фала ви дечки за информациите. Значи скоро секој потрошен дел во сервисите на БМВ се водат како бренд БМВ, но тие не го произведуваат само се воде како бренд БМВ, тоа не го знаев. До некаде е и добро, особено за почетници(како мене) што не знаат што треба и што е добро, едноставно плати и клати.
Само уште едно прашање, можеби сум малку досаден, ама се интересирам, затоа сме тука крај краева...
М кар е главен претставник за БМВ во Македонија, тоа значи дека доколку сакам јас можам колата и таму да ја носам на сервис, или грешка сум? Пример да речам во Мк сум и сакам да ја однесам да сменат уље, плочки или слично, тоа ке биде признаето исто како да ја однесам на било кој БМВ сервис во билокоја држава и да речам имаат некоја си гаранција за производите и доколку настане некој проблем, пример кочница откаже(се погодило лош производ) и настане судар, а колата има шведско осигурување, подлега некоја гаранција? Логички би било сервисот во билокоја држава што е претставнк на БМВ да ги имат истите делови, сервиси и гаранции и осигурителните компании да ги прифаќаат нели?