Автор Тема: Low Oil Warning - Fiat Stilo  (Прочитано 1938 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Low Oil Warning - Fiat Stilo
« на: 01 Март 2015, 11:58:01 am »
Здраво друштво,

синоќа кога се враќав накај дома, ми светна сијаличка со жолт извичник и порака Low Oil. Застанав да проверам на "шипка", имаше 1/3, па продолжив. По неколку часа откако стигнав дома, проверив пак. Тогаш не јавуваше Low Oil на бордот, туку покажуваше една точка од 6 (или 7, не знам колку се точно). Што значи не е компјутерска грешка. Проверив на "шипката", имаше нешто повеќе од 1/3. Пред овој "проблем", на бордот секогаш покажуваше 3 или 4 точки, зависно од положбана во која е паркиран автомобилот.

Вечерва треба да возам до Скопје, а денес мајсторот за масло не работи. Па, ваше мислење? Дали да земам масло од бензинска и да му дополнам? Не се сеќавам какво точно масло има во автомобилот, знам дека беше нешто Selenia Diesel.. па дали ќе е проблем ако му дополнам, да речеме 1 литро од неистото масло?

Инаку се работи за Stilo 1.9 JTD

Ви благодарам на времето.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #1 на: 01 Март 2015, 12:12:50 pm »
Било кое уље е подобро од тоа да нема уље.

Претпоставувам користел Селениа Турбо Дизел 10W-40.


Ако уљето си стои на 1/3 од шипка односно е над минимумот нема потреба да се замараш. Електронскиот мерач знае некогаш да си поигра во зависност од временските услови, колку е рамно местото каде паркираш итн.
ЈТД моторот во принцип не троши уље или пак минимално е тоа. Јас за во иднина ти препорачувам да користип 5W-40 градација заради заштитата на турбината, побрзо подмачкување при ладен старт итн

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #2 на: 01 Март 2015, 12:13:00 pm »
Само иста градација.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #3 на: 01 Март 2015, 12:36:43 pm »
Ова може да биде проблем со притисокот!
Можеби филтерот, можеби вискозноста на маслото???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #4 на: 01 Март 2015, 13:12:15 pm »
Сензорот на ЈТД дизелите често знае да покаже  погрешна информација. Секогаш ослонувај се на визуелна проверка на шипка.
Правилното мерење е на рамна површина со загреан мотор, угаснат и 10 минути одстоена колата.
Ако е 1/3 над миниум, а си блиску до сервисен интевал, тогаш не дирај ништо. Имаш доволно уље. Може да доставиш 300-400 грама со иста градација, за „mind peace"

@SaleSK, на JTD дизелите „Low oil level“ значи баш тоа. Ниско ниво за масло. За притисок е друг сензор, и информацијата е "Low oil pressure" и светнува црвената сијаличка со кантичка за уље. Ова е само предупредување ;)

edit: Не сум сигурен, може да свети и кантичката, ама сепак предупредувањето е од сензорот за ниво.
« Последно менување: 01 Март 2015, 13:17:31 pm Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #5 на: 01 Март 2015, 13:31:16 pm »
Тукушто проверив на шипка, целосно ладен мотор, воопшто неработен од вчера, автомобилот паркиран на блага удолница (предниот дел е на надолу), нивото на маслото е на минимум, т.е. малку испод минимум, а на борд покажува една точка. Синоќа на топол мотор (околу 40°) беше 1/3 на шипка, а на борд светеше жолтиот извичник со порака Low oil level.

Маслото и филтерот се сменети пред нешто помалку од 3500км.

Мислење/совет?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #6 на: 01 Март 2015, 13:33:32 pm »
Дополни масло на блиску до макс и прати како ќе се одвива потрошувачката. Можно е при сервис да не ти наточиле доволно, тоа е добрата варијанта, а лошата е да почнала да троши малсло :)

Кога ќе дополнуваш следи ги упатствата за проверка. Топол мотор (масло), одлежан 10-тина минути, на рамно. Дури и малку да на удолница колата, погрешна информација ќе добиеш за нивото.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #7 на: 01 Март 2015, 18:03:08 pm »


Скоро сум сигурен дека вакво беше маслото коа го ставив. Дали е ова 10w40? Прошетав по бензинските, никаде нема Селениа. Па претпоставувам дека нема да е проблем да земам од Лукоил-овото10w40, да му дотурам 500мл до 1л, така?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #8 на: 01 Март 2015, 18:13:29 pm »
Нема проблем, ама ако немаш потреба, причекај до утре, па појди во фиатов сервис, или фас-вас, или ауто-филтер, земи си Селениа. Не ти гори под нозе, сепак не си под минимум.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #9 на: 01 Март 2015, 18:27:46 pm »
Штотуку измерив на шипка по метдот на Симо. Загреан мотор до 90, оставен 10-15минути на рамнина. Нивото е до половина, исто толку покажува и бордот. Претпоставувам дека ова беше лажна узбуна :D и без проблем вечерва ќе стадам до Скопје, па утре ќе идам до сервис на проверка.

Ви благодарам на времето.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг:
« Одговори #10 на: 01 Март 2015, 18:30:35 pm »
Kaj  mene isto pravi lazna uzbuna all ne te mrzi iscisti gi kontaktite na senzorot bi trebalo da prekine

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Low Oil Warning - Fiat Stilo
« Одговори #11 на: 01 Март 2015, 18:31:04 pm »
Сигурно ќе стасаш, ич да не се секираш!
Инаку, глеј да не го преполниш со уље, тоа е исто така заебано, ќе ти отиде од иберлауфот во усисна, ќе ти замасти МАФ и интеркулер, лом ке ти ги напраи! Боље да го чуваш на 1/2-3/4 нивото.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.