Верувам повеќето во минатото сме направиле нешто фејк на колите од кое денес се срамиме. Интересно би било да споделиме овде. Еве јас ќе почнам прв.
Во далечната 2001/2002 после гледањето на fast and furious, на клиото 1995 година на производство со 1.2 мотор и 43 киловати, му залепив Nos лепенка на задниот дел, да биде уште потрагично лепенката беше направена од тафет папир, на портокалов правоаголник бели букви сечени (лошо) со ножици.
На форд пумата залепив sm chip tuning лепенка, а врска немаше со чип. Исто на пумата ставив спортски издув, ама од хонда мотор брзинец и тоа дотраен издув, па колата почна да ми гуши. На дијагностика покажа проблем со брегастата па се сомневаа на ребрастиот дека е лошо наместен па го штелуваа наново. Си платив доста солено за целиот зафат и после две недели возев со откачен среден лонец, над 2000 обртаи требаше со тампони во уши да возам.
Во моментов толку ми текнува. Вака кога ќе се сетам ми е смешно, ама кога ги давав парите не ми беше баш