Бравос за тројката.. Поуба немам видено, веројатно и нема Гледам за овај модел со 2.0 мотор потрошувачката на бензин е 5.1 l/100 km (combined), 6.5 l/100 km (city), 4.3 l/100 km (country). Колку се точни овие бројки и како е кај твоето моторче??
Фала на убавите зборови. Инаку за бројките не би можел многу да зборам затоа што се е индивидуално, поготово во мојот случај со twin-turbo дизел мотор кој е ремапиран, пошироки и малку повисоки гуми, и потежок бандаж. Ти го гледаш конкретно тој мотор со 120hp, а има и еден со 165hp што мислам дека е многу подобра варијанта. Доколку би ги возел јас лично, тој со 165hp помалку би трошел
Ако имаш пари за нова кола, каско, сервиси, итн, 100 евра годишно на гориво не верувам дека менуваат многу. Мој фаворит е дизелот од сите мотори кои моментално ги нудат. Просек откако сум ја земал колата ми е 8.2L/100km - измерено на 20.000km извозени во Скопје, и 5.0L/100km на автопат - измерено на 7.000km низ Балкан и Европа. Јас лично сум премногу задоволен од потрошувачката со оглед на моето возење и перформансите кои ги има.
Со нормално возење дизелот би требало да троши околу 6.5L/100km во Скопје, и под 5L/100km на автопат ако возиш макс. 130km/h. Така да како и на сите други возила, додај им 20% ако возиш низ Македонија со нашиве горива.