Момци... да ја активирам темава малце...
Роднини на невестата доаѓаат у Скопје на крајот на месецов. Ќе треба да изнајмат кола. Ќе им треба минимум за еден месец, па може и два.
Гледав некои понуди на кратко по рент а кар агенцииве, најевтино што најдов е 500 евра месечно. Ме интересира дали вреди да се распрашувам за приватни лица што изнајмуваат коли (конкретно дали би била поевтина цена)? Знам дека постојат и такви, што имаат коли за изнајмување, а не се фирма. Па ако има некој предлог / телефон од такви да пишат, да се јавувам да се распрашам.
Или па предлог фирма заснован на претходно добро искуство...
Колата и не е нешо многу битно каква е и колкава е. Само да е со клима.