Јас имам е39 528и, 98ма година аутоматик, колата ја купив со (60,000 миљи) 100,000км сеа имам околу (110,000) 170,000км во мегу време имав еден куп други коли Мерцедес МЛ, бмв е 90, е46, пассат итн, Е39та не ми се продава . Колата е перфектна, можам да крузам по цели денови на америчкиве интерстејтови со уживање, ненормално удобна и тивка вожња има.
Барај некоја позачувана и со што е можно помалце поминато.
Систем за ладење водна пумпа термостат ке провериш, улје знае да тече од Капак на вентили и кукиште за улје, ефтини и лесни за поправка делови.
Провери задни гуми дали се трошат од внатре тоа е знак за горни јабчици позади исто така не е голем проблем за менување, останатото ко на секоја друга кола , предница позади да не е удирана итн.