SV650 е многу многу често препорачуван почетнички мотор, и како таков е релативно досаден, на позитивен начин. Немаш агресивен стајлинг, немаш куп електронски џиџиња, мислам ни LED фарови дека немаш, камо ли нешто дополнително. Дали сакаш вакви работи е ствар на вкус.
Од друга страна, имаш кажи-речи bulletproof V машина со два цилиндри и околу 75 коња ако добро памтам, шо е супер за “долг“ почеток, или ти да не сакаш после година-две возење да го фрлиш пошо е слаб. Ако сакаш да почниш да возиш мотор, ова ти е безбедна варијанта за да не се замараш со одржување и расипливи компоненти, пали вози е.
Главни конкуренти ваљда би биле Yamaha MT07, Honda CB650R, и евентуално Kawasaki Z650. Сите три се (плус минус) 650 кубици, со то шо Z650 и MT07 се со по два цилиндри и 67/75 коњи соодветно, а CB650R е inline четири цилиндри и 95 коња. Ценовно, Kawasaki-то би требало да е тука така со SV650, а Honda-та и Yamaha-та да се поскапи.