Кои се показателите?
Три пати годишно да има одено до Бургас/Варна и до Софија, а во другото време да стоело во гаража ќе има 50 000 километри изминато. Ако овој од Велес ја има една година, барем неколку пати има одено до БГ. Неколку пати, неколку илјади километри. :-)
Прво би погледнал кога му е првата регистрација во Бугарија и би споредил со годината на производство (која може да се извади од ВИНот). Чисто да знам дали е увозна или не.
Бугарските таблички со ѕвездите на ЕУ доаѓаат некаде Април 2008ма. На рамките на таблиците има МКар, со ВИНот би се јавил и контактирал за повеќе информации дали е купена од кај нив, или дали е сервисирана таму.
Внатрешноста и кожата нема да ја коментирам. Можеби не е толку одржувана. А за воланот, можеби на претходните газди многу им се потеле дланките. Или така ми се гледа заради квалитетот на сликите.