Ова е многу добра фотка од Јупитер. Со каков објектив е сликано?
Дени, од астероидот немаме фотка а нема ни да имаме. Астероидот ќе може да се фотне само со големи телескопи ако се сака да се види нешто повеќе од сив пиксел на фотката. Башка читам астероидот имал слабо рефлективна површина, така да тешка работа.
Инаку со друштвово го имаме видено Плутон со тој големиот телескоп што го виде, али индиректно. Цел месец правевме фотки од истиот реон, и преку фотките забележавме дека една од „ѕвездите“ се поместила малку за милиметар-два. Тоа беше Плутон, индиректно виден за прв пат од Македонија.