Здраво друштво,
синоќа кога се враќав накај дома, ми светна сијаличка со жолт извичник и порака Low Oil. Застанав да проверам на "шипка", имаше 1/3, па продолжив. По неколку часа откако стигнав дома, проверив пак. Тогаш не јавуваше Low Oil на бордот, туку покажуваше една точка од 6 (или 7, не знам колку се точно). Што значи не е компјутерска грешка. Проверив на "шипката", имаше нешто повеќе од 1/3. Пред овој "проблем", на бордот секогаш покажуваше 3 или 4 точки, зависно од положбана во која е паркиран автомобилот.
Вечерва треба да возам до Скопје, а денес мајсторот за масло не работи. Па, ваше мислење? Дали да земам масло од бензинска и да му дополнам? Не се сеќавам какво точно масло има во автомобилот, знам дека беше нешто Selenia Diesel.. па дали ќе е проблем ако му дополнам, да речеме 1 литро од неистото масло?
Инаку се работи за Stilo 1.9 JTD
Ви благодарам на времето.