Во Плимонт неколку месеци наназад работевме на изнаоѓање на решение со кое на нашите клиенти би им се олеснила постапката за атестирање на возило со вграден плински уред.
Идеалната варијанта, секако, кога би била возможна, е на клиентите да им се предава возилото заедно за завршена атестна процедура. Но според моменталните законски решенија тоа не е возможно.
Веќе пишувавме за чекорите кои е потребно сопственикот на возилото да ги заврши за да се атестира возило со вграден плински уред:
- записник за вграден автогасен уред од станица за технички преглед во градот каде што е регистрирано возилото.
- Упат од МВР-Отсек моторни возила, во градот каде што е регистрирано возилото,
- Изведување на атестен преглед во една од овластените атестни куќи:
- Машински Факултет
- АМ Церт
- АМСМ
- ПСС
Во соработка со атестните куќи изнајдовме солуција со која еден од чекорите - изведување на атестен преглед, ќе може да се направи во Плимонт. Со тоа во одреден дел ќе се намалат обврските и времето кое е потребно тие да се завршат.
Така, клиентите кои веќе вградиле уред, во секој вторник, четврток и сабота, ќе можат атестен преглед да направат и во Плимонт.
Клиентите кои во Плимонт ги оставаат возилата за да се вгради плински уред имаат опција, во било кој ден од неделата, при превземањето возилото да има и вграден плински уред и извршен атестен преглед.
Тоа што преостанува да се направи е наредните денови да се подигне потврдата за извршен атест (се подразбира во меѓувреме да се извадат записник и упат) и тој да се внесе во сообраќајната дозвола.