Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V  (Прочитано 24998 пати)

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« на: 28 Јуни 2015, 18:33:23 pm »
Здраво на сите.
По неколку месеци потрга по кола, решив дека мора да биде Alfa 147 прво ги гледав обичните, но кога видов каков дизјан има редизајнот се одлучив да барам баш таков модел.Гледав нешто низ Скопје, но неможев да најдам ништо што ми прави мерак, па се одлучив да тркнам до Паланка да видам што има и таму се решив да купам едно возило, кое надворешно не беше нешто многу сочувано, има на некои делови ситни гребаници,вдлабнатини и слично, но затоа па беше внатрешно доста сочувана,од било која досега видена, без многу да мислам ја земав, пошто знаев дека било која кола купена на старо ме чека сервиси,поправки и слично така да која и да ја земев,бев спремен да ја средам максимално колку што можам.

Модел: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 16v 110kw 150ks

Слика ке ставам сега една, деновиве ке ја сликам поубаво.

Досега направени сервиси:

- 4 нови летни гуми Корморан
- Сменето масло, и сите филтри (масло,воздух,нафта,полен)
- Комплет сет (ребраст каиш,затегач и водна пумпа) + нов Антифриз
- Комплет сет (Valeo сет ламела, потисна и друг лагер) - иако небеше морално, можеше уште да тера јас сакав да ја сменам
- 2 нови пумпи за мењач - небеше морално, но сепак решив да ги сменам да не ги мислам за понатаму
- Сменет држач на моторот
- Лепење на интеркулер (беше скинат, после лепење добив доста на снага)
- Полење на клима
- Репарирање на цела предница кај тихо
- Нов маф сензор

Сега за сега е ок, мислам дека голем дел средив сега ке видиме како ке се покаже понатаму.




Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #1 на: 28 Јуни 2015, 20:07:18 pm »
Одлично количе.
Со здравје да си го возиш. Нареден собир да го видиме :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #2 на: 28 Јуни 2015, 20:27:33 pm »
Одлична Алфа,со здравје и мерак да си ја возиш и да ставиш повеќе слики од убавицава :)  Едно прашање пошо имам сличен проблем  со мајне лимузине, каде го лепеше интеркулерот и колку те чинеше тој зафат? Одговор може и во пм.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #3 на: 28 Јуни 2015, 20:48:40 pm »
so zdravje da se vozi  mnogu bezgrizni kilometri

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #4 на: 28 Јуни 2015, 20:50:03 pm »
Не е лошо, не е лошо...
Туку од листана што си средил све, убаво си тргнал, само репарирањето на цела предница кај тихо ти е утка. Прво, гумата што ја користи за гумирање е далеку од квалитетот на оригиналните (TRW) делови и  второ, горните чаури ги лее во виљушките, а тие мора да бидат флексибилни многу брзо ќе ти се искинат и ќе почне да биде нестабилна и да бега воланот на нерамнини. Туку, додека е добра, собирај пари за сет горни и долни вилушки од TRW, заедно со чаури за балансштангла :) Задницата како е? И таа знае да се разлока со тек на време/километри..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #5 на: 28 Јуни 2015, 22:36:27 pm »
Одлична Алфа,со здравје и мерак да си ја возиш и да ставиш повеќе слики од убавицава :)  Едно прашање пошо имам сличен проблем  со мајне лимузине, каде го лепеше интеркулерот и колку те чинеше тој зафат? Одговор може и во пм.
Лепење на интеркулер кај мајстор Гоце 2500 денари.

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #6 на: 28 Јуни 2015, 22:36:46 pm »
Не е лошо, не е лошо...
Туку од листана што си средил све, убаво си тргнал, само репарирањето на цела предница кај тихо ти е утка. Прво, гумата што ја користи за гумирање е далеку од квалитетот на оригиналните (TRW) делови и  второ, горните чаури ги лее во виљушките, а тие мора да бидат флексибилни многу брзо ќе ти се искинат и ќе почне да биде нестабилна и да бега воланот на нерамнини. Туку, додека е добра, собирај пари за сет горни и долни вилушки од TRW, заедно со чаури за балансштангла :) Задницата како е? И таа знае да се разлока со тек на време/километри..
Сега за сега нема никакви проблеми со задница

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #7 на: 29 Јуни 2015, 00:31:07 am »
Со среќа да се вози! И ако може да кажеш колку ја зеде и колку те чинеа сервисите? Некако многу пара ќе испадне така.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #8 на: 29 Јуни 2015, 00:37:59 am »
Лепотица, долго да те служи.

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #9 на: 29 Јуни 2015, 01:00:16 am »
До сега се комплет ме чини 4700 евра со регистрација.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #10 на: 29 Јуни 2015, 08:51:40 am »
Еве ми една близначка на мојата. Со малку пореметено срце.
Со здравје да се вози.
Убав мотор.
:)


Стави некоја слика повеќе, пиши колку км има итн....

Исто како и Симо и јас нема да се согласам со репарирањето кај Тихо. Другото, ок.
Имаме ние алфастичен мајстор, Жарко. Топол совет да си ја одржуваш кај него.
Исто така да ми кажиш кога можам да ја пробам, сакам да видам тоа со кумплугот со пумпите, дали има некој ефект.

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #11 на: 29 Јуни 2015, 10:30:09 am »
Осмица, фала за советите, нормално дека колата се одржава кај Жаре, така да не е проблем во прва прилика кога ке се видиме ке имаш и прилика да ја повозиш. Предницата се решив да ја правам кај тихо, затоа што имам другар со алфа кој често иде на далечни патувања со неа и од кога ја направи кај тихо, колата немаше гајле наредните 2 години, па баш поради тоа ја однесов таму, но како и да е советот е примен, прва прилика ке нарачам комплет TRW имам луге кој можат да ми ги донесат од горе така да ке ми бидат во план.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #12 на: 29 Јуни 2015, 11:19:48 am »
Со здравје да се вози :)

Сетот Валео колку те чинеше, плус работна рака?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9JTDM 16V
« Одговори #13 на: 29 Јуни 2015, 11:52:09 am »
Осмица, фала за советите, нормално дека колата се одржава кај Жаре, така да не е проблем во прва прилика кога ке се видиме ке имаш и прилика да ја повозиш. Предницата се решив да ја правам кај тихо, затоа што имам другар со алфа кој често иде на далечни патувања со неа и од кога ја направи кај тихо, колата немаше гајле наредните 2 години, па баш поради тоа ја однесов таму, но како и да е советот е примен, прва прилика ке нарачам комплет TRW имам луге кој можат да ми ги донесат од горе така да ке ми бидат во план.

Штом си кај Жаре, тогаш супер.
Јас си зедов горни Lemforder - ги имаш по одлична цена во Мега Ауто Партс.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #14 на: 29 Јуни 2015, 15:38:35 pm »
Најде Алфиче а, супер, со здравје да си ја возиш. Многу безгрижни км.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that