен ден, кои не се пријавени во УЈП, а на кои не им платен данок на приход/добивка. Има луѓе што 2020-та и 2021-ва беа во Авганистан, примаа плати во наши банки, и сега им бараат во рок од 5 дена да пријават дека имаат за плаќање, а потоа и да си платат 10% на сета сума што ја имаат примено.

Наредно на удар ке биде Букинг и АирБнБ, ова е од прва рака информација. Во план се/беа ДДВ-то да се качи на нови станови од 5% на 18%. Што потоа ке дојде на удар, кој знае. Типувам и дека и данок на имот дека ке зголемат, кој има втор, трет стан, уште повеќе да ги оптеретат. 

Отидов оф топик, ама делува дека ке го стискаат лимунот до крај.

Не можат да ти наплатат данок на пари во Македонија ако не живееш во Македонија. Во тој момент автоматски се водиш како нерезидент. Тоа што земаш плата во Македонија и имаш банкарска трансакција  им е само плус на државата, затоа што парите влегуваат од странство. Парите што си ги заработил, без разлика дали си во Пакистан, Авганистан или Туркменистан, не може да ти бидат оданочени, и еве зошто: законот јасно вели дека ако си надвор од земјата повеќе од 6 месеци во една година, немаат основ да бараат данок од тебе. Ова го знае секој обичен човек, не треба да си правник или адвокат.

Така што ова што го прават – нема да им помине. Ќе докажеш каде престојуваш, ќе приложиш договор за работа, банкарски трансакции и готово. Со ова само направија револт и страв кај луѓето, па многумина веќе масовно ке отвораат трансакции во други земји . На пример најблиску на Македонија е Србија – ќе отвориш сметка во Рајфајзен, ќе си ја примаш платата таму, и сите девизи ќе ти одат надвор. И тоа многу добро го знаат и они и кој е на штета?!Они мислат дека народ е ретардиран и глуп, тој што се иселил интегрирал дали во Америка или Европа работи живее печали не е глуп..

Што се однесува до ДДВ-то – државата нема ништо од тоа. Инвеститорите го лапат , убаво си го испакуваа тоа во нивните преддоговри бидејки има илјадници илјадници станови во градба исплатени. Поентата е јасна: тие ќе ги земат парите од преддоговори не Државата. Повластеното ДДВ од 5% од пред некои 15тини години кога беше светската криза е за поттикнување на економијата, и ако автоматски го кренат, па макар и на 8 наместо на 18%, ќе настане тотален крах – ни на градежниците ни на државата нема да им одговара Нема да има продажба нема да влегуваат пари ке биде она акција 1+1. Пак се самите себе си прават шах-мат и штета на сите и на државата и на жителите кои се нашле пука среќа и несреќа во рамки на ова држава.

Да е исцеден лимон — исцеден е. Тие 6 милијарди што ги потрошија на бекатони, улички, асфалтирање и шампони по градот – сето тоа дебело ќе се наплати. Наместо да ги завртат тие пари и да прават нови, ете каде одиме. А за да оданочиш народ, треба да имаш народ од кој има што да наплатиш, а овде 700.000 луѓе живеат со 130 денари на ден. Нема од што да се земе.

Доаѓаме најважното ЕВН каде сите ми се смеете јас упорно зборам дека ненормално се рекетира народ и плаќа струја за поголем дел на европа Така луки сега во Германија и Нестроче плаќат 40евра струја и шетаат по гаќи а тој во Маџари ложи шпорет и сметка со 2 штекери и еден фрижидер и тв плаќа 5990 денари сметка секој месец и од наредн уште повеќе ке плаќаме.Наместо сите да отидеме у бутел на протест да дефинираме јасно утврдување на сметки како месечени телефони народ молчи,Ја одам зборам сите сеир гледате али ако ке плаќаме сега несторче да му е топло у Немачака ние од Македонија,Косово,Алабанија...

Зошто ова го пишувам? Бидејќи секој млад човек треба минимум 5 до 10 години да излезе од Македонија за да застане на нозе, па дури потоа да размислува за живот тука. Со 500 евра можеш да заминеш, за 2 месеци да се стабилизираш, за 1 година да си среден, а за 5–10 години да си човек на место. А со секојдневниот живот овде – само стрес добиваш. Не дочекуваш ни 60 години, и кога ќе заминеш дупка ке фрлат со лопати земја  – два дена ќе те спомнат и толку. Тоа е реалноста.

Тажно и очајно пред се  веќе не се работи ни за пари дали имаш да јадеш или пиеш сан пелегрино или кокта, се работи за мизерување и понижување и силување на сопствен народ односно жители кои се нашле на ова парче земја од планета наречена Македонија-Скопје помини по Христо Смирненски тоа е направен бангладеш од зградичиња и коли на уличкиве еден дожд ни гумени чизми рибарски не те спасуваат..

To be continued…
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6622
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18672 на: 06 Декември 2025, 08:39:25 am »
Грујо ти ли си?

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3371
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18673 на: 06 Декември 2025, 08:48:58 am »
Грујо ти ли си?
Не мора да си Грујо, Јунг или некој голем мислител за да ја разбереш суштината. Доволно е да бидеш свој, автентичен, и пред сè свестен за сопствената свесност — за тоа што го носиш во себе, како размислуваш, како реагираш и каде се наоѓаш во животот. Сето почнува од едно едноставно, но тешко прашање: Кој сум јас и каде стојам?

Прво треба да се поставиш во однос со себе — да ја разбереш својата внатрешна динамика, слабости, потенцијали, навики и пориви. Кога тоа ќе го расчистиш, природно доаѓа разбирањето на местополжбата, односно контекстот во кој живееш: средината, околностите, луѓето, вредностите околу тебе. А потоа се буди и пошироката свесност — способноста да ја гледаш врската помеѓу себе и светот, причините и последиците, изборите и патиштата.

Промените не доаѓаат од политичари, гуруа или системи. Промените започнуваат од нас самите. Тоа е тивка, лична револуција која се случува кога ќе разбереш дека никој нема да те спаси или насочи ако прво ти самиот не се соочиш со себе.

Животот нè учи на различни начини. Некој ќе научи нешто во кафана, меѓу луѓе, во разговор што ќе му ја отвори свеста. Друг ќе научи на улица, во школа, факултет или на работното место. Некој преку литература, филозофија, уметност, а некој преку болка, падови или тишина. Не постои „прав пат“ — постојат само различни искуства кои нè обликуваат.

Секој од тие моменти е алатка, лекција или огледало. И токму тие ситни, понекогаш неприметни чекори, нè водат кон тоа да стануваме посвесни, подобри и поцврсти личности. Промената е процес што трае цел живот — но почнува од едно единствено место: од себе.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7194
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18674 на: 06 Декември 2025, 09:24:03 am »
Ако на излез од Ѓорче таа камера пред обиколница не се реагира до МВР соодветно да си ја наштелуваат, таму дебели пари ќе се прават.

Подесена е на 50 км/ч, а уствари се наоѓа надвор од населено место, односно претходно има табла дека завршува Скопје.
И по правила, најмала дозволена брзина е 80 км/ч во таков случај.

Истото е и обратно. Се исклучуваш од автопат, подесена е на 50 км/ч, за после кратко да имаш знак 70, па уште малку табла Скопје, па повторно 50.

Калакурница е системов, ниту е за средување на сообраќајот, туку само за полнење буџет.

Не знам дали сте приметиле ама не е само овој проект направен за цицање пари од обични смртници. Оданочувањето на пратки до 22 евра е исто така добар пример.

Државичево сериозно нема пари. Добар пријател работи во фирма која годишно има промет од околу 90 милиони евра, и вика дека мака мачат да наплатат за проекти кои ги работат за државата. Вака никогаш не било порано со наплата, по негово кажување. Знам дека и исплатата на ДДВ-то ја одложија.

Најновиот удар, каде што гледам дека многу народ се буни е што почнаа да ги чешлаат сите странски приходи од лето 2020-та, до денешен ден, кои не се пријавени во УЈП, а на кои не им платен данок на приход/добивка. Има луѓе што 2020-та и 2021-ва беа во Авганистан, примаа плати во наши банки, и сега им бараат во рок од 5 дена да пријават дека имаат за плаќање, а потоа и да си платат 10% на сета сума што ја имаат примено.

Наредно на удар ке биде Букинг и АирБнБ, ова е од прва рака информација. Во план се/беа ДДВ-то да се качи на нови станови од 5% на 18%. Што потоа ке дојде на удар, кој знае. Типувам и дека и данок на имот дека ке зголемат, кој има втор, трет стан, уште повеќе да ги оптеретат. 

Отидов оф топик, ама делува дека ке го стискаат лимунот до крај.

Државата никогаш немала доволно, затоа е држава, некогаш повеќе некогаш помалку.

Имаше ваков период, бетер, во 2009-2011.

Тоа отсекогаш требало да функционира, само некој спиел до сега.

Ако некој се занимава со Букниг/Аирбнб, освен тоа, реално треба и да е со регистрирана дејност. Сите се буниме за диви таксисти, ова е исто.
Данокот на имот/луксуз е одамна зборена тема. Јас се сложувам дека не е фер да се казнуваат успешните со повеќе данок но од друга страна знаеме многу луѓе како ги стекнале имотите овде. Ако сакаат може да си докажат потекло на пари ама тоа е преобемно :) вака имаше во Грција во 2009-11 кога масовно продаваа заради даноците, посреден ефект би бил намалување на цена на м2. Во СК има 30к празни станови

Клаберот Џимни е внук на ЏПТ со некоја жичка на Грок 😂