Да се вратам на поентата зошто и првично пишав на темава, разлика меѓу слични Octavia Combi и Ceed SW не е 13.500 евра, туку 3.500 евра, дали вреди да се даде 3.500 евра повеќе за Octavia е индивидуална работа и за секој различна и со своите пари слободно секој може да си купи што му душа сака.
Купувањето кола е една од посубјективните работи во животот, и секој го направил вистинскиот избор. Стварно не планирам да те убедувам дека Octavia-ta вреди 3.500 или 5.800 евра повеќе од Ceed-ot, се на таа тема е субјективно.
Реално, кога си купувал кола Octavia претпоставувам дека не ти била во потесен избор за кола, затоа си направил рандом конфигурација со безвеза опрема, ти дал конфигураторот луда цена и тука завршила приказната, кога реалната цена за Octavia би ја добил со само еден маил или телефонски повик. И тука стварно нема ништо лошо, секое око различно гледа, секоја глава различно мисли. Да си добил понуда за Octavia, да си ја извозел, можеби ќе ти се допаднела и ќе си ја купил, можеби ќе си сфатил дека стварно нема поента да дадеш 3.500 или 5.800 евра плус и пак ќе си купел Kia. И пак твојот избор ќе беше вистинскиот, за тебе.
Секојдневно сум со луѓе кои решиле да купат кола во последните 15 години, па ваљда знам по нешто на таа тема.
Сѐ што напиша со последниот пост си во право.
Но. Еве, да претпоставиме дека мене за пазарење не ме бива. Гледам цена, си правам есап, купувам или не. Нема филозофија. А дека јас ако дојдам спремен фул цена да платам без дискусија, ти или било кој продавач ќе ми понуди било каков попуст, ми е тешко за верување. Нека не сум во право за последново. Ќе пишам мејлови или ќе идам во салон, кога ЦЕНАТА ВО ЦЕНОВНИКОТ едноставно не ми одговара, а ќе се правам Џеки Појачало, ќе преговарам, ќе молам за попуст итн. Нонсенс.
Конфигуратор пред купување, мора да се сложиш дека е доста битна работа. Еве, најискрено ти кажувам дека токму ДЕФЕКТНИОТ конфигуратор ме одврати од Шкода. Па гаранцијата, па цените за сервис, па патосници од 42 евра, па бришач заден од 130 евра итн, итн. Од каде да знам дека патосници одат гратис, бришачот е вклучен во Комби верзијата…?
Кога ја видов цената, дури и таа од ценовникот, веќе ми беше доста над буџет. Мора да сфатиш дека конкуренцијата има подобра понуда. Разбирам дека живееш од тоа, ама направивте Шкода да е престиж да возиш, што по муабети - што со цените. Со тоа, колку и да ја возев, колку и да легнеше, брате - тоа е. На крај на ден, Шкода е. Шкода треба да биде affordable, а не премиум. Тука се побркани лончињата.
Нигде не пишав дека е лоша кола, само дека е скапа. Врати се на почеток на дискусујата, ќе видиш.
За 30к, ќе си купев Корола караван. Не ми смета изолацијата.
Ова со цените “испод стола” ми е многу интересно. Дали продавачите се осеќаат помоќни кога “даваат попуст, баки, само за тебе”, или имаат намера да ги направат купувачите да се чувствуваат како најјаките преговарачи у свет, еве, не знам. Али добро, не ми је ни да знам.
Знам дека Сид е подобра понуда од Октавија. Ама не сум сигурен дека е и подобра кола, во противвредност од 3.5к, 4к, 6к или 9к, соодветно.