Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 16476 пати)

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Мислења/совети/помош за нова кола
« на: 22 Јули 2016, 11:08:03 am »
Темава ја отворам по советот од Дени на темата за добредојде.

Еве што напишав таму:

Цитирано од: LosiPatista на Јули 20, 2016, 10:20:07
Здраво,

Да ги скратиме муабетите:

Кола на старо: голф 4 тди.
Нова: октавиа тди.
Нова голема: суперб тди.

Поздрав и добар помин на форумот,
претставија ја колата ко ќе ја купиш.

Најпрво, фала ви и на двајцата за добредојдето. Не знам дали да пишам тука или на некоја друга тема, ама ќе гледам да напишам што повеќе во еден одговор за да не ја полнам темава. Ако треба, ќе се префрлам на друга тема или ќе отворам нова (иако мислам дека не треба; исчитав многу теми и написи и секој може да најде сè што го интересира на форумов и страницата).

Голфот и сите хечбеци (хечбекови?), за жал, отпаѓаат. Ми треба поголемо возило. Седан. Не би играл на караван. Караваните не ми се по вкус. Плус, прво би го разгледал пазарот на нови возила, па потоа би размислувал за кола на старо.

По сè што прочитав на форумов и од рецензиите, ми се зацврсти мислењето за октавијата и супербот. Лани се погоди да одам во Женева непосредно по саемот и слушнав доста позитивни впечатоци за новиот суперб - кои само се надоврзаа за веќе доброто мислење што владееше за октавијата. Искрено, дотогаш и јас бев од тие што немаа којзнае какво мислење за шкода и бев доста скептичен, но очигледно е играч со најголем напредок во очите на јавноста.

Мене погледот ми го вртеа мондеото, инсигнијата, астрата седан и пасатот (постариот модел со кружни задни светла повеќе ми се допаѓа, ама и новиов не е лош), ама мислам дека се премислувам - особено по олку категоричен одговор. Само, изгледа има некоја тенденција на поскапување на шкодите. Разликата во цените меѓу таа што ја пишува на http://www.carclub.mk/2015/10/29/test-skoda-superb-2-0-tdi-ambition-koga-imeto-sovrseno-odgovara/ и на ценовникот што го симнав од официјалната страница на шкода е илјада и кусур евра за помалку од една година. Не знам како е за другите модели, ама не верувам дека поскапеле само еден. И за октавијата не знам како е. Не го најдов тестираниот модел во ценовникот, ама и за неа би го претпоставил истото. Јасно ми е дека добија награда за супербот и гледам дека практично сите зборуваат за него и октавијата, ама сепак моделот не се подмладува.

Изгледа и дополнителната опрема ја поскапеле зашто во написот пишува дека заден бришач е 75 евра, а во ценовников е 90 евра. А некоја дополнителна опрема, просто, не ми се верува дека не е стандардна денешно време, како аларм и боја по избор или заден бришач кај кола со ваков агол на заден ветробран.

На една тема прочитав дека пасатот се продава за помалку, а сега гледам и дека има некоја акција за инсигнијата со доста збогатена опрема. Плус, инсигнијата ја даваат со 18-инчни тркала, што мислам дека повеќе одговараат за толкави коли отколку 16-инчните кај пасатот и октавијата и 17-инчните кај супербот, кај кој треба да се доплатат 300+ евра за 18-ки. Додуша, не знам колку многу би се подобрил изгледот од 17 до 18, треба да видам во живо ако има примероци во салонот, ама 16 никако не ми одговара.

Е, сега, од мислењата заклучив и дека има простор за ценкање, ама со зголемувањето на цените во официјалниот ценовник тој простор се стеснува. Освен тоа, ова укажува и дека не им се продаваат коливе за којзнае колку пониски цени. Знам и дека сите викаат дека е најдобро да се оди на лице место отколку да се гледа по интернет, ама може треба да го почекам следниот ценовник - иако тешко дека би излегол во скоро време (овој е од 4 јули 2016). Може ќе почекам да поминат одморите. Може одморени ќе бидат порасположени за преговарање.

Друга работа е и тоа што една пријателка која скоро купи голф имала негативно искуство со „Порше Македонија“, па гледала по другите партнери и на крај ја купила од салон во друг град. Само, не сум сигурен колку ми се шета по другите градови. На една тема видов дека еден член релативно неодамна купил октавија, па може ќе му пишам ПП да го прашам како поминал. Белки ќе е расположен да сподели искуство. Во меѓувреме, ќе се распрашам да видам дали ќе фатам некоја врска во салонот оти гледам дека и тоа игра важна улога.

Мислам дека напишав сè што имав да кажам. Ако ми текне уште нешто, ќе го напишам, ама белки нема да ја тупам многу.

Тука е крајот на пораката што ја напишав на темата за добредојде. Мислам дека ќе ви биде јасно што барам, ама затоа и е темава, за да објасниме што не е јасно и да кажеме што мислиме.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7298
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #1 на: 22 Јули 2016, 11:09:52 am »
Октавиа РС 2.0 тди. ;D :D

Иначе, колку имаш буџетот, за ново возило ? До ~23-24.000 ?

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #2 на: 22 Јули 2016, 11:14:29 am »
Октавиа РС 2.0 тди. ;D :D

Иначе, колку имаш буџетот, за ново возило ? До ~23-24.000 ?

Да, тука некаде. Би отишол до 25.000 со нешто дополнителна опрема.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #3 на: 22 Јули 2016, 11:17:38 am »
Паметно е што си бараш кола со асален гепек. Тука добри опции според мене се:

1. Пасат 2.0 тди комфортлајн со 16ки. Не се летај по големи бандажи ако сакаш комфор. Разгледај имаа ептен добри акции во салон и 24.000 имаше понуда или тука некаде.
2. Новиот Тигуан 2.0 110/150 кс комфортлајн, сега е стварно добро осмислен со многу голем багажник и ептен практичен, со повеќе простор од туарег. Седишта задни се налегнуваат наназад. И овој исто треба да се види како е со цена, верувам дека изборот би бил добар. Јас не би го прескокнал ова количе, прав SUV во вистинска смисла на зборот, за разлика од други (и стариот) кои имаа гепек како хеџбек.
3. Октавија Тди елеганс, ова е ептен солидно со простор и гепек, само поконзервативен изглед од надвор, инаку кола ипол.
4. Суперб тди. Нема муабет, седни повози поуживај, тоа е тоа. Простор од типот на А8, Sкласа, BMW7 со цена и одржување на голф. Најдобра комбинација.
5. Инсигнијата е со добри цени, и треба да се спореди и таа после горниве. За околу 20 да се договори добар дизел со опрема.

Јас вака би гледал грубо.

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #4 на: 22 Јули 2016, 11:31:19 am »

Многу сме блиску со мислењата.

Заборавив да спомнам дека би избрал дизелаш. Да не ја тупиме, сите си имаат свое мислење за вечната расправа (или расправија) за дизелашите и бензинашите. Ова е моето.

Тигуанот најверојатно би отпаднал. Не би купил СУВ. Не сум човек за СУВи.

И, фала ти за мислењето за бандажите. Го прифаќам безрезервно. Ете, заштедив на дополнителна опрема :).
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29156
    • CARclub.mk
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #5 на: 22 Јули 2016, 11:42:00 am »
- Пасатот е одличен избор. Сепак, мислам дека за стварно да биде тоа што може и треба да биде, треба да се инвестира малку во опрема за него. Си бара ЛЕД предни светла. Си бара поскапо (поголемо) радио со навигација, и тако даље. Мада ова важи за сите опции.
- Супербот е одличен, и односот вложено/добиено е дефинитивно на негова страна. Во ентериерот има нијанса покрути пластики од Пасатот, и има нијанса помалку звучна изолација. Also, Супербот е поориентиран кон комфор од Пасатот и има нијанса помека суспензија. Од избраните коли, има убедливо најмногу простор.
- Мондеото е добар избор, иако има помалку простор на задната клупа од Пасатот и Супербот.
- Инсигнија е добар (евтин) избор, иако на колата веќе и се гледаат годините. Моделски е најстара од сите коли тука, се очекува замена за околу 12 месеци, можеби и помалку. Ако не ти е проблем да купиш нова кола што за 6 месеци ќе биде „стара“, тогаш океј.

Е сега.. Субјективно мислам дека овие коли се ПРЕГОЛЕМИ, особено ако 95% од возењето ти е низ град (како што ни е на скоро сите од нас). Да, ќе се навикнеш на големината, ама секојдневно маневрирање низ град, барање паркинг, итн, станува значително покомплицирано.

Also, иако се согласувам со Дени дека 16ки се најдобри за комфор, јас не би. Едноставно, колите со мали бандажи (мене ми) изгледаат штуро, неухрането.

Ако си мераклија на возење, за 25к се зима Октавија RS TDI со брдо опрема и се решава проблемот.

--

И да, секаде може да се добие попуст. Така функционираат импортерите на возила - официјалните цени се само сугестија. Почеток на преговори.

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #6 на: 22 Јули 2016, 12:15:57 pm »

Се согласувам со мислењето за пасатот. Си бара доплаќање.

И, да, и кај другите коли треба да се доплати за радио со навигација, ама ете, парите што ги заштедив од бандажи ќе ги дадам за него :). Додуша, може сепак би избрал 17-ки, ако веќе не 18-ки.

Инаку, колата ќе ми служи за воншколски активности. Не планирам да одам на работа со неа. Ситуацијата со паркинг на работа е тапа. Додека не се среди тоа, ќе ја возам за релаксација по работа и викендите до пријатели, роднини, паркови, знаменитости итн во/околу градов и државава (Има убави работи за гледање. Доста слушав од други и гледав слики. Сакам да ги видам). Накратко, за шетање и одмор.

Инсигнијата со причина е евтина. Гледам најавуваат нова во скоро време. Заради тоа ми е последен избор, но работите може да се сменат. Зависи од преговарањето за другите модели.

Како што кажав, ми стана јасно од форумов дека се добива попуст. За октавијата, велиш, ќе ја биде во буџетов дури и пицната. Но, конкретно за супербот, забележав дека е троа поскапен, па не сум сигурен дали би влегол во буџетот и со пазарење (особено со доплата за, на пример, навигација и, задолжително, боја и аларм; уште не сум го разгледал ценовникот најубаво, па може ќе посакам уште некоја ситница). Него барем го даваат со 17-ка тркала, па не мора да доплатам за 18-ки. Ти ми кажи, си го возел. Би ставил 18-ки место 17-ките? Во темата за тестот за супербот велиш дека за него си треба и бришач за задно стакло. Ете уште стотче.

3. Октавија Тди елеганс, ова е ептен солидно со простор и гепек, само поконзервативен изглед од надвор, инаку кола ипол.

Што е ова елеганс? Некое ниво на опрема? Не го гледам во ценовникот.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6968
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #7 на: 22 Јули 2016, 12:54:02 pm »
Што и да земеш од тие коли нема да згрешиш, по мене е прашање само на вкус.

Јас лично би Мондео со лед напред назад и некоја dark grey или silver gray варијанта. Пасат, Октавија, Суперб се ми е тоа често низ улициве.

Незнам зошто ама стварно јако ми изгледа. Другиве ми се ко црнец у Африка.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #8 на: 22 Јули 2016, 12:56:04 pm »
Style се викало по ново, не Elegance.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #9 на: 22 Јули 2016, 12:59:12 pm »
Гледај да избегнеш доплата за навигација ако мораш. Мислам дека доплата за навигација испод 1200-1300 евра нема да ти стигне. Тие пари вложи ги во нешто друго од опрема. Навигацијата лесно се решава, за 200 евра ќе си купиш солиден гармин уред за навигација и раат си, доколку можеш да живееш со фактот што нема да е фабричка навигација која е на мултифункционалниот дисплеј туку на помало уредче залепено на предното стакло.  Доколку гарминот или на него друг сличен уред ти боде во очи и не сакаш каблови да ти се маткаат низ кола можеш да си вградиш смарт мултимедиа систем со вградена навигација, блутут и остали курци-палци кој чини окол 500 евра што е доста поефтино од фабричката за која мора да доплатиш солена цена.  

Чисто за споредба кога го земав голфот прашав колку би ме чинело доплата за навигација и во Порше ми кажаа сум аод 2000 евра. Не се нормални.
Што се однесува до изборот што и да земеш знај дека ти ќе си го возиш и битно е тебе да ти прави ќеф, без разлика што ќе речат другите. Прашање на време е кога советите од колегите клабери ќе се претворат во лични желби т.е фрустрации.

Со среќа во изборот и со здравје да си брмчиш што и да избереш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен astrophel83

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #10 на: 22 Јули 2016, 13:05:30 pm »
Што и да земеш од тие коли нема да згрешиш, по мене е прашање само на вкус.

Јас лично би Мондео со лед напред назад и некоја dark grey или silver gray варијанта. Пасат, Октавија, Суперб се ми е тоа често низ улициве.

Незнам зошто ама стварно јако ми изгледа. Другиве ми се ко црнец у Африка.

И мене ми се допаѓа новово мондео. Само треба да го разгледам поубаво заради тој злогласен простор одзади. Гледам и дека има опрема од сони внатре, што значи, барем за мене, дека е квалитетна.

Ми се допаѓа и твојот избор на боја.

Style се викало по ново, не Elegance.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сликава ме потсети нешто. Прв избор ми е мотор од 2.0. Ако сè биде како што треба, би зел кола со таков мотор. Ако не, дури потоа би размислувал за помал. И рачен менувач.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Ама не е важно што знаеш, туку кого знаеш!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #11 на: 22 Јули 2016, 13:06:44 pm »
И јас обично го претпочитам најефтиното радио што пушта мп3 и има USB или SD картица. Не гледам потреба од 6 или 8 инча радио, или пак да забележам некоја разлика околу нив. Ирелевантно ми е. А камо ли да кошта куп пари.

Моментот со мобилна навигација од типот на гармин, ми е што ќе си седнам на компјутер и ќе си гледам и истражувам за местото кое одам, и ќе ги додадам сите места во кои сакам да отидам на навигацијата во favourites. И за ова време не седам во кола, туку дома на компјутер. И во кола само си кликам на плажата која сум ја внел, и одам таму кога сум во колата.

Предноста на фабричката навигација е што немора да се секираш за вадење и ставање и крадење. Друга предност нема.

А 5 инча, или 6 инча или 8 инча апла па нема никаква врска, барем за мене. Многу поважно ми е ако веќе давам куфери со пари за некој инч поголем екран да дадам за корисни работи како седишта/ксенон/затемнети прозори/поголем дизел/вуфер/караван/сензори отколку за некој инч дисплеј. Дисплејот би бил последното нешто што би надградил на кола.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6968
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #12 на: 22 Јули 2016, 13:14:25 pm »
Заборавивме да ја споменеме и Мазда 3/6 (зависи колку простор ти треба) иако овие се нешто поскапи. За жал, Хонда веќе го напушти Акордот ... незнам за Цитроен Ц5 или Пежо 508 ..

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #13 на: 22 Јули 2016, 13:16:26 pm »
+1 за кажаново Дени.

Предноста на фабричката навигација е што немора да се секираш за вадење и ставање и крадење. Друга предност нема.

Јас и тоа не го сметам за предност. Гарминот или друг уред за навигација кога не го користиш го ставаш у футрола и буташ у ранец или кај жена ти у торба  ;D. Чак и да ми стои во кола ставен во фиока или гепек ако ми ја обијат колата гарминот ќе ми биде најмал проблем.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #14 на: 22 Јули 2016, 13:31:21 pm »
Според мене подобра опција од фабричка навигација е корирстење на андроид телефон(таблет) со андроид ауто апликација.
Треба да се провери дали за подршка на колата се наплаќа.
https://www.android.com/auto/opel/
https://www.android.com/auto/volkswagen/
https://www.android.com/auto/
« Последно менување: 22 Јули 2016, 13:47:30 pm karajann »