Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897446 пати)

Отсутен Шугер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1380 на: 02 Ноември 2014, 14:56:41 pm »
Колку европски чини плин за Бмв 535и в8 180кв 245кс ?
Боца во резерва ?
Иначе да не се појави некој проблем пошо кој и да прашам плин = бомба
! Шугер !

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1381 на: 02 Ноември 2014, 15:18:40 pm »
Пред некој ден прашував за ауди в8 и цената ти е околу 1200 евра.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1382 на: 02 Ноември 2014, 21:17:35 pm »
зависи кој уред... има и за 800+
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1383 на: 02 Ноември 2014, 21:31:41 pm »
900 +

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1384 на: 02 Ноември 2014, 21:43:27 pm »
поточно 870...

ако за ауди в8 не паше, не значи дека и за бмв не паше... немојте репери за 1 возило да ги применувате на сите возила... затоа во плимонт има 20-тина нај различни уреди, од кои секој си има свои карактеристики нај поволни за одредени типови на возила... за разлика од повеќето “плинаши“ кои се врзуваат со 1 или 2 уреди...

почекајте го одговорот од плимонт, нај паметно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1385 на: 03 Ноември 2014, 12:00:31 pm »
Овој резервар се монтира во гепек или во местото на резервното тркало?
Овој резервар се монтира во гепек или во местото на резервното тркало?

Најпрво да се извинам за подолгата пауза.
Цената која е дадена е за уред со цилиндричен резервоар, кој се поставува зад задните седишта, во багажниот простор. Ова е вообичаена монтажа за 306-ка, а најчесто возачите одбираат 27, 33 или 40 литарски резервоар. Доплатата за монтирање на торусен екстерен резервоар, со заштитен капак за надворешна монтажа, изнесува 70 евра

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1386 на: 03 Ноември 2014, 12:07:59 pm »
:D Нема што да се извинуваш, бев кај вас, монтиравме плински уред. Си го возам сега. ;)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1387 на: 03 Ноември 2014, 12:11:48 pm »
plimont procitav nekade po netov ste vrsele atest na plinski uredi i ako moze da mi kazete dali samo se ide kaj vas i se zavrsuva rabotata ili mora prvo na masinski kako do sega

Здраво

Ние не вршиме атест на автогасни уреди, но во нашиот сервис по барање на клиентот можеме да организираме некоја од атестните куќи (Машински Факултет, АМСМ, АМ ЦЕРТ или ПСС ) по вградувањето на плинскиот уред да направи и атестен преглед. Покрај тоа, за клиентите кои вградуваат плински уред кај нас обезбедуваме мал попуст за атесниот преглед.
Веке не е само Машински Факултет овластен за атест на возила со плински уред, така да можете да одберете каде ќе го правите атестот.
Покрај атестниот преглед, постапката за атест вклучува и земање на записник од некоја станица за Технички преглед, земање на упат од МВР-отсек моторни возила, и запишување на атестот во сообраќајната дозвола. Овие три работи се прават во градот каде што возилото е регистрирано.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1388 на: 03 Ноември 2014, 12:52:41 pm »
Питање, ланди ево уредот кога мења бензин- плин у место ми прави два пати клик,ако смени уз вожња само еднашка. Зошто? :-)  Чисто од раеозналост прашувам

Кликало два пати и така и така бееее :))))

Секогаш кога  моторот е ладен ќе слушнеш два пати "клик", тоа е звукот на отворање на плинските вентили, прво отвора вентилот на резервоарот а потоа плинскиот вентил во моторниот дел.  Кога моторот е загреан може да има и само еден "клик"

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1389 на: 03 Ноември 2014, 13:44:51 pm »
Другарче, за у МВР (во телевизија)кај што ти даваат упатница за атест НЕ ТРЕБА уплатница во ВТОРНИКОТ вадев за мене. Може да се плати со картичка а ако немаш картичка ондак со уплатница.

Него, ми паѓаат обртаи ко ќе избацам у лер. Се симињаат до 300-400 и тоа најчесто ако сум возел со над 2500. Ако возам со под  тоа ко ќе се симнат со мало колебање си застануваат на нормални 750.  Вака два дена веќе или 300км. Шо може да е? Да не ги замарам Плимонтовци за џабе

Паѓањето на вртежите на моторот  може да е предизвикано од повеќе причини, за да може да се каже нешто конкретно потребно е да го посетите нашиот сервис со возилото.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1390 на: 03 Ноември 2014, 13:51:37 pm »
Плимонт поздрав!
Бидејќи конечно се решив ќе ве замолам сега пак да ми одговорите на прашањава:
-Кој плински уред го препорачувате за VW Polo 1.4 16v 74kw 97' година,да биде боцата во резервно тркало и полначката да биде сместена кај полначката за бензин и истото колку би ме чинело?
-Истово прашање ме интересира и за VW Golf 4 1.4 16v 75hp 97' година?
За полово,можно е и утре да поминам подетелно да видиме,за голфов колега го с'скам сеуште :)
Благодарам.

И за двете возила би препорачале да се постави Омегас Ево уредот со торусен резервоар- на место на резервно тркало. Цената е 570 евра. Во Поло-то ке собере 30-литарски резервоар, а во Голф-4 43 литарски

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1391 на: 03 Ноември 2014, 13:54:22 pm »
Колку орентационо би трошело плин кај бензинец со карбуратор (во случајов фиеста мк3 1.1)  кој троши градска 10,5l бензин.

Кај плинските уреди наменети за возила со карбураторски мотор потрошувачката на плин е до 20% поголема од таа на бензин.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1392 на: 03 Ноември 2014, 14:40:58 pm »
Плимонт, има ли можност мерачов да се направи да не трипа туку да покажува колку толку реално? Празна боца, 4 зелени сијалички, ставив за 500, 3 зелени сијалички, за 1-2 километри црвена сијаличка. Исто така у вожња знае да му текне од црвена да засветат сите зелени, па пак црвената, мама си ебало. Да ви ја носам да ја оправате или да ставам изолир врз сијаличките, бар да не ми скренуваат пажња? ;D

Здраво
Покажувањето на ниво на плин навистина не е прецизно, но кај твојот плински уред тоа речиси и не функционира.  Најчесто проблемот е во сензорот на мултивентилот, чија замена се прави доста брзо. Доколку причината не е сензорот, ќе треба да се донесе возилото со сосем празен плински резервоар, за да се интервенира на мултивентилот.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1393 на: 03 Ноември 2014, 15:12:49 pm »
Прашање до плимонт како би се однесувал плински уред на возило кое троши уље. Мислам дека гумици за вентили се за менување. Дали ке има некој последици ако во таква состојба се монтира плин.

Нема да има додатни негативни последици од плинскот уред, но верувам дека порано или подоцна ќе мора да го решите проблемот

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1394 на: 03 Ноември 2014, 15:22:01 pm »
Приметив дека кога ќе ја запалам колата, (ладна значи), кога ќе префрли на плин знае да затрокира и да изгаси понекогаш... ???

Најпрво треба да провериме на кој температурен праг е поставено префрлувањето од бензин на плин. Пожелно е возилото да дојде во Плимонт за да се среди проблемот пред да почнат зимските ниски температури