Темава ја отворам по советот од Дени на темата за добредојде.
Еве што напишав таму:
Цитирано од: LosiPatista на Јули 20, 2016, 10:20:07
Здраво,
Да ги скратиме муабетите:
Кола на старо: голф 4 тди.
Нова: октавиа тди.
Нова голема: суперб тди.
Поздрав и добар помин на форумот,
претставија ја колата ко ќе ја купиш.
Најпрво, фала ви и на двајцата за добредојдето. Не знам дали да пишам тука или на некоја друга тема, ама ќе гледам да напишам што повеќе во еден одговор за да не ја полнам темава. Ако треба, ќе се префрлам на друга тема или ќе отворам нова (иако мислам дека не треба; исчитав многу теми и написи и секој може да најде сè што го интересира на форумов и страницата).
Голфот и сите хечбеци (хечбекови?), за жал, отпаѓаат. Ми треба поголемо возило. Седан. Не би играл на караван. Караваните не ми се по вкус. Плус, прво би го разгледал пазарот на нови возила, па потоа би размислувал за кола на старо.
По сè што прочитав на форумов и од рецензиите, ми се зацврсти мислењето за октавијата и супербот. Лани се погоди да одам во Женева непосредно по саемот и слушнав доста позитивни впечатоци за новиот суперб - кои само се надоврзаа за веќе доброто мислење што владееше за октавијата. Искрено, дотогаш и јас бев од тие што немаа којзнае какво мислење за шкода и бев доста скептичен, но очигледно е играч со најголем напредок во очите на јавноста.
Мене погледот ми го вртеа мондеото, инсигнијата, астрата седан и пасатот (постариот модел со кружни задни светла повеќе ми се допаѓа, ама и новиов не е лош), ама мислам дека се премислувам - особено по олку категоричен одговор. Само, изгледа има некоја тенденција на поскапување на шкодите. Разликата во цените меѓу таа што ја пишува на
http://www.carclub.mk/2015/10/29/test-skoda-superb-2-0-tdi-ambition-koga-imeto-sovrseno-odgovara/ и на ценовникот што го симнав од официјалната страница на шкода е илјада и кусур евра за помалку од една година. Не знам како е за другите модели, ама не верувам дека поскапеле само еден. И за октавијата не знам како е. Не го најдов тестираниот модел во ценовникот, ама и за неа би го претпоставил истото. Јасно ми е дека добија награда за супербот и гледам дека практично сите зборуваат за него и октавијата, ама сепак моделот не се подмладува.
Изгледа и дополнителната опрема ја поскапеле зашто во написот пишува дека заден бришач е 75 евра, а во ценовников е 90 евра. А некоја дополнителна опрема, просто, не ми се верува дека не е стандардна денешно време, како аларм и боја по избор или заден бришач кај кола со ваков агол на заден ветробран.
На една тема прочитав дека пасатот се продава за помалку, а сега гледам и дека има некоја акција за инсигнијата со доста збогатена опрема. Плус, инсигнијата ја даваат со 18-инчни тркала, што мислам дека повеќе одговараат за толкави коли отколку 16-инчните кај пасатот и октавијата и 17-инчните кај супербот, кај кој треба да се доплатат 300+ евра за 18-ки. Додуша, не знам колку многу би се подобрил изгледот од 17 до 18, треба да видам во живо ако има примероци во салонот, ама 16 никако не ми одговара.
Е, сега, од мислењата заклучив и дека има простор за ценкање, ама со зголемувањето на цените во официјалниот ценовник тој простор се стеснува. Освен тоа, ова укажува и дека не им се продаваат коливе за којзнае колку пониски цени. Знам и дека сите викаат дека е најдобро да се оди на лице место отколку да се гледа по интернет, ама може треба да го почекам следниот ценовник - иако тешко дека би излегол во скоро време (овој е од 4 јули 2016). Може ќе почекам да поминат одморите. Може одморени ќе бидат порасположени за преговарање.
Друга работа е и тоа што една пријателка која скоро купи голф имала негативно искуство со „Порше Македонија“, па гледала по другите партнери и на крај ја купила од салон во друг град. Само, не сум сигурен колку ми се шета по другите градови. На една тема видов дека еден член релативно неодамна купил октавија, па може ќе му пишам ПП да го прашам како поминал. Белки ќе е расположен да сподели искуство. Во меѓувреме, ќе се распрашам да видам дали ќе фатам некоја врска во салонот оти гледам дека и тоа игра важна улога.
Мислам дека напишав сè што имав да кажам. Ако ми текне уште нешто, ќе го напишам, ама белки нема да ја тупам многу.
Тука е крајот на пораката што ја напишав на темата за добредојде. Мислам дека ќе ви биде јасно што барам, ама затоа и е темава, за да објасниме што не е јасно и да кажеме што мислиме.