Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 87255 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #150 на: 28 Август 2018, 19:16:51 pm »
Редовен сервис правиш на 30.000км? Не е тоа многу км меѓу 2 сервиси?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #151 на: 28 Август 2018, 19:32:33 pm »
Толку е во нормална држава, кај нас верувам на 10к ги лажат да прават. Јас на Леонот правев еднаш годишно или на 15000, обично се поклопуваа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #152 на: 29 Август 2018, 00:39:50 am »
Редовен сервис правиш на 30.000км? Не е тоа многу км меѓу 2 сервиси?
И кај мене на службеното Поло така беше, на 30.000. мислев дека еуропкар штеди, но тоа е препорака од производител.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #153 на: 31 Август 2018, 13:43:06 pm »
Редовен сервис правиш на 30.000км? Не е тоа многу км меѓу 2 сервиси?
@smole  Колата е под гаранција уште 1 година, они не ми сугерираат да доаѓам порано и плус парите у новчаник ги користам за попаметни работи од сервисирање на секои 10.000км :).

Уште возам со оригинален филтер за воздух, ама наместо на 90.000 (упатство така вика) ќе го сменеле сега на 60.000 малце порано :).






Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #154 на: 13 Септември 2018, 05:04:39 am »
@vlatko.klp јас сум на 13 и нешто илјади, но помина една година па ќе одам на мал сервис да се променат филтрите и уље... не за друго кога пуштам клима првите 20 секунди се осеќа миризба од филтерот за воздух. Да видам баш што ќе кажат во сервис.

Е сега планирам да закажам сервис во Скопје бидејќи (не сакам да спомнувам имиња од правни причини) дознав дека во еден овластен сервис набавиле буриња со уље со сомнително потекло и го продаваат како оригинал. Да не беше под лизинг и гаранција сам ќе си направев промена ама јбг.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #155 на: 13 Септември 2018, 08:44:01 am »
Се надевам дека тој овласен сервис не е порше. Веројатно ти мислиш за филтерот за полен, тој обично мириса ако пуштиш клима. Тој мене ми е сменет на 30.000 и по официјален сервисен план се менува на секој редовен сервис.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #156 на: 13 Септември 2018, 17:30:00 pm »
Сервисот што го пратам на фб дас ауто од софија гледам дека препорачува промена на дехидратор мислам пред секоја сезона за ладење, има во него слика гел и ја убива влагата. Може од тоа да мириса, еве линк


https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2203581939926268&id=1499598600324609

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #157 на: 13 Септември 2018, 20:04:34 pm »
Поленов филтер мириса на влага поготово ако клима системот работи без уклучен компресор т.е ако си подесил повисока температура (пример 24Ц) за која не треба да се уклучи компресорот.

Јас го мењам на 15.000 заедно со сите други филтри.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #158 на: 13 Септември 2018, 21:01:53 pm »
Мириса од влагата што е во системот кога работи климата во таков режим.

Пробај со изгасен компресор односно уклучи само вентилација и нема да мириса.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #159 на: 16 Септември 2018, 13:35:12 pm »
@vlatko.klp јас сум на 13 и нешто илјади, но помина една година па ќе одам на мал сервис да се променат филтрите и уље... не за друго кога пуштам клима првите 20 секунди се осеќа миризба од филтерот за воздух. Да видам баш што ќе кажат во сервис.

Е сега планирам да закажам сервис во Скопје бидејќи (не сакам да спомнувам имиња од правни причини) дознав дека во еден овластен сервис набавиле буриња со уље со сомнително потекло и го продаваат како оригинал. Да не беше под лизинг и гаранција сам ќе си направев промена ама јбг.
Секоја година го мењам филтерот без разлика на километри...и оние спрејчињата за ,,чистење/дезинфекција“ на клима ги користев после промена на филтерот. Џабе, пак си мириса ако не го ,,исушиш“ системот после користење клима, односно пушти вентилација без клима, да прима воздух од надвор две/три минути пред да ја изгасиш колата и нема миризба воопшто.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #160 на: 16 Септември 2018, 16:29:08 pm »
Финтата е спрејчето за клима да го искористиш пред да го смениш филтерот. Целото ѓубре што ќе го извади, да се собере на филтерот. Џабе мењаш филтер ако после мењање филтер пуштиш спреј за чистење, и целото тоа ѓубре се собере на новиот филтер. :)

Јас така правам веќе 2-3 години по ред, ептен си праи разлика.

И да, секако дека треба да се „исуши“ климата после користење.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #161 на: 09 Октомври 2018, 08:31:57 am »
Пред некоj ден на отворено кога возев ми се појави порака дека притисокот на предната лева гума е низок. Застанав на бензиска сите гуми си беа на 2.0 стандард освен предната лева на 1.7. Напумпав на 2.0 ресетирав се е ОК сега.

Она што ме зачуди знам дека системот е индиректен и нема сензор за притисок на секоја гума туку работи преку ABS сензорот мереjќи ротацијата на тркалата и ако гумата не е напумпана обично пишува check tyres loss of pressure ама овој пат конкретно пишуваше предна лева гума. Чудно али што е тоа е.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #162 на: 20 Октомври 2018, 19:12:15 pm »
Денеска на 55.000 ставен зимски сет стегање на 125нм и малце чистење на моторот. Оваа сезона од Април поминати 16.000км, ќе истераат и наредна година.




Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #163 на: 24 Октомври 2018, 10:59:38 am »
Going strong :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #164 на: 27 Ноември 2018, 14:34:10 pm »
Дојде жив... зимата кај мене. Сабајле имаше преку 10 сообрајаќи. Нокианов веќе трета сезона има преку 6мм ама некако ме разочарува. Прееска на кривина како ме занесе мислев готов сум среќа некако со моторно кочење намалив и се стабилизира колата. Сабајлето на тазе снег и нечист пат повторно ме разочараа од она што ми текнува кога беа понови некако нема споредба.

Купив од амазон подлога за на шофершајбна пошто ми скурчи секоја зима да гребам стакло насабајле. Наровоучение: нареден автомобил мора да има греач на шофершајбна инаку ништо не праиме. :)

Десниот брисач е малце искинат односно гумата е откачена на крајот па нарачав нови од Бош кои што се уствари ОЕМ за Голф 7. Ненормалните од официјален сервис бараат 40 еур, ја ги најдов за 23 ми се чини. Чекам да стигнат и да ги монтирам. Малце ми е рано некако за ОЕМ брисачи после 2ипол години да пуштат душа, океј чистат но има прљави флеки при чистење и плус гумичката се откачи.