Автор Тема: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот  (Прочитано 12355 пати)

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Ми треба совет од поискусните во оваа област и од оние кои можеби имале ваков проблем. Станува збор за Opel Astra H 1.4 со поминати скоро 136000 километри.

Вчера при ладно палење на колата забележав дека првите 2-3 секунди тресе моторот и се мачи да работи нормално. После тие 2-3 секунди се смирува и нема никаков проблем ако се остави да стои да работи во лер или пак ако се вози. Притоа никакви грешки не јави. Дента беше возена и забележав дека на угорница некако губи на сила, што ми беше чудно бидејќи претходно не сум имал таков проблем.
Денеска сабајлево, истиот проблем со тоа што беше поизразен и ми јави 2 грешки (30001 и 30301) и плус check engine сијаличката трепкаше. Ја исклучив колата и повторно ја вклучив со тоа што check engine сијаличката не трепкаше но грешките си стоеја.

Од тоа што можев да видам на интернет, проблемот е во цилиндерот број 1 а како некои од причините се следниве: свеќица, соленоидот или инјектор на гориво.

Неделава планирам да ја носам во сервис за да ја проверат, меѓутоа ме интересира дали некој имал претходно слично искуство или пак да ми даде некој совет.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #1 на: 01 Мај 2017, 21:38:32 pm »
Во причинителите има уште еден кој скоро никој не го есапи, а тоа е кабел на свеќица. Тоа што си го пишал како соленоид на нашки се вика бобина, на англиски ignition coil.

Ако немаш поим кога последен пат се сменети свеќици, веројатно им дошло време и се главен причинител на твојов проблем. Ако си ги сменил скоро, кабел или бобина е проблемот. Инјектор/дизна кај бензински мотор поретко страда, обично се случува да откаже кај многу постари возила од твоето. Други причинители на проблемот се статистички толку малку застапени што не вреди да се спомнуваат :)

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #2 на: 01 Мај 2017, 22:31:56 pm »
Opel Astra H 1.4 нема кабли за свекици, така да јас типувам на свекица или бомбина. Дизна многу ретко откажува на бензински мотор.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #3 на: 01 Мај 2017, 22:35:57 pm »
Супер чим е coil-on-plug систем, еден причинител помалку :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #4 на: 01 Мај 2017, 23:47:06 pm »
Грешките ги доби кога даде контакт, без кочница гас?

Ако не знаеш за кочница-гас еве како треба:

Пред да дадеш контакт стисни КОЧНИЦА и ГАС, стави ја колата на контакт ...ќе ти излезат на дисплеј сите грешки.

Запиши ги, можда ќе добиеш плус информации за нешто друго.

Јас типувам на бобина, ама прво смени ги сите свеќици.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #5 на: 02 Мај 2017, 09:49:18 am »
Грешките ги доби кога даде контакт, без кочница гас?

Ако не знаеш за кочница-гас еве како треба:

Пред да дадеш контакт стисни КОЧНИЦА и ГАС, стави ја колата на контакт ...ќе ти излезат на дисплеј сите грешки.

Запиши ги, можда ќе добиеш плус информации за нешто друго.

Јас типувам на бобина, ама прво смени ги сите свеќици.


Грешките ги проверив баш со методот како што го опиша, меѓутоа откако ми светна check engine сијаличката бидејќи претпоставував дека има зачувано некои грешки.

Фала на сите што претходно дадоја совет и мислење :) Деновиве ќе оди на сервис и ќе видиме што точно е проблемот. Барем се надевам дека е до свеќиците.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #6 на: 06 Мај 2017, 21:03:07 pm »
Мал апдејт на тековната ситуација:

Колата вчера ја оставив во Ауто Цем во Тетово со цел да ја проверат на ладен мотор и кога ќе загрее. Денеска сабајле ми се јавија да ми кажат дека проблемот е поголем и не е само до свеќиците или бомбината (која е исправна).

Имено, проблемот настанал со тоа што во 3-тиот цилиндер влегол антифриз и поради тоа секогаш кога се пали колата, во тој цилиндер нема компресија и неможе да дојде до согорување на гориво поради присуството на антифриз. Заради тоа и самата свеќица во тој цилиндер беше замастена. Проблемот бил воочлив и без да се извадат свеќиците бидејќи при палење на колата, дел од антифризот се губи некаде низ целиот систем (визуелно се гледа дека антифризот од пластичниот контејнер се намалува) а при гаснење се враќа назад.

Следни чекори се рамнење на блокот, ставање на нови дихтунзи, ново уље и свеќици со надеж дека ќе остане на тоа бидејќи мора да се извади моторот од колата за да се провери убаво дали има поголем проблем.

Штом тоа ќе се среди, ми кажаа дека ќе имам гаранција од 2 години и неограничен број километри во тие 2 години.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #7 на: 07 Мај 2017, 19:50:03 pm »
Епа најбитниот момент не си го кажал :)
Најчесто „врие“ во казанчето ако е отиден дихтон.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #8 на: 07 Мај 2017, 20:06:11 pm »
Свашта, на 136.000км? Немогуќе.
Ај пиши малку за инсторијата на колата. Со какво масло ја храниш? Немој да ми кажеш дека дозволуваш од тоа фалшот ГМ масло дека ти ставаат.
Јас би ја однел на второ мислење. Ако е нормално одржувана, не прегреала тешко дека може тоа да се случи.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #9 на: 07 Мај 2017, 20:38:47 pm »
Проблемот бил воочлив и без да се извадат свеќиците бидејќи при палење на колата, дел од антифризот се губи некаде низ целиот систем (визуелно се гледа дека антифризот од пластичниот контејнер се намалува) а при гаснење се враќа назад.



У пм, и јас вчера коа мењав антифриз ова го приметив кај мене, одкоа сменив, ја запалив малку да загрее и ако повлече за да дотурам, и приметив се намали, и после коа ја изгаснав за да дотурам се зголеми нивото на антифриз? и така 2-3 пати приметив напраи...

Ова е симтом на дихтунг на глава а? Или нормално коа мењаш антифриз...

Мада предходно неам приметено вакво нешто со антифризот, исто и свеќиците пред 1 месец ги проверив немаа ништо...а неам ни проблем со вожњата си е ок

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #10 на: 07 Мај 2017, 20:48:27 pm »
Вака, колата ја зедов во декември 2016 од прв сопственик и истата редовно е одржувана во Автокуќа од каде и што е купена. Впрочем си има и сервисна книшка во која што е заведено се што е менувано.

Јас за овие 6 месеци колку што ја имам, воопшто ми нема прегреано нити пак ја имам "мачено" до тој степен. Во меѓувреме, се слушнав и со претходниот сопственик и ми кажа дека нити пак на него претходно му прегреала, макар што немора да значи дека ја кажува вистината.
Од декември до пред една недела, нивото на антифриз си беше константно, без никакви промени, но откако почна да прави проблем при палење, воочливо беше дека го повлекува кога се обидува да направи компресија. Добрата работа е што антифризот не го меша со уље и нема наслаги како во вид на густо млеко.
Според сервисната книшка постојано е ставано исто опелово уље 5w-30 што одговара за тој мотор. Е сега, дали било оригинал или не тоа неможам да кажам.

Инаку, во сервисот ми кажаа дека немора да значи дека претходно некогаш прегреала, бидејќи дихтунзите на овие опели се проблематични и од самата температура на моторот може да се "изедат". Истото го прочитав и на хрватските и српските форуми за опел каде што истиов проблем се јавувал и на многу помала километража.

Како и да е, колата ја оставив во Ауто Цем каде што ќе биде поправена деновиве.

Штом имам нови информации, ќе пишам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #11 на: 07 Мај 2017, 20:57:47 pm »
Батали нови информации, давај ја во оглас за продажба, не губи време.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #12 на: 07 Мај 2017, 20:59:26 pm »
Zasto nisto strasno ne e. Ke smeni dihtong i ke vozi dalje.

Sent from my SM-J500FN using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #13 на: 07 Мај 2017, 21:30:43 pm »
Иле, смени дихтунг на глава, нека ја проверат дали е рамна и дали треба да се симне некој слој, стави си нов дихтунг и уживај.

Провери си го казанчето за антифриз дали е замастено од внатре, ако е замастено нека го испуштат стариот антифириз, нека и направат перење на целиот систем за ладење, ако не е замастено само смени си антифриз и тоа е тоа.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Opel Astra H - Проблем со стартување на моторот
« Одговори #14 на: 07 Мај 2017, 22:34:27 pm »
Колата не планирам да ја продавам поради ваков "глупав" дефект, а и поради фактот што знам дека е добра и ќе ме служи уште долго време. Плус, 4 месеци барав поодржана кола каде на пазарот доминираат иљадниците донесени од странство и нашминкани до непрепознатливост.

@zlatkoa Баш како што напиша така и ќе направам: доколку главата е рамна ќе сменам само нов дихтунг, доколку не е ќе се израмни и нормално нов дихтунг.
Казанчето за антифриз не е замастено а и во сервис го проверија и ми рекоја дека се е во ред со него.