Автор Тема: Возило до 4000 евра?  (Прочитано 8203 пати)

Отсутен -SBY

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Возило до 4000 евра?
« на: 07 Мај 2017, 12:51:46 pm »
Здраво!

Потребно ми е дизел возило до 4500 евра (максимум) за подарок, и се разбира до 77kw за возач почетник.
Некоја сугестија околу тоа што би можел да купам?
Потребно ми е колата да не е премала, да не троши нешто екстремно, и да има делови за неа.

Гледав:

Ford Focus 2005год. кој изгледа фантастично и ми остави голем впечаток, ама не сум користел Ford никогаш па не знам за каква кола се работи.
Некои ми велат дека премногу троши, а некои ми велат дека до 7l...што и не е така страшно.
Слушнав и муабет дека се прескапи деловите и дека се лесно расипливи...

Второ возило кое ми остави впечаток е Mercedes A160 2005 год. иако премногу се ретки и нема избор....  :(

Гледав и Polo 2005год. Opel Astra 2005, Peugeot 307, Honda Civic 2005, Mercedes A170, Honda Civic 2004, Mercedes A160 2005....

Што мислите? Што би било најдобар избор? Имате некоја друга сугестија?

« Последно менување: 07 Мај 2017, 12:59:05 pm -SBY »

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #1 на: 07 Мај 2017, 13:02:05 pm »
https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-продава/Скопjе/Скопје/ВОЗИЛА/Автомобили/Opel/Astra/Opel-Astra-1-4-Twinport-/2610580

исценкај се 300-400евра таман ке си монтираш плински уред и цепај.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #2 на: 07 Мај 2017, 13:53:11 pm »
Што знам, не сум возел форд, другарка моја има форд фокус 5-6 години немала некои посериозни проблем или дефеци, е сега е пазен, пошто има и лада нива па зимно време нејзе ја возат, така да ретко кога бил изложен на снег и сол. А од сол секоја кола страда.
Од мерцедесот (а 160) бев пријатно изненаден од комоцијата и просторот, навидум изгледаат малечки но воопшто не се.
Школски мој имаше астра класик, вечито го штеловаше плинот и бобини мењаше со сервис :D Дали го имаат овај птоблем и другите астри не знам.. 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #3 на: 07 Мај 2017, 19:47:58 pm »
@-SBY  http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2478453

Бујрум. Ги задоволува сите „правила“. Башка мислам и со цена не ќе биде проблем.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #4 на: 07 Мај 2017, 20:25:17 pm »
Добра е. За поклон за почетник у молерски бизнис :D Ја ко тинејџер почетник возач, веројатно исто би се израдувал до небо на Астра караван ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #5 на: 07 Мај 2017, 20:45:46 pm »
Он додуша пиша да не е премала :) така да караван ќе му е таман  ахаха :)

Отсутен -SBY

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #6 на: 07 Мај 2017, 21:46:40 pm »
Он додуша пиша да не е премала :) така да караван ќе му е таман  ахаха :)

Но не пишав дека треба и преголема. Златна средина бе....  ;D ;D
За товарање вреќи пиперки и мастраф за зимница од Струмица до Скопје - топ е, ама за низ град и + за девојка/жена и не е баш.... ::)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #7 на: 08 Мај 2017, 19:54:05 pm »
Focus или Civic од ова што го спомна.

Civic-има поскапи делови.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #8 на: 08 Мај 2017, 20:03:45 pm »
Каде има Цивик од 2005 за 4000 евра?

Sent from my VIE-L09 using Tapatalk


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #9 на: 08 Мај 2017, 20:37:41 pm »
А класа > фокус

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #10 на: 08 Мај 2017, 20:57:22 pm »
Членот рече дека разгледувал и Цивик.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #11 на: 08 Мај 2017, 21:40:53 pm »
Направи список од сите тие возила, освен мерцедесот (пошто тоа не е Мерцедес, лоша шала е) и појди разгледај. Која ќе биде во најдобра и најсочувана иницијална состојба зимај ја.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #12 на: 08 Мај 2017, 22:02:19 pm »
Лошата шала е повеќе кола од фокус и астра заедно!  ;D

(добро де, не буквално ама Мерцедес е)

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #13 на: 08 Мај 2017, 23:58:11 pm »
Пред 1.5 година ги разгледував истите коли кои што ти сега ги разгледуваш и најдов добар Civic 1.7 CDTI 2005 примерок и го купив. Во споредба со сите други што ги имаш наведено, цивикот е најпросторен (ова ми беше еден од најбитните фактори). За делови, може да имаш проблем доколку ти се расипе нешто поспецифично (пример механизам на прозор), па ќе треба да се нарачува од странство бидејќи овде е изгор во Макпетрол.

Кога ја земав колата, одма и направив голем сервис кој што ме чинеше околу 370-400 евра, но од тука рачунај 5000 денари дадов на Макпетрол за оригинално масло за менувач и хонда лонг лајф антифриз. Другите делови (ребраст каиш сет со затегач, пк каиш, сите филтри, масло) беа од Солид.

Прошлиот ноември земав Mann филтер за масло, 500 денари, Мотул 5w40 8100 X-Cess ~2600 денари.

Неодамна сменав комплет дискови и плочки АТЕ (купени од Mega Auto Parts), ~17.000 денари.

Значи цениве погоре се за поквалитетни делови, имав и други поевтини алтернативи (пр. Ashika комплет дискови и плочки, 12.000 денари некаде).

Исто така, кога ќе купуваш, планирај што ќе правиш со гуми/бандажи (летни/зимски). Доколку колата што ја купуваш нема втор сет бандажи, дали ќе возиш all-season гуми на 1 сет бандажи, ќе менуваш летни/зимски гуми на едниот сет бандажи (не е препорачливо ова), или пак дополнителен трошок со купување на втор сет бандажи.

И за крај, еден форумџија тука ми кажа, ако буџетот ти е 4500 евра, барај си кола од 3700-3800. Секогаш постои можност некаков безвезе дефект да се појави, сепак станува збор за кола стара 10-15 години.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Возило до 4000 евра?
« Одговори #14 на: 09 Мај 2017, 08:40:58 am »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2478917

Opel Astra GTC 1.9cdti

Добар мотор, брз пред се, ако е реална километражата и ја даде за 4000 евра добар дил е.

Сигурно ќе и се израдува повеќе од караван :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.