Јас нема да имам проблеми со газдата, зошто точачево не ни има газда
А трошењето време и пари? Интересни машини ми се точаците. Полека учам да ги сервисирам сам, бидејќи ми е мерак, а и бидејќи имам слободно лето пред мене. За парите... ќе пишам на крај целосен трошок, заедно со ситници.
Да продолжиме со проектот:
Фарбање на голата рамка со основна боја:Стругањето на рамката и вилушката заврши, по што почна нанесување на подлога во вид на основна боја за метал која би требало да штити од понатамошно кородирање. По нанесени две (и половина) раце основна боја, рамката и вилушката изгледаа вака:
И воланчето си добило ’рѓа кај што биле прицврстени кочниците, па и тоа се иструга со челична четка и се помина со основна боја. Утре ќе се помине со црна, па на крај со малку лак, колку толку да се изедначи со нефарбаниот дел.
Исто и багажничето, ситни точки ’рѓа од стоење на отворено. И тоа премачкано со основна, ќе оди или во бојата на рамката или во црна боја, зависи од расположение во моментот
Исчистени тркалата, кочниците, и сите останати делови што ги извадив од точакот. Од овој куп треба да се состави велосипед, така да wish me luck.
За денес толку. Нареден пат се планира фарбање и потсредување на браниците.