Пред 1.5 година ги разгледував истите коли кои што ти сега ги разгледуваш и најдов добар Civic 1.7 CDTI 2005 примерок и го купив. Во споредба со сите други што ги имаш наведено, цивикот е најпросторен (ова ми беше еден од најбитните фактори). За делови, може да имаш проблем доколку ти се расипе нешто поспецифично (пример механизам на прозор), па ќе треба да се нарачува од странство бидејќи овде е изгор во Макпетрол.
Кога ја земав колата, одма и направив голем сервис кој што ме чинеше околу 370-400 евра, но од тука рачунај 5000 денари дадов на Макпетрол за оригинално масло за менувач и хонда лонг лајф антифриз. Другите делови (ребраст каиш сет со затегач, пк каиш, сите филтри, масло) беа од Солид.
Прошлиот ноември земав Mann филтер за масло, 500 денари, Мотул 5w40 8100 X-Cess ~2600 денари.
Неодамна сменав комплет дискови и плочки АТЕ (купени од Mega Auto Parts), ~17.000 денари.
Значи цениве погоре се за поквалитетни делови, имав и други поевтини алтернативи (пр. Ashika комплет дискови и плочки, 12.000 денари некаде).
Исто така, кога ќе купуваш, планирај што ќе правиш со гуми/бандажи (летни/зимски). Доколку колата што ја купуваш нема втор сет бандажи, дали ќе возиш all-season гуми на 1 сет бандажи, ќе менуваш летни/зимски гуми на едниот сет бандажи (не е препорачливо ова), или пак дополнителен трошок со купување на втор сет бандажи.
И за крај, еден форумџија тука ми кажа, ако буџетот ти е 4500 евра, барај си кола од 3700-3800. Секогаш постои можност некаков безвезе дефект да се појави, сепак станува збор за кола стара 10-15 години.