Автор Тема: Passat 1.9 TDI 2003  (Прочитано 52433 пати)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #210 на: 23 Ноември 2023, 14:43:44 pm »
Завчера(изминати километри 313779) почна да ми затресува во возење при давање на гас, а и ми светна сијаличка на инструмент табла, проблемот се решаваше со гасење/палење на возилото. Така ми направи двапати додека стигнам дома, ја скенирав со VCDS и ми даде грешка:
PD Unit Injector, Cylinder 1: Electrical Malfunction

Видов на интернет дека е проблем со конекторот на дизната, не прави контакт убаво, решение е да се извади конекторот и да се подигнат/средат контактите за да фаќа убаво.
Не бев во состојба да го изведам јас тоа, па ја однесов на мајстор.
Вчера сабајле ја однесов, при крај на ден ја земав.
Зафатот ме кошташе 1000 денари

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #211 на: 23 Ноември 2023, 18:20:57 pm »
1000 денари? Нели е премногу за подизвлекување на контакти и прскање на контакт спреј? Ако нешто менувал, ок ама вака е лоповлук. Мајсториве збеснаа до цениве.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5898
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #212 на: 23 Ноември 2023, 18:27:39 pm »
Најверојатно е нов џек. Кај мене трокираше кога го менував ЕГР-от, работеше на три клипа. На дијагностика веднаш ја врзав и покажа дека не работи четвртиот клип (гледано со отворена хауба). Извадов пластики и видов дека дизната не беше турната добро, ја турнав со рака и не се замарав. Година помина од тогаш и нема проблем.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #213 на: 23 Ноември 2023, 20:58:30 pm »
Среќа си го открил проблемот, си го избегнал моментот "може да е до..."

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #214 на: 28 Ноември 2023, 12:55:27 pm »
1000 денари? Нели е премногу за подизвлекување на контакти и прскање на контакт спреј? Ако нешто менувал, ок ама вака е лоповлук. Мајсториве збеснаа до цениве.
Нема менувано ништо, ги проверил само и другите контакти. Што е тоа е, нема веќе ништо за малку пари

Среќа си го открил проблемот, си го избегнал моментот "може да е до..."
Тоа ме радува и мене што проблемот е решен, се друго е небитно.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #215 на: 20 Декември 2023, 15:45:45 pm »
Минатата недела на изминати 314472 километри, сменети летните со зимски гуми.
Со летните од 21ти Март до промената изминатата недела се изминати 14512 километри.
Од кога се купени летните вкупно имаат изминато 52769 километри.
Ова најверојатно им беше последно возење.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #216 на: 27 Август 2024, 09:41:37 am »
Одамна немам пишано ништо на темава, а не се ни десило нешто за да напишам.

Вчера (26.08.2024) на 324580 километри направен е мал сервис:

- Филтер за масло MANN = 400 ден.
- Филтер за воздух WIX = 350 ден.
- Филтер за гориво MANN = 1100 ден.
- Масло Castrol 5W-40 + работна рака = 4000 денари

Вкупно = 5850 ден.
« Последно менување: 27 Август 2024, 10:49:39 am BigBull »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #217 на: 27 Август 2024, 10:11:11 am »
Море е*ави силата во тие Волксвагените, сите сте со преку 300К и пичите понатаму, добри километражи мора да се признае. Да ви се множат.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #218 на: 14 Октомври 2024, 12:22:13 pm »
Пред некој ден (08.10.2024) регистрација.

Технички и останато - 7846 денари
Осигурување - 3913 денари
Вкупно = 11759 денари

+ зелен картон 5536 денари
« Последно менување: 14 Октомври 2024, 13:59:17 pm BigBull »

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5898
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #219 на: 14 Октомври 2024, 12:26:42 pm »
2024  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #220 на: 14 Октомври 2024, 12:54:52 pm »
Пред некој ден (08.10.2022) регистрација.

Технички и останато - 7846 денари
Осигурување - 3913 денари
Вкупно = 11759 денари

+ зелен картон 5536 денари

2024  ;D

Го спобудалевме на работа. Почна да Bug-ира :D

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #221 на: 14 Октомври 2024, 13:59:10 pm »
Кога копираш од претходен пост и не правиш проверка  ;D