Автор Тема: Камаро во Европа  (Прочитано 2804 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Камаро во Европа
« на: 18 Октомври 2011, 14:04:37 pm »

Мускулестиот автомобил, кој досега се нудеше само на пазарот во Северна Америка, ќе биде лансиран и во Европа. Моделот кој сигурно ќе предизвикува многу погледи на улиците, ќе се нуди со 6,2 литарски V8 мотор со 432 КС (405 КС со автоматскиот менувач), доволни за спринт до стотка од 5,2 секунди, а замислете, ќе има цена од 38.900 евра, односно 43.900 евра за кабриолетот (може да варира зависно од даноците во земјата)!!!

Chevrolet, сакајќи да ги задоволи купувачите на европскиот пазар, дури и работеше на тјунирање на подвозјето на аптеката во Нирбургринг, како истото би овозможило динамично возење и во свиоците (Амерканците повеќе сакаат палење гуми на правец).

Секако, потрошувачката нема да биде ниска (14,1 литар во просек за мануелниот, 13,1 за автоматскиот менувач), но тоа е и логично – американските мускули отсекогаш барале многу протеини.

Всушност, и покрај тоа што носи многу од културата на Америка, Camaro може сериозно да се наметне на пазарот и чисто кај вљубениците во спортските автомобили, особено што е супер евтин и достапен. Ако размислиме, Camaro V8 е само 10 илјади евра поскап од добро опремен компактен спортист, односно ниту денар поскап од Ford Focus RS на пример!



извор www.koli.com.mk



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #1 на: 18 Октомври 2011, 14:06:15 pm »
Кој го нуди ова? Ќе има ли сервис!?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29057
    • CARclub.mk
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #2 на: 18 Октомври 2011, 14:12:37 pm »
Ќе се нуди во земји каде што официјално се продава и Corvette, така да ќе има сервис. Кај нас во Македонија, мало теже.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #3 на: 18 Октомври 2011, 14:13:58 pm »
Аутомакедонија, Авто Куќа и Олимпиа моторс. :D :D :D
А за поправка, што има во ова поразлично од опел од 60-70ти
:D :D :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #4 на: 18 Октомври 2011, 21:38:20 pm »
Секако, потрошувачката нема да биде ниска (14,1 литар во просек за мануелниот, 13,1 за автоматскиот менувач), но тоа е и логично – американските мускули отсекогаш барале многу протеини.
:o :o :o :o :o

Оу мај гад!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #5 на: 18 Октомври 2011, 21:51:47 pm »
Секако, потрошувачката нема да биде ниска (14,1 литар во просек за мануелниот, 13,1 за автоматскиот менувач), но тоа е и логично – американските мускули отсекогаш барале многу протеини.
:o :o :o :o :o

Оу мај гад!
E шо оу твој гад, да не незнаеше. Плинче и ич нема да го боли урок. :) Како што Хамерот Скопски вози на метан така и овие. :) А плус се работи за викенд кола, така да, не е многу.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17267
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #6 на: 18 Октомври 2011, 22:40:29 pm »
Кој Хамер во Македонија се вози на бензин? Не се будали луѓето...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Камаро во Европа
« Одговори #7 на: 18 Октомври 2011, 23:13:36 pm »
Ај бе не заебавај. Во него има како два мотора од по 3000 и кусур кубика и тоа ќе троши 14 комбинирано?
Нешто ми е страв да дисктирам на темата :D