Автор Тема: Skoda Superb Active 2.0 TDI  (Прочитано 73525 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #105 на: 19 Март 2018, 11:21:27 am »
Прогноза немав видено, а се мислев дали да ги менувам или не. Али недела ко недела досадна и ај да не седам џабе, од досада ги сменив.
Инаку ако ми излезе коммбинација после Велигден да идам до Љубљана, тогаш ќе видам прогноза па може и да ги вратам со зимски гуми да идам нагоре.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #106 на: 07 Април 2018, 22:29:13 pm »
Сликава ја сликав за на форумов бидејќи мислев декс колава е на @lans , епа не била неговста па ај да не биде за џабе сликана, нека стои тука.  Шкодава си ја обожавам, неизмерна љубов се роди меѓу нас 😍😍😍


« Последно менување: 07 Април 2018, 22:36:50 pm kalimero »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #107 на: 07 Април 2018, 23:37:54 pm »
Страшно добра предница на изглед е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #108 на: 08 Април 2018, 08:13:20 am »
И бојата дека не е бела.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #109 на: 12 Април 2018, 21:49:04 pm »
Биднаа и 10.000 км, ја имам 10 месеци, по 1.000 ка месечно баш како и што мислев кога ја зимав.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #110 на: 12 Април 2018, 21:59:23 pm »
Бреее малце бе. Со оваа километража колата ќе биде сеуште нова за 10 години :)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #111 на: 05 Јуни 2018, 14:34:48 pm »
Утре ни е годишнина па поради тоа вчера се регистриравме :)

Трошоците за регистрација беа следниве:
- Технички и сите давачки околу тоа - 1.951,00 денари
- Јавни патишта - 2.939,00 денари
- АО полиса - 8.223,00 денари
- Зелена Карта - 5.536,00 денари
Вкупно - 18.649,00 денари

На се ова плус трошок беше уште каското.

За година дена извозени се 11.300 км, презадоволен сум од колата, си ја врши намената за која беше купена.
И после година дена уште незнам колку троши низ град бидејќи многу малку се вози низ град.
Уште сметам дека е преголема и неупотреблива низ град и низ тесни улички и паркинзи.

Да отидам уште еднаш до Грција и после тоа иде на сервис, таман ќе биднам нешто над 12.000 км

По повод годишнината еве една бонус слика со сопружничкиот автомобил.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #112 на: 05 Јуни 2018, 15:46:24 pm »
Крадат на техничкиов? Нели секоја втора година технички?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #113 на: 05 Јуни 2018, 21:16:52 pm »
Крадат на техничкиов? Нели секоја втора година технички?
Под технички мислев на давачките за лепенка, административни такси ... самата услуга технички преглед не се плаќа првите две години, ама има еден заеб, првата година не издаваат потврда бидејќи колата е нова и не поминува технички а потврдата за ослободување треба да ја издаваат контролорите ама нема како нели бидејќи они не доаѓаат до документите. А на втора регистрација ти бараат потврда на МВР шалтерот и тука е заебот, потврда немаш и треба да платиш. Се средува со повикај пријател џокерот за да се објаснувате со полицаецот или да одиш кај што си правел технички првата година и да бараш потврда.
Убаво смислено ама неусогласено во пракса.

Со технички ќе требаше да платам вкупно околу 6.000 денари давачки кај нив, без полиса.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #114 на: 05 Јуни 2018, 22:13:38 pm »
Да не си грешка за потврдава?

Кај мене контролорите ги зедоа документите и проверуваа број на шасија и ми дадоја потврда дека не треба да поминам технички наредната година.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #115 на: 05 Јуни 2018, 23:34:08 pm »
kaj mene bidejki ne se vrsese tehnicki pregled samo projdoa dokumentite, negde samo mislam polojna se plati za drn drn taksi maksi i osiguranjeto...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #116 на: 23 Јуни 2018, 17:53:15 pm »
Еве некој слики од летоска од одмор, комшијата Романец беше со Октавија па интересни ми се видоа за сликање и споредба.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Isto mesto nekoj mesec podocna, I romanecov beshe tuka ama na drugo mesto parkiran 😁


Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #117 на: 14 Јули 2018, 22:07:33 pm »
Денес направен првиот редовен сервис на 12.311 изминати километри.
Дечките од Порше беа многу коректни, примен точно на време во 9 часот како што беше и закажано и завршено во 11 часот како што ми беше кажано на телефон, покрај редовниот сервис направен некој апдејт на аутохолдот која била редовна сервисна акција на сите возила од групацијата.

Цените на деловите и услугата:
- масло Кастрол Едге Професионал Лонг Лајф 5В30 - 5 литра = 4.956 денари
- штопна = 197 денари
- филтер за масло = 761 денари
- филтер за воздух = 1.551 денари
- филтер за полен = 1.815 денари
- работни операции = 1.665 денари
 
ВКУПНО: 10.945 денари


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #118 на: 25 Јули 2018, 13:45:51 pm »
Еве некој слики од летоска од одмор, комшијата Романец беше со Октавија па интересни ми се видоа за сликање и споредба.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Isto mesto nekoj mesec podocna, I romanecov beshe tuka ama na drugo mesto parkiran 😁

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

OFF-Topic КАј е местово, интересно изгледа, а сигурно е добро чим идеш често.

Од форум подобра туристичка агенција нема, @smole вилата у Тасос што ја препорача..... феноменална!

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Skoda Superb Active 2.0 TDI
« Одговори #119 на: 25 Јули 2018, 13:49:49 pm »
Сивири - Кастело апартментс.

Добро бе кога букраше?
Јас во Мај прашував , беше зафатено се до крај на сезона.