Во мојот случај мислам дека пред 2 и кусур години во последен момент земав стан (на кредит) по некоја понормална цена, станот ме чинеше 61.000 е, а денеска истиот стан чини околу 75.000 е.
Кредитот е на 30 години (да сме живи и здрави), со месечна рата од 315 е.
Вкупни месечни приходи од палта ни се околу 65.000 денари. Од гарсоњерата има месечен прилив од 6.000 ден. Вкупно 71.000 денари.
Со станот (гарсоњера) што ја имаше сопругата од претходно го покривме учеството (со хипотека и на гарсоњерата), мада од банката ја ценеа само 13.000 е, а реална пазарна вредност (пред 2 години) и беше околу 25.000 е.
Ситни задоволства од типот на кафани, ресторани и сл не практикуваме или многу ретко практикуваме, не заради друго, никогаш не ни било начин на живот, исто како и на моите родители. А денеска, и немаме баш нешто многу време за денски екскурзии, посебо со ковидот.
Тераме годишно по еден скромен одмор во Грција, со околу 600-800 е. Додуша оваа година бевме и во Охрид 3 дена
.
Нормално потребите на детето на прво место, и други приортети како што одат по ред.
Додека бев сам ми ми носеа кошули Burberry од Англија по нарачка, почесто излегував, Голфот (тогаш 7 години стар) во овластен мазење, пазење, премиум летни/зимски гуми и други салтанати. Ми требаа пари за опремување на станот и не се мислев дали да го продадам за тоа, земав Гранде па и тоа го продадов за 6 месеци, сега сум со Сеник, постар дизел, со повеќе км и ич не ми е битно. Побитно ми е што детето има детска соба.
Нормално би сакал да се има повеќе пари за некој all inclusive одмор, (по)нова кола и сл, можеби повеќе викендашки тури шетање ама да сме живи и здрави.
А малку и сме разгалени помладите генерации, за разлика од времето на моите (нашите) родители. тогаш биле задоволни со Застава 101, замисли со еден сет Тигат или Трајал гуми, поскромни работи, трпези, задоволства.
Денеска колата мора да биде СУВ, МПВ, со масажери, камери, телевизори, 3 сета гуми (покрај летен/зимски сет и еден целосезонски за измеѓу сезона
), мора да се оди на скапи одмори на поеклузивни места, а не као порано во Крани, Отешево и сл.
И ние полека станавме потрошувачко општество и си го плаќаме и ќе си го плаќаме данокот за тоа.