Завчера(изминати километри 313779) почна да ми затресува во возење при давање на гас, а и ми светна сијаличка на инструмент табла, проблемот се решаваше со гасење/палење на возилото. Така ми направи двапати додека стигнам дома, ја скенирав со VCDS и ми даде грешка:
PD Unit Injector, Cylinder 1: Electrical Malfunction
Видов на интернет дека е проблем со конекторот на дизната, не прави контакт убаво, решение е да се извади конекторот и да се подигнат/средат контактите за да фаќа убаво.
Не бев во состојба да го изведам јас тоа, па ја однесов на мајстор.
Вчера сабајле ја однесов, при крај на ден ја земав.
Зафатот ме кошташе 1000 денари