Автор Тема: Toyota Auris 1.4 VVTI  (Прочитано 53133 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #165 на: 08 Ноември 2021, 21:05:32 pm »
Јас на тие контролори по техничките не им верувам.
Со Кампусот со предница пред распаѓање одам на технички само ради тоа да видам шо ќе ми кажат.
Ми викаат абе супер е,чаурите се при крај ама немаат гајле.Поќе од 60 не се возеше со колата пошо воланот не се знаеше кај ќе замини.
  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #166 на: 08 Ноември 2021, 21:22:27 pm »
Колава регистрирана и утврдено дека подвозјето е коска здраво, а си има 14 годинки полни.
Многу многу корисно и благодарно возило.

Регистрацијата исто како и лани.
Трошоци на технички 4.700 ден плус 300 ден за незнам каков пакет во ПСС (ова и го шитнале на жена ми додека бев кај контролорите за да им кажам да ја прегледаат убаво)
Полиса 3.700 ден



Во ПСС рачунај исто како да не си ја носел на технички,  се живо и диво поминува па затоа со резерва би го земал тоа што ти го кажале. Не сакам да кажам дека подвозјето не е ок, него дека еден куп коли што не смеат да поминат и не поминуваат на друго место, во ПСС ги поминуваат

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #167 на: 08 Ноември 2021, 21:26:01 pm »
Pa ne e bash taka, jas koga bev vrakaa koli so temni stakla bez atest. Taka da neso od neso vrakaat

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #168 на: 26 Февруари 2022, 18:47:15 pm »
За евиденција.

Денес на 89.400 км променети по втор пат задните плочки. Купив и предни ама рано е за нив па ќе ги чувам за понатака.
Плочките земени од Солид.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #169 на: 10 Април 2022, 11:07:40 am »
Од денес на летни гуми, ставени на изминати 90.200 км, не сум пишал кога сум ги ставил зимските па незнам колку сум поминал со зимските.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #170 на: 13 Август 2022, 12:05:14 pm »
Направен редовен сервис на 92.000 изминати километри.
Ставено Петронас 10-40 масло, сменети и сите филтри: уље,  воздух и клима.
Целото задоволство чинеше 2.400 ден.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #171 на: 15 Август 2022, 12:45:34 pm »
како бе...?
ај пиши ги поединечно цените

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #172 на: 15 Август 2022, 13:06:15 pm »
Јапанац, брат.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #173 на: 15 Август 2022, 13:27:30 pm »
Ја фрлив сметката...

Се јавив во Фас Вас, ми закажаа за во Сабота во 10.30, и бидна ... :)

Филтрите беа по 220 денари или така нешто, уљето 450 ден/литар.

Промената е бесплатна ако земеш од кај нив. Дечките се супер услужливи и затоа си менувам кај нив.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #174 на: 15 Август 2022, 14:04:45 pm »
Само што ти ја утнале градацијата на маслото. За мотор со ланче не би рекол дека треба да се стави 10-40.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #175 на: 15 Август 2022, 14:15:51 pm »
Не е утната, 10 години ја сервисирав во овластен и од првиот сервис ставаа 10-40 масло, ги прашав првиот пат зошто такво кога треба 5-30, ми покажаа допис каде стварно беше наведено дека за овој мотор треба да ставаат 10-40.
Еве ја 15 години тера, така да и да има некој проблем пре би го препишал на годините отколку на маслото.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #176 на: 15 Август 2022, 16:02:29 pm »
Имаше член на форумов каде што има сменето ланче поради користење на 10-40 на истава кола.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #177 на: 15 Август 2022, 21:46:52 pm »
И јас мислам дека 10W-40 не е соодветно во конкретниов случај.

Сервисната шо кажува?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #178 на: 08 Ноември 2022, 09:04:20 am »
Регистрирана вчера, се си е супер, иако јас мислам дека треба да менувам стабилизатори.

Трошоци:
- АО полиса - 3.705 ден
- Давачки на технички - 3.179 ден
- Јавни патишта 2.201 ден

Се Вкупно - 9.085 ден

Околу 700 денари поскапо од лани, зошто и јас незнам.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #179 на: 12 Ноември 2022, 14:57:03 pm »
Од денес на 93.000 км на зимски гуми, со летните поминати 2.800 ден сезонава. Баш мислев дека е повеќе возена ама само низ град не се вртат многу километри.