Мал апдејт на темава.
Колата ја зедов пред некој ден од Ауто Цем каде што и беше оставена за поправање. Сменет е дихтунг на глава, на мое барање израмнета и главата (иако претходно немало никаков проблем нити била рамнета), карики (на мое барање), водна пумпа бидејќи до сега не е сменета а и веќе почна да пушта, дихтунг на картер, дихтунг на егр, уље и филтер, свеќици, нов антифриз и некои останати мали ситници.
За 500-1000 километри ми кажаа да одам пак на проверка чисто да се провери дали е се затегнато како што треба.
На мое барање е направена комплетна проверка на моторот и на моја среќа, за поминати скоро 136000 километри е како од фабрика излезен.
Се на се задоволен од услугата, а и од цената со оглед на фактот дека е овластен сервис кој ми даде 2 години гаранција.