Автор Тема: Toyota Auris 1.4 VVTI  (Прочитано 53177 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #60 на: 15 Август 2016, 09:56:06 am »
Во саботата на 13.08.2016 направен редовен сервис во Тојота Авто Центар.
Поминати километри до сега 57.300 или 10.600 од последниот сервис во Август минатата година.
Цените беа следни:
- Моторно масло Тојота 10-40 = 1.728,00 денари
- Дихтунг на штоопна на картер = 36,00 денари
- Филтер за масло = 585,00 денари
- Работна рака - 969,00 денари
_______________________________________________
ВКУПНО = 3.318,00 денари

Филтер за воздух и филтер за полен земав сам од Солид бидејќи нивното менување трае една минута за двата филтри, и истите чинеа:
- Филтер за воздух = 300,00 денари
- Филтер за полен = 500,00 денари
ВКУПНО = 800,00 денари

Комплетен редовен сервис ме чинеше 4.118,00 денари

Од сервисот на Тојота, презадоволен до сега, затоа и уште таму ги правам редовните сервиси, закажано во 10 часот, малку задоцнив, и одма кога се ослободи дигалка, ја средија колата, покрај редовниот сервис ја проверија, и колата е во одлична кондиција, ми сугерираа дека нареден сервис ќе треба да се менуваат предни плочки и дискови, плочките ги имам купено, и ги возам неколку месеци во гепек, ама ова за дисковите ме изненади, многу рано некако да се изедат на 57.000 км.
Неделава ќе ги сменам само плочките ќе ги проверам и измерам дисковите, па ќе видам дали ќе ги сменам и нив.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #61 на: 15 Август 2016, 12:07:53 pm »
Со сиот ум тураат 10w-40?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #62 на: 15 Август 2016, 12:39:18 pm »
Со сиот ум тураат 10w-40?
Да бе и мене тоа око ми фати...
А и за дисковите ми е малку неверојатно дека се за менување.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #63 на: 15 Август 2016, 15:10:30 pm »
Со сиот ум тураат 10w-40?

Пред две или три години баш им спомнав за тоа, нивниот одговор беше дека нема потреба на таа кола од поскапо масло, им кажав дека цената не игра улога, на што добив одговор дека од незнам која база имале насока да стваат такво масло во тој тип на возило.
А искрено, јас и не гледам некоја разлика, сега за сега се е ок, така да ништо не би менувал, и по тоа прашање ќе верувам на овластениот сервис.

Со сиот ум тураат 10w-40?
Да бе и мене тоа око ми фати...
А и за дисковите ми е малку неверојатно дека се за менување.

Дисковите ги загледа без да извади тркало, така да не ми е многу меродавно тоа, ќе ги проверам јас, па ќе видам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #64 на: 15 Август 2016, 15:15:41 pm »
А искрено, јас и не гледам некоја разлика, сега за сега се е ок, така да ништо не би менувал, и по тоа прашање ќе верувам на овластениот сервис.

Остај ти овластениот сервис, слушај ја шо ти кажувам ;D
Ако според некоја спецификација треба 10-40 (што не верувам за тој мотор) тогаш секако не штети а и подобро е да ставиш 5-40. Маслото е со истата градација и истата вискозност на топло само што е подобро на ладно односно на ниски температури е поретко од што бенефит би имал секој мотор. Башка 10-40 е полусинтетика а 5-40 е фул синтетика.
Јас на твое место би си сменил сам или би им наредил да стават 5-40.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #65 на: 15 Август 2016, 15:18:43 pm »
Минерално масло е тоа со инфериорни карактеристики. Ама веројатно моторчето си пие масло по малце од фабрика па му тураат подебело.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #66 на: 15 Август 2016, 15:20:43 pm »
абе за дисковите е дискутабилно ама се е можно. Јас на ибицата на 60к ги сменив прв пат, во порше рекоа дека готово отидени се а јас тогаш не бев тука и татко ми сменил се.

од тогаш еве сега имам 145к нема сменето ниту ми рекле после проверка бидејки им нагласувам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #67 на: 15 Август 2016, 15:23:23 pm »
Минерално масло е тоа со инфериорни карактеристики. Ама веројатно моторчето си пие масло по малце од фабрика па му тураат подебело.

Па не е подебело. 5-40 е исто дебело како и 10-40. Разликата им е само на ладно што 5-40 е потенко, а пошто е поскапо верувам дека има и подобри адитиви и подолго ги задржува својствата. Барем јас така мислам од читање наокулу.

абе за дисковите е дискутабилно ама се е можно. Јас на ибицата на 60к ги сменив прв пат, во порше рекоа дека готово отидени се а јас тогаш не бев тука и татко ми сменил се.

од тогаш еве сега имам 145к нема сменето ниту ми рекле после проверка бидејки им нагласувам.

У принцип не е лоша идејата со промена на плочки да се менуваат и дискови, како пар од ист производител и едното и другото за најдобри перформанси. Само дали се исплати е прашањето.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #68 на: 15 Август 2016, 15:38:00 pm »
Далеку од исто дебело на топло, ме мрзи да објаснувам сега. Башка минерлно вс синтетика е огромна разликата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #69 на: 15 Август 2016, 16:03:19 pm »
Пошто тебе те мрзи еве може овде да се прочита: http://www.ehow.com/about_6736947_5w_40-vs_-10w_40-motor-oil.html

Ако го интересира Калимерота у детали еве се што му треба да знае за маслата: http://www.carbibles.com/engineoil_bible.html

Заклучок, 5-40 е подобро од 10-40 во услови каде постои зима. Тоа е препораката за сите мотори кои треба да употребуваат градација 40.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #70 на: 21 Август 2016, 22:19:30 pm »
Denes na 57.600 km, smeneti predni plocki, staveno Ashika. Posle 50 tina km OK mi izgledaat, kje vidime ponataka.
Diskovite imaat uste za vozenje, gi proverivme i gi ostavivme.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #71 на: 24 Август 2016, 00:49:51 am »
Легнаа плочките по само 50тина км?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #72 на: 24 Август 2016, 06:27:06 am »
Posle 50 tina km kocheshe ok, ne propagjashe i ne beshe meka kako shto e posle menuvanjeto, sega posle 400 km imam chustvo deka podobro kochi so ovie otkolku so fabricjkite plochki.

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #73 на: 24 Август 2016, 11:55:24 am »
Мој совет е да му ставаш 5-30. И јас додека го носев Јарисот на сервис кај нив истиот беше муабетот ништо не му е тоа е за него, кога заврши гаранција почнав да ставам 5-30 и си е супер. Го имаш оргиналното Тојота уље во Аутофилтер во Карпош 4, 5-30 кошта 700 ден литар.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #74 на: 24 Август 2016, 12:55:55 pm »
Колку што го погледнав упатството за употреба за последниот модел што се продава се препорачува користење на Тојота Genuine Motor Oil SAE 0W-20, кај твојата не би требало да има некоја поголема разлика во вискозноста.
Најдобро ти е да си го прегледаш упатството за употреба и води се според него, оти ако нешто се расипе сигурно дека сервисерите од тојота нема да ти го поправат бесплатно, туку ти ке си платиш. По некоја логика тие што ја направиле колата, подобро знаат што е најдобро за нивната кола, отколку некој сервисер.