85.100 км
Последниве месец два тешко палеше насабајле или после подолго стоење, а и губеше до одредено ниво антифриз и стоеше така малку под минимум, со тоа знаеше и парно да снема, ама на повисоки вртежи ќе дувнеше топличко.
Сабјалево ја виде еден локален плинар кај мене во Кисела вода и вакумот од расплињачата пушташе по малку, затоа тешко палела после долго стоење, а антифриз пушташе од приклучоцита за расплињачата, тоа го знаев, се гледаше.
Ми предложи да ја репарира или да смени нова, како сакам така.
Ставено нова расплињача иста таква ловато, сменети сите црева околу неа и сменет филтерче.
Цело задоволство чинеше 7.100 денари