Автор Тема: Фејк тјунинг на вашите возила  (Прочитано 11962 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Фејк тјунинг на вашите возила
« на: 28 Март 2016, 23:45:48 pm »
Верувам повеќето во минатото сме направиле нешто фејк на колите од кое денес се срамиме. Интересно би било да споделиме овде. Еве јас ќе почнам прв.

Во далечната 2001/2002 после гледањето на fast and furious, на клиото 1995 година на производство со 1.2 мотор и 43 киловати, му залепив Nos  лепенка на задниот дел, да биде уште потрагично лепенката беше направена од тафет папир, на портокалов правоаголник бели букви сечени (лошо) со ножици.

На форд пумата залепив sm chip tuning лепенка, а врска немаше со чип. Исто на пумата ставив спортски издув, ама од хонда мотор брзинец и тоа дотраен издув, па колата почна да ми гуши. На дијагностика покажа проблем со брегастата па се сомневаа на ребрастиот дека  е лошо наместен па го штелуваа наново. Си платив доста солено за целиот зафат и после две недели возев со откачен среден лонец, над 2000 обртаи требаше со тампони во уши да возам.

Во моментов толку ми текнува. Вака кога ќе се сетам ми е смешно, ама кога ги давав парите не ми беше баш  ;D

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #1 на: 28 Март 2016, 23:50:45 pm »
Интересна тема. Најфејк ми беа ксенонот без лупи во фар со дифузер на мондеото. Се додека не оќоравев во една магла враќајќи некоја дома, се вратив назад и дадов пари за такси, стигнав дома и ги искорнав. На баварецот му ставив позиција сијалички што маваа на сино, среќа брзо прегореа.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #2 на: 28 Март 2016, 23:52:28 pm »
Наместив плаво сијаличе на регистрацијата, дури 2 дена го возев.  ;D ;D  :-[ :-[ :-[

Страшно.. у пм...


Сега е вака..


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #3 на: 29 Март 2016, 00:06:13 am »
Auu temava..
Nemam sliki odamna bese uste na fersped avtopazarot idam kupuvam diodi za cordobata.Go prasuam tipot belo li svetat da vika ekstra se.
Gi mestam uste na samiot parking i ni da obrnam vnimanie si odam doma srekjen.Vecerta sobiram kolega na partizanska i da ideme 3 smena na rabota.Kako doblizuvam nakaj nego taka ovoj se krsti i mi mafta so raka kao ti dali si normalen.Vlaga u kola i mi vika vise nedoagjaj da me zimas so kolava sramota e.
Izlaganje pred kola sto kje vidam diodite menjaa boja crvena,zelena,plava,zolta....Lugjee faroite mi menjaa boja abe uzas bog znae so narod mi se iznasmea ispopcu i koj ti znae sto pomislija.:)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7077
Одг:
« Одговори #4 на: 29 Март 2016, 00:17:57 am »
Хахахаха...  Добра тема.

На YUGOто исто ставив цревени позиции и "Zenon" кратки/долги без релиња без ништо.

На пат Штип-Срумица палам кратки-долги наизменично цело време кога одеднаш ми снема било какво светло,  мртва темница, не знаев што да правам нит да застанам,  нит да возам.  Среќа 50-100м пред мене кола и гледам само црвени штопови и возам едно 10 секунди по нив.  Среќа се упалија сами по себе светлата па си продолжив со средни до карневалот и назад.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #5 на: 29 Март 2016, 11:50:27 am »
Пред едно 12-13 години, кога ја имав првата Буба, ...ставив лепенка Porsche (под лепенка мислам на исечена хартија и секоја буква залепена со салотејп) на капакот назад.

Ја возев 1 саат така и на првиот паркинг ги искорнав буквите ;D

Не дека Porsche нема некаква конотација со Буба, туку лошо изгледаше ...многу лошо... иако беа оригиналниот Porsche фонт.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #6 на: 29 Март 2016, 12:09:31 pm »
Мислам дека имаше оваква тема????
Да се спојат, да не се дуплираат, а?
Може?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #7 на: 29 Март 2016, 13:35:44 pm »
Auu temava..
Nemam sliki odamna bese uste na fersped avtopazarot idam kupuvam diodi za cordobata.Go prasuam tipot belo li svetat da vika ekstra se.
Gi mestam uste na samiot parking i ni da obrnam vnimanie si odam doma srekjen.Vecerta sobiram kolega na partizanska i da ideme 3 smena na rabota.Kako doblizuvam nakaj nego taka ovoj se krsti i mi mafta so raka kao ti dali si normalen.Vlaga u kola i mi vika vise nedoagjaj da me zimas so kolava sramota e.
Izlaganje pred kola sto kje vidam diodite menjaa boja crvena,zelena,plava,zolta....Lugjee faroite mi menjaa boja abe uzas bog znae so narod mi se iznasmea ispopcu i koj ti znae sto pomislija.:)

Ne doagjaj da me zimas so kolava sramota e

 hahahahahahahhahha :D

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #8 на: 29 Март 2016, 16:12:28 pm »
Пред 10-12г на Хондата ги истапацирав седиштата во ‘кожа‘ црно жолта комбинација и некои пластики внатре ги направив жолти...Планирав и да местам спојлери глупости ама кога видов како ги прават и дека ќе биди тешка шабанарија си ги потрошив парите на курви и пијанки...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг:
« Одговори #9 на: 29 Март 2016, 20:03:09 pm »
Среќa нa време се aктивирaв нa фoрумoв, инaче вo лoш прaвец ќе тргнев. Дете oд селo, виделo пo телевизиите се и сештo, пa сaкaлo дa прoбa...
Сегa зa сегa ме држи свестa и вкусoт :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #10 на: 29 Март 2016, 20:19:44 pm »


 ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #11 на: 29 Март 2016, 23:10:51 pm »
Затемнетите штопови на Стилото. Беа убаво затемнети, па ми ги зацрнеа во Новус, после тоа секој ден се мислев да им ја фукнам шмирглата :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #12 на: 30 Март 2016, 09:41:50 am »
Јас имав фелиција кога бев млад и глуп. Така да бев заштитен до некој степен :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #13 на: 30 Март 2016, 11:04:44 am »
Диодите во маската. Не беа моја идеја, ама беа турени колку да видам дали ќе ми се свиѓаат.
Беа извадени по два дена.

За друго, I have no regrets.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Фејк тјунинг на вашите возила
« Одговори #14 на: 30 Март 2016, 15:45:55 pm »
Пошто моментално ја возам мојата прва кола а и не сум некој што сакам да ми свети како елка колата нити па некои екстремни спојлери како во Чаир :D
Така да немам ништо фејк кај мене.