Автор Тема: Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување  (Прочитано 172379 пати)

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Почитувани форумџии
Доколку Ви е потребен одреден совет или пак имате одредени нејаснотии со одреден тип на осигурување, слободно можете да ни пишете, ќе се потридиме да Ви одговориме во најкус можен рок.
Тука ќе може да не контактирате доколку Ви е потребна и цена за Автоодговорност, Зелена карта или пак Каско осигурување, како и совет во врска со итите.

Исто така доколку некој има пријавено некаква штета по било кој основ, ќе Ве молам да не контактирате за да Ви излеземе во пресрет за побрзо и навремено решавање на истата.

Поздрав
Винер Осигурување
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Еве вака, разрешете ја дилемата, дали за мопед/велосипед со мотор до 50цц3 треба и регистрација со налепница или само автоодговорност?

п.с. добродојдовте

п.п.с Дали е тоа профил на осигурителен агент или ПР службата на матичната компанија?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
И јас да си прашам. Имав кола која што ја продадов пред месец дена. На осигурувањето имав одреден попуст (5 години во моја сопственост без да направам сообраќајка). Дали може да го префрлам попустот на другава кола која ја купив лани, и на која немам попуст, и доколку е возможно, што ми е потребно за тоа да го направам?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Еве вака, разрешете ја дилемата, дали за мопед/велосипед со мотор до 50цц3 треба и регистрација со налепница или само автоодговорност?

п.с. добродојдовте

п.п.с Дали е тоа профил на осигурителен агент или ПР службата на матичната компанија?

Ние може да ви дадеме информација околу полисата за автоодговорност, за тоа дали ќе треба лепенка или регистрација, најдобри би било да прашате на некој од шалтерите на МВР.

Благодарам на убавото добредојде.

Профилот е на матичната компанија и го работи ПР службат ана Винер осигурување, НО зависно од типот на прашањето може да одговори и некој од колегите кој работи на соодветниот тип на осигурување или штета за која се однесува прашањето.
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
И јас да си прашам. Имав кола која што ја продадов пред месец дена. На осигурувањето имав одреден попуст (5 години во моја сопственост без да направам сообраќајка). Дали може да го префрлам попустот на другава кола која ја купив лани, и на која немам попуст, и доколку е возможно, што ми е потребно за тоа да го направам?


За да може да се префрли попустот од една на друга полиса, потребно е да се приложи купопродажен договор од отуѓеното возило (доколку новиот сопственик ја нема променето полисата) и истиот момент да се изработи нова полиса за новото возило. (Во одредени случаи попустот сам се префрла, но доколку не се префрли се праќа барање до Националното биро за осигурување и веднаш се средува). Морам да напоменам дека за да се префрли попустот лицето не треба да има друго возило на негово име.

Во вашиот случај, бидејќи возилото веќе е регистрирано, и е поминато одредено време, ќе Ве замолам доколку АО полисата Ви е во Винер да поминете во нашата дирекција, како би направиле скен од соодветните документи кој се потребно, и да пробаме попустот да го имате наредната година.
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Cisto info za cena.
Vectra b 97 godina 1.6 74kw ili 100ks cena ako moze za osiguruvanje.

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Cisto info za cena.
Vectra b 97 godina 1.6 74kw ili 100ks cena ako moze za osiguruvanje.
АО полисата без попусти и без патници чини 7.134,00 денари.
Доколку сте во можност пишете ми регистарски број или број на шасија во ПП, за да Ви ја кажам точната цена (доколку имате попуст). Доколку оваа полиса ја извадите од кај нас истата може да ја платите на максимум 7 рати.
Годишна зелена карта за ова возило ќе Ве чини 5.536,00 денари и истата може да се плати на 5 рати.
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Добредојдовте Винер осигурување :)

Одличен потег е Вашето се надевам активно членство на овој форум.

Исто така доколку некој има пријавено некаква штета по било кој основ, ќе Ве молам да не контактирате за да Ви излеземе во пресрет за побрзо и навремено решавање на истата.


Доколку не успеете да ја решите вонсудски штетата со Винер, ќе Ве молам да ме контактирате мене.

Поздрав, Адвокат Банзаи :D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Судир на интереси

;D ;D ;D


Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Клабери

Би сакал да Ве известам дека периодов со секоја извадена полиса, Автоодговорност, Зелена Карта, Каско ... ви следи еден или два од наведениве подароци.



Очекуваме да стигнат и платнени патосници со одличен квалитет, па веќе од наредната недела, покрај подароциве погоре, ќе можете да одберете и патосници.
Бидејќи патосниците ќе се даваат исклучиво само за извадени АО, Зелена карта и Каско, би ве замолил доколку некој дојде да извади полиса да напомене дека е од Кар Клуб како би ги добиле патосниците АО и Зелена карта.

Можноста за плаќање на рати без камата и достава на полисата си останува и понатака.

За повеќе информации свртете на 15999, побарајте го колегата Игор кој е запознаен дека за членовите на Кар Клуб важат поинакви правила од редовните за добивање на подароците.

Поздрав
Винер Осигурување
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Винер Осигурување - Прашања и совети во
« Одговори #10 на: 20 Април 2016, 10:50:17 am »
Важи за членови кои што пред 2 недели извадиле автоодговорност и зелен картон од кај вас? :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Добредојдовте Винер осигурување :)

Одличен потег е Вашето се надевам активно членство на овој форум.

Исто така доколку некој има пријавено некаква штета по било кој основ, ќе Ве молам да не контактирате за да Ви излеземе во пресрет за побрзо и навремено решавање на истата.


Доколку не успеете да ја решите вонсудски штетата со Винер, ќе Ве молам да ме контактирате мене.

Поздрав, Адвокат Банзаи :D

требаше да кажеш порано и те како имав случај за тебе кој конечно се реши после 3 месеци натегање нервози и расправање

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Важи за членови кои што пред 2 недели извадиле автоодговорност и зелен картон од кај вас? :)

Одговорено во ПП.

Добредојдовте Винер осигурување :)

Одличен потег е Вашето се надевам активно членство на овој форум.

Исто така доколку некој има пријавено некаква штета по било кој основ, ќе Ве молам да не контактирате за да Ви излеземе во пресрет за побрзо и навремено решавање на истата.


Доколку не успеете да ја решите вонсудски штетата со Винер, ќе Ве молам да ме контактирате мене.

Поздрав, Адвокат Банзаи :D

требаше да кажеш порано и те како имав случај за тебе кој конечно се реши после 3 месеци натегање нервози и расправање

Жалам за нервозите, кога ќе бидете во можност поминете во Винер Осигурување, ќе се напиеме по едно кафе, ќе Ви дадеме соодветен подарок, и се надевам дека ќе го поправиме вашиот впечаток за Винер осигурување.

Воедно се надевам дека на крај сте задоволни од тоа како е решена штетата, поради која било недоразбирањето.

Поздрав
Винер Осигурување
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Темава нека биде стики за подобра видливост.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Клабери

Би сакал да Ве известам дека периодов со секоја извадена полиса, Автоодговорност, Зелена Карта, Каско ... ви следи еден или два од наведениве подароци.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Очекуваме да стигнат и платнени патосници со одличен квалитет, па веќе од наредната недела, покрај подароциве погоре, ќе можете да одберете и патосници.
Бидејќи патосниците ќе се даваат исклучиво само за извадени АО, Зелена карта и Каско, би ве замолил доколку некој дојде да извади полиса да напомене дека е од Кар Клуб како би ги добиле патосниците АО и Зелена карта.

Можноста за плаќање на рати без камата и достава на полисата си останува и понатака.

За повеќе информации свртете на 15999, побарајте го колегата Игор кој е запознаен дека за членовите на Кар Клуб важат поинакви правила од редовните за добивање на подароците.

Поздрав
Винер Осигурување

Aко веќе давате подароци, дајте еден али да е квалитетен и да ти се најде, а не колку да се каже дека давате.
Залажување со фушерајски работи, не сме деца.

Пр. сајлата е само за покажување.