Автор Тема: ПРАШАЊЕ!  (Прочитано 62689 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #75 на: 01 Октомври 2011, 14:28:41 pm »
Искрено ми е многу жал за она што се случило кај нашиот член.

Не сум стручен да давам коментари во врска со дефектот а и онака моите коментари во врска со Алфа би биле сватени погрешно.

Како и да е.

Браво за одговорот, вака се однесува одговорна фирма спрема своите клиенти.

Секоја чест од мене!






Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #76 на: 01 Октомври 2011, 14:33:25 pm »
Па на дтугиот форум се вака активни зашто да не бидат и тука кај нас.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #77 на: 01 Октомври 2011, 14:42:02 pm »
Хммммм

Сега кога боље читам.

Малце во лош контекс сум спомнат, на Члинк ова на Члинк она. Јас нигде не сум рекол дека мојте механичари ми кажале нешто. Многу жустро а нема потреба.

Направивте и вие грешка па јас кај никого не се жалев нити барав надоместување. Нема потреба од толку дрско спменување на моето име/надима/ник.

Јас не ве окривив побарав објаснување од овој тип, и покрај се вие мене дирекно не ми се обративте, А јас сум тој што прашува.

Зашто е тоа така?

Пак фала на одговорот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #78 на: 01 Октомври 2011, 14:52:57 pm »
Заклучок:

Конструкцијата и материјалот од кој се изработени вентилите на возилата од гамата на Алфа Ромео не дозволува оштетување на истите поради користење на плински погон во било кој режим на возење.


Сега можам со мирна совест да го „газам“ алфичето дур не му се скине каиш :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #79 на: 01 Октомври 2011, 14:55:33 pm »
Пожелно е по поправката возилото да дојде во нашиот сервис за ново штелување на плинскиот уред.
Немав таква намера, ти си едноставно, клиент кој користи плински погон на своето возило, и твоите мислења се засноваат на информации кои ги добиваш од околината околу тебе, што е и реално, и не си единствен.  И мојот ,,говор" не беше во тој контекст, можеби погрешно си сватил читајќи, а можеби погрешно сум се изразил во тој поглед.
Се извинувам
Поздрав
« Последно менување: 07 Октомври 2011, 17:10:32 pm plimont »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #80 на: 01 Октомври 2011, 14:57:21 pm »
@Carrier166
А ти као до сеа да не си го газел :D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #81 на: 01 Октомври 2011, 14:58:09 pm »
Фала на одговорот и разбирањето.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #82 на: 01 Октомври 2011, 15:00:58 pm »
@Carrier166
А ти као до сеа да не си го газел :D
Да, ама сеа совеста ќе ми е помирна :D До сеа имаше “а што ако до сеа малце вентилине сум ги схебал“, од Мај ја возам на плин, веќе околу 10-тина илјадарки.. се` бива...
Сеа на раат и со осмех на лице ќе си ја газам. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #83 на: 06 Октомври 2011, 21:26:41 pm »
Коментари полни со нервоза, а засновани на ,,слушнав..” и ,,сите така викаат..”.
Ме потсеќа на времето кога  истовремено студирав и во куќната гаража почнав да вградувам плински уреди. Тоа беше времето на ладите и заставите, време на коментарите ,,слушнав” и ,,сите така викаат”, време кога и моите коментари кон клиентите се засноваа на ,,слушнав” и ,,така ми рекоа”. Тогаш беше ,,општо познато’’ (сите викаа), дека плинот го уништува моторот, и механичарите скоро секој ден среќавале последици (читај: гореле моторите) кај заставите и ладите кои имаа вградено плински уред. Би ме радувало, сега, после шеснаесетина години, да ми објаснат зашто ладите и заставите сеуште се во возна состојба. Уште колку треба да чекаме за да догорат моторите.

chlink: А сега нигде ги нема (се однесува за плимонт и темава)

Зашто?
Затоа што времето на ,,рекла - кажала” помина. Денес е време на информации, здрави информации, поткрепени со испитувања и огромно искуство.  Ниеден од моите вработени не смее да даде одговор кој не е поткрепен со факти добиени од реномирана институција или компанија-глобален играч во светот на авто-индустријата, и не можат да влегуваат во дискусии каде што целиот разговор се сведува на информации од механичари, продавачи на возила... (гледано од аспект на влијанието на плинот врз елементите на возилото)

Плимонт не дава совети зашто ,,така слушнал”, секој совет кој си го добил од Плимонт, всушност е совет на институција или компанија која е реномирана и ценета во сферата на автогасот во светски рамки, и зад кој стојат испитувања на кои се трошат  милионски цифри.

Инволвирани страни:
1.   Плимонт
2.   механичарите на chlink
3.   Ланди Рензо
4.   Алфа ромео

1.Плимонт:
-Нема лаборатории за испитување на материјали
-Нема лабораторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од возилата
-Нема испитен центар во кој ќе се симулира движење на испитно возило на плински погон, на кое после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), за да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии.
-Плимонт вградува во просек 100 плински уреди месечно, повеќе од 1000 на година,  откога почнаа гласините за негативното влијание на плинот врз вентилите на возилата (веќе седум години), во Плимонт се вградени над 7 000 плински уреди.

Врз основа на овие податоци, Плимонт не може да испита дали вентилите на алфата изгореле поради плинот. Затоа се базираме врз податоци од испитувања кои ги спровел некоја институција или моќна компанија.





2.    механичарите на chlink

-Нема лаборатории за испитување на материјали
-Нема лабораторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од возилата
-Нема испитен центар во кој ќе се симулира движење на испитно возило на плински погон, на кое после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), за да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии.

На која основа го изнесуваат своето мислење? Веројатно на,,Така слушнале”?


3.   Ланди рензо
-Има лабoратории за испитување на материјали
-Има лабoраторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од возилата
-Има испитен центар во кој ќе се симулира движење на испитно возило на плински погон, на кое после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), за да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии.

- Капацитет: 1600 ВОЗИЛА НА ДЕН / годишна продажба: преку 1.2 милиони системи.

Ланди Рензо е групација која има енормни капацитети за производство, тестирање и контрола , како и лаборатории кои коштаат милиони евра.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Овде ќе се надоврзам и на списоците кои се постирани од нас на втората страна од темава.
Освен списокот од Ланди Рензо, поставени се уште два списока со возила кои може да појават проблем;
-Списокот на Принс
Принс се базира на три извори: customer (би го превел како, дилерите на принс), Принс (сопствени испитувања и искуства) и A.E.B (тој е во склоп на Ланди рензо и е најголем производител на електроника за алтернативни горива).

-Списокот на Флеш Лубе
Бидејќи Ланди Рензо и Принс произведуваат авотогасна опрема, го постирав и списокот на Флеш Лубе, бидејќи на таа компанија би и одговарало на списокот да има повеќе типови на возила.

Меѓутоа, Алфа Ромео го нема на ниеден список. И тие возила кои се спомнати на списокот немаат проблеми со вентилите доколку не се возат под високи вртежи цело време, а за Алфа Ромео, бидејќи не фигурира на списокот, излишно е да се разговара на оваа тема.

Одговорот од Ланди Рензо:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)




4.   Алфа Ромео
За жал, до овој момент немам одговор од компанијата Алфа Ромео, меѓутоа очекуваме одговор и од нив, кога ќе го добиеме веднаш ќе го постираме.



Заклучок:
Конструкцијата и материјалот од кој се изработени вентилите на возилата од гамата на Алфа Ромео не дозволува оштетување на истите поради користење на плински погон во било кој режим на возење.
Јас сум Атанас Милошевски, сопственик на Плимонт, бев ,,Атанас кој монтира плински уреди” во времето на заставите и ладите, сега сме екипата на ,,Плимонт,, Навистина жалам за случката со вентилите, но проблемот дефинитивно не е предизвикан од Плимонт и од плинскиот уред кој е поставен на возилото.

Ние со вградени над 7000 возила во последните седум години, не се осмелуваме да дадеме совет без да се консултираме со Ланди Рензо ( компанија која самостојно вградува и до 1600 возила на ден), не ми е јасно како некој на своја рака се осмелува да даде паушално ,,стручно” мислење за вакви сериозни прашања.Eдноставно кажано -топлата вода веќе  е измислена, не може Плимонт и механичарите од Македонија повторно да ја измислуваат.

Имав во план да постирам уште неколку работи, обврските ме притискаат, мислам дека и ова е доволно. Ви го оставам Звонко да продолжите со дискусиите.
Поздрав








абе ова што се гледа на третата слика за Х2 components....., има и тестирање за водород или...?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #84 на: 06 Октомври 2011, 21:44:38 pm »
Да, а водород за популацијата во Македонија е сеуште шпанско село. Би било згодно некој повеќе да објасни околу постаката, ама да не се труе темава подобро би било да оди во нова тема.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #85 на: 07 Октомври 2011, 16:22:11 pm »
Префрлено во нова тема

Отсутен Kazaam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #86 на: 16 Октомври 2011, 02:39:10 am »
Jas iskreno ne veruvam deka pricinata e plinot. Bar ne od moe iskustvo. Vozam Lada 110 koja poveke od 8 godini i preku 80.000km se vozi na plin, a poslednite 3-4 godini isklucivo na plin! (izvadena e ben. pumpa)
Za toa vreme kola e cesto gazena. E sega, ne sum isprobuval na max brzina da vozam cel saat, ali pr. niz skopjevo moze da kazam deka dusha i e izvadena so najdolem del papuca do kraj. Istoto vazi i za na otvoreno, samo sto na ramno ja imam sterano 2 pati. Na pocetok koga bese taze namesten plinot na relacija Tetovo-Skopje stignav do 160 (max e 170 po katalog), no bev so majkami i sestra mi vo kola i se ukluci alarmot vednas :-/. Letovo na vrakanje od Kokino, od kluckata sto e kaj Nagoricane, pa se do vlez na Skopje kontaktno ja vozev 170, na negde 4100-4200 vrtezi.
Plus, za golem del od vremeto od koga e staven plinot, poradi toa sto od plinot znaat da e slucuvaat detonacii nadvor od motor, se prnja MAF sensorot i dava gresni informacii, i poveke od 5-6 godini se vozi so otkacen senzor, t.e. smesa koja sto nikoj ne znae dali e bogata, siromasna ili sto ti ja znam. Taka da, ako bese do plinot koj znae kolku pati ke tebase da menjam ventili za ova vreme.

No ete, drug motor pa moze i drugi uslovi, pa moze i tao da ima nekakva vrska. No tesko veruvam deka Ladinive ventili se poizdrzlivi od tie na Alfata. Kako i da e, se nadevam deka ke doznaes tocno sto e pricinata (ili nizata na pricini) poradi koja e nastanat defektot, ako nisto drugo barem i ti a i drugite da znaat na sto da pazat.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #87 на: 30 Јануари 2012, 00:40:44 am »
друже... технологија на лада и на алфа споредуваш? прво и основно на лада да ти се скине ребраст каиш, (оние мотори со ребраст каиш што се) е единствена кола на која нема да скрши ама баш ништо.. едноставно идеш (шлепаш) на мајстор и ти тураат нов каиш. штеловаат и толку... лада е нешто сосем друго... го правеле руси бре хахаха... да точно е дека еден куп коли и мотори бараат мазалици за вентилите да не изгорат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: ПРАШАЊЕ!
« Одговори #88 на: 01 Ноември 2012, 16:36:59 pm »
Eve spisok od Prins na nekoi vozila kaj koi plinot pravi problemi.

http://www.sendspace.com/file/rz4y5e

http://www.sendspace.com/file/9q2hz6