Автор Тема: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии  (Прочитано 45227 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija

Ја отвараме оваа тема со цел да разменуваме мислења околу водородот како гориво.
Најпрво би сакал да ја разграничам разликата меѓу H2 и HHO.

H2 е водород кој се складира во посебни резервоари и преку одредени уреди и компоненти се вбризгува во моторот на возилото. Тоа се високо-технолошки решенија и единствено можеме да се базираме врз информациите кои пристигнуваат од големите производители (производители на возила и опрема во возила).

Да се надоврземе на прашањето на ОНАК од една друга тема

абе ова што се гледа на третата слика за Х2 components....., има и тестирање за водород или...?

третата слика:

На таа тема, Landi Renzo е една од компаниите која работи на испитување на водородни компоненти и која има добиено награда од една голема компанија-производител на возила за добиените резултати од таа област. Мислам дека се работи за General Motors бидејќи Landi Renzo има договор со таа компанија заеднички да ја развиваат програмата за водородни системи.

Во поглед на тие испитувања, компаниите ги држат во тајност испитувањата и компонентите на водородните системи и сеуште не излегле со готов производ на пазарот.
Инфраструктурата во однос на водородот тешко ќе се развие во блиска иднина и мислам дека овој модел е далеку од нашите простори.

Паралелно со водородните уреди, Landi Renzo развива уреди за хидро метан. Тоа е комбинација од водород и метан:

Втората варијанта е многу пораширена на нашите простори, многу повеќе се зборува за неа. Тоа е браон гас или HHO. Уредите за браон гас во моментов се на ниво на ентузијасти. Во Плимонт направивме неколку експерименти, и ја оставаме темава отворена за да споделиме искуства.
« Последно менување: 08 Октомври 2011, 09:10:55 am plimont »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (браон гас) ќелии
« Одговори #1 на: 07 Октомври 2011, 18:53:37 pm »
Епа.... ајде споделете. што бидна со експериментите :)
Ние овде сме неискусни.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (браон гас) ќелии
« Одговори #2 на: 07 Октомври 2011, 19:47:42 pm »
ne razbiram kako funkcionira ova od slikive

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (браон гас) ќелии
« Одговори #3 на: 07 Октомври 2011, 20:55:30 pm »
ne razbiram kako funkcionira ova od slikive
;D ;D ;D ;D
Има на јутјуб како функионира
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (браон гас) ќелии
« Одговори #4 на: 07 Октомври 2011, 20:58:40 pm »
Да не е Браунов гас а не Браон (кафејав или окер) а?

Oxyhydrogen is sometimes referred as "Brown's Gas" after Yull Brown who advocated such devices.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #5 на: 08 Октомври 2011, 10:54:20 am »
Да не е Браунов гас а не Браон (кафејав или окер) а?

Oxyhydrogen is sometimes referred as "Brown's Gas" after Yull Brown who advocated such devices.

Благодарам на Carrier166 за исправката. Грешката настана при пишување, на колешката и го диктирав текстот , го напишала “Brown” на кирилица со што зборот добива и друго значење.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #6 на: 08 Октомври 2011, 11:04:45 am »
ne razbiram kako funkcionira ova od slikive

Кога е во прашање чист водород, тој се вбризгува во одреден апарат, кој произведува електрична енергија. Всушност , возилото е на електричен погон.

Кај хидрометанот (водород + метан-земјен гас), се користи бензинскиот мотор како погон за возилотото, додека апаратот кој овозможува негово користење е сличен на метанскиот, со неколку модификации.
« Последно менување: 08 Октомври 2011, 11:17:17 am plimont »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #7 на: 08 Октомври 2011, 19:49:38 pm »
Уредот е успешно монтиран на Маздата. Сега останува само да се тестира и штелува. За почеток, ќе ја измериме потрошувачката со истиот стил на градско возење и ќе направиме споредба пред и потоа. Наредна фаза ќе биде играње со односот на кислород и гориво.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #8 на: 08 Октомври 2011, 19:52:51 pm »
На хидро-метан? Или водород? :) Ајде честито!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #9 на: 08 Октомври 2011, 19:56:05 pm »
Уредот е успешно монтиран на Маздата. Сега останува само да се тестира и штелува. За почеток, ќе ја измериме потрошувачката со истиот стил на градско возење и ќе направиме споредба пред и потоа. Наредна фаза ќе биде играње со односот на кислород и гориво.

Aj со среќа !

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #10 на: 09 Октомври 2011, 03:41:48 am »
LPG + HHO.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #11 на: 09 Октомври 2011, 10:18:01 am »
Браво бе ГОјдо. Алал да ти е. Говедски муда си имал чим си се решил :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #12 на: 09 Октомври 2011, 11:35:16 am »
Не гледам од што треба да се плашам за да пробам. Резултатите ќе се знаат за 1 месец, па читателите на CarClub ќе ја имаат таа привилегија од прва рака да ги дознаат искуствата, како и принципите на работа и монтажа.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #13 на: 09 Октомври 2011, 11:40:24 am »
Гојдо - невина жртва на карклубскиот режим ! Како само тоа гордо звучи ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #14 на: 09 Октомври 2011, 17:56:39 pm »
Не гледам од што треба да се плашам за да пробам. Резултатите ќе се знаат за 1 месец, па читателите на CarClub ќе ја имаат таа привилегија од прва рака да ги дознаат искуствата, како и принципите на работа и монтажа.

Јас сум скептик, ама знаејќи го gOJDO од форумов - можеби наскоро и лично ќе се запознаеме, знам дека ќе го истестира системот тороули и ако е шит ќе каже дека е BS а ако го бива - ќе каже реални резултати. Така да чекам да видам.

BTW, Колку амп. влече твојот hho генератор?