Гласање

Каде ги паркирате вашите возила?

Во гаража
29 (37.7%)
На паркинг
15 (19.5%)
На тротоар
7 (9.1%)
На улица
9 (11.7%)
Во двор
17 (22.1%)

Вкупно гласови: 77

Автор Тема: Два или повеќе автомобили во домот, каде да ги паркираме?  (Прочитано 12398 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
     Брзиот начин на живот, како и различните услови на работа придонесуваат и разлики во начинот на функционирање на единките во семејствата, што директно се одразува и врз останатите членови на едно потесно современо демократско семејство.  
     Ако во минатото автомобилот претставуваше луксуз, денес само бензинот претставува луксуз  НО, потребата за истиот не само што се задржа, туку напротив истата се зголеми за да може семејството беспрекорно да функционира во оваа џунгла на асфалтот. Ова пак, само – по себе придонесе и за додатни оптеретувања на семејниот буџет, како и неопходноста да се обезбеди паркинг простор сега за двете возила, што во денешно време и моменталните (не) прилики во дравава ни мила е како да се победи во некоја игра од Survival  Во спротивно, автомобилите се оставаат на тротоарите или улиците и со тоа се спречува нормалното функционирање на останатите учесници во сообраќајот, што всушност беше и мојата базна инспирација за отворање на темава!



     Сега кратко и јасно – дали сметате дека е ОК да се поседуваат два автомобила и да се чуваат пред својата куќа, исклучиво заради својата „ситност“ имајќи можности да во својот сопствен двор одделат простор за истите и со тоа да се лишат во мал дел од сопствениот комфорт, не се решааваат на овој чекор ? Луѓе, повеќе не може да се вози низ градов, поготово низ маалските улици, ниту пак пешки може нормално да се движи, со велосипед исто така ... Треба ли градските власти да превземат нешто во врска со ова или имате некои ваши предлози и решенија, ве молам изјаснете се ! Благодарам ;)


« Последно менување: 12 Октомври 2011, 23:13:53 pm djidji »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Два или повеќе автомобили во домот, потреба или луксуз?
« Одговори #1 на: 12 Октомври 2011, 23:07:41 pm »
Ја малце не го контам прашањето... Прашуваш дали е ОК да се имаат два автомобила, или да се поседуваат два автомобила кои ќе ги паркираш пред куќа, а не во двор, иако имаш место во дворот, ама си бездушно копиле и повеќе би сакал на сите околу да им пречиш? :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Два или повеќе автомобили во домот, потреба или луксуз?
« Одговори #2 на: 12 Октомври 2011, 23:12:52 pm »
Ја малце не го контам прашањето... Прашуваш дали е ОК да се имаат два автомобила, или да се поседуваат два автомобила кои ќе ги паркираш пред куќа, а не во двор, иако имаш место во дворот, ама си бездушно копиле и повеќе би сакал на сите околу да им пречиш? :)

Да, се извинувам - у право си, ми забега мислата сакајќи да бидам покултурен, т.е. да не се примети нервозата додека го пишувам текстот :) Поентата ми е во болдираното ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14379
  • Пудингот на шоферството
јас паркирам 4 возила пред зграда,од кои 2 се товарни....али има место,и не мие поентата да им пречам.....а знам дека им пречам,па шо ги ....  ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Сега БМВто ми е во гаража , а новајлиата се знае во двор на отворено небо ;D
Треба 2 одговора ;D

2 коли се голем луксуз , 1 е луксуз а не па 2 , едино ако си јак со пари па да си дозвочиш луксуз со 2-3 јаки коли.

Кај мене во фамилија имаме од вчера 2 коли , втората е земена ради потреба од второ ауто , трошковите се големи , годишно ќе идат 25.000 ден само за регистрација , башка сервиси уље и тн , грубо околу 30.000 , ама се има потреба од 2 коли .

За паркирањето имаме една гаража каде што се паркира БМВ то , и татко ми секогаш си ја паркира колата во двор .

Значи за нас колата не е луксуз , сега во мој години служи за малку курчење си признавам ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5079
Ние имаме 2 коли и ги паркирам 2те пред зграда а имам и гаража, ама 2 пат ми ја сечат струјата за една помочана 60 ватна сијалица и ми е преку таквото да се расправам со малограѓани и така ретко ја користам гаражава ради тоа а верувам и другиве од зградава...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11750
  • Архитект
Ние имаме 3 коли. 2 се на паркинг, една во гаража.
Не сметаме на никој, ама тоа е Битола.

Овде во скопје, да живее некој во центар и да има повеќе од една кола, јас можам да му речам само со среќа.
Живеев до универзална 3 год, тоа беше смрт да најдиш паркинг. Поготово кога наеднаш му текна да го затворат пола паркинг на универ. за да градат „катна гаража“.


Не е проблемот дека имаш 2 коли или 3 коли. Проблемот е што нема доволно место во Скопје да претениш. Треба повеќе да се обрни внимание на јавен превоз и на алтернативен превоз.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Кај нас нема некоја од  потреба од 2 коли али ајде џипот е вишок повеќе од времето
Голфот си го вози таткоми,а џипот стои паркиран и ретко се вози во зимскиот период
И двете се паркирани во гаража !
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Една кола, се чува во двор под отворено небо. Гостивар е хулигански град, и се што е оставено на тротоар, се користи како пешачка патека. На комшијата, тазе Астра си купи, се качиле качаци на гепек, се прошетале на кров, слегле на хауба, изиграле танго и продужиле. Тојотата моја пред 6-7 години исто настрада.

Во врска со темата, да - луксуз се две коли при оваа економска ситуација во државава. Горивото е скапо, две плати (кај оние посреќните) едвај стигаат за одржување на семејството, евентуално автомобилот, па сметајте како го растегнува буџетот на семејството уште еден дополнителен автомобил.
Секако, желба ни е да имаме еден city - runner, и една бесна машина што ни ги бележи сите точки во „книгата на желби“, но сега засега, и city - runner - от е некогаш премногу.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3912
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
У мој случај, 2 коли се потреба. татко ми работи на 5-6км од дома, јас исто така. ја и у принцип иам малце незгодно работно време, од 6 сабајле, па искрено не ми се такла со автобуси уше од 5 за да стигнам на време. стварно е скапо одржавање, регистрации, гориво, ама потреба е, шо да се праи.

коа сме кај паркирање, едната ми е у гаража, а за другата посебно се напраи настрешница пред гаража, у двор. така да, двете се заштитени, а истовремено не сметам на никого... пред врата иам место само за една, кога би ги вадел двете, би фаќал место на некој комшија.

генерално... поголем дел од времето двете ми се у двор, или само едната пред врата, доколку иам план некаде да идам покасно во текот на денот...

тоа е тоа

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Кратка сумаризација - набавка на возилата не е луксуз, одржувањето и живеењето со нив, полека но сигурно станува. 4 возила (две службени, две приватни), од кои за 3 плаќаме паркинг, а четвртото го чуваме „позади зграда“, кај што не се плаќа паркинг (а просторот се користи за тоа), но не пречи никому.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
jas imam 3 avtomobili :D eden u garaza rasturen drugiot na spust a tretiot kaj komsijata u garaza hahah :D

Отсутен IvAnA

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 487
Ние имаме една кола и ретко ја возиме. Мајка ми иде на работа со организиран превоз, ја на факултет со автобус а за други места си иам личен шофер (КаЗаН) :P :P :P. Али како и да е, имањето на два автомобили го одобрувам само доколку е навистина потребно. Не е фер, само за фраерисување да факаш место на паркинг, улица или каде било на некој на кој навистина му е потребно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5079
jas imam 3 avtomobili :D eden u garaza rasturen drugiot na spust a tretiot kaj komsijata u garaza hahah :D
Ти не се рачунаш :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9197
  • Аstra la vista baby !
Најпаметно е во гаража, но не секој има гаража која собира повеќе од една кола.

Јас едно време поседував уште една кола, стоеше на улица, а улицата е тесна и пречеше.
Тоа беше најголемата причина поради која колата се продаде.