Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 245280 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7435
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #90 на: 15 Април 2015, 10:47:37 am »
Кај Свети Николе мереле со радар, точно каде не знам. Го застанале брачет ми. ;D Значи радариве периодот се 24/7 во функција. :)  Возете до +30 од ограничувањата. :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14156
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #91 на: 15 Април 2015, 13:07:47 pm »
Вчера на Видое Смилевски ги ловеа оние што вртат од кај Мирко 919 преку дупла полна.


тоа е стамдард тука... нај малку еднаш дневно стојат тука и полнат квота... а убаво викаше кими... заврти си десно, за 10-15 метри имаш влез во паркингот на кој ти е дозволено полукружно да свртиш и да си се вратиш назад, сосема легално и исправно...

а да не праам муабет што барем еднаш неделно некој се исчукува тука токму заради тие што излагаат од таму на лево вртејки преку полна ДУПЛА линија...

Да, првиот влез кај мене за на паркинг.

Пак, многу глупаво е решението кај Мирко, ама ајде. Се надевам дека кога (некогаш) ќе го реновираат булеварот (иначе Февруарски Поход е, не е Бато :D) ќе го средат тоа, посебно заради тоа што токму на тоа место сега ќе градат училиште, па уште толку ќе се зголеми сообраќајот.

Отсутен Bardako

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #92 на: 15 Април 2015, 14:21:18 pm »
Вчера имаше радар кога одиш од зелено пазарче накај веро центар - точно покрај верото беа застанати , возев 60-тина и еден со Мерцедес МЛ ме прелета сигурно со 120 (пошто го фати зелен семафорот кај зелено) и го јадеше стапот... застана после 50 метри од полицијата па се враќаше назад :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #93 на: 15 Април 2015, 14:56:20 pm »
Така треба браво

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг:
« Одговори #94 на: 15 Април 2015, 20:22:24 pm »
Siguren si deka go jadel? Ako go zastanale ne znachi deka go jadel.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14156
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #95 на: 15 Април 2015, 23:18:27 pm »
Замисли им се вратиш

„Ај да видам дали ќе му пишете казна?“ :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #96 на: 21 Април 2015, 19:32:54 pm »
Полиција у акција на Московска кај Анса - карши пазарчето у Тафталиџе...

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #97 на: 21 Април 2015, 20:09:13 pm »
фала ти џиџи, и онака сум у комшии а летав натаму прееска, ќе си бидам претпазлив :)
No turbo, no fun :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #98 на: 21 Април 2015, 20:45:16 pm »
визбегово кај првата макпетрол мерат со радар

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #99 на: 05 Август 2015, 18:08:22 pm »
Кога идете кон Крива Паланка штом го поминете Страцин почнува удолница која плаче за 120+ км/ч. Внимавајте тука пошто ограничувањето е 60 а знакот може да ве збуни пошто некој со црн спреј го има преправено во 80. Жацовци стојат баш таму каде што се врти десно за Кратово. Тука стојат Кратовски милиционери. Паланечките жацовци се од наредното населено место а тоа е Ранковце.

Од тука до Крива Паланка мој совет е возете според соодветните знаци на патот, особено ако сте со "странска" таблица (различна од KP) затоа што можат да бидат во секое наредно населено место, и тоа: с. Гиновци ( кај бензинската "Кратер"), Псача (кај автобуската постројка на самото проширување на патот), с. Мождивњак (на проширувањето пред училиштето), па од тука до Паланка знаат да ловат на уште 2-3 локации.

Скоро секој ден, по некад и по цел ден, стојат на влезот од градот каде што се дели патот за влез во Паланка и обиколница а ако не се тука тогаш обавезно ги има на излезот од градот каде што завршува обиколницата (Мотел Македонија). Исто и накај митницата Деве Баир, возење по пропис, не знаеш од кај можат да ти искочат.

Во кратки црти од Страцин до Деве Баир или обратно возење по пропис освен ако не сакате да донирате за Буџетот на РМ.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #100 на: 11 Септември 2015, 12:05:44 pm »
Ако некој вози накај Кр. Паланка бидете внимателни жацовци мерат со радар кај с. Псача во двата правци.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7435
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #101 на: 29 Септември 2015, 11:25:36 am »
По партизанска мереле со радар и застанувале. Конкретно во Влае,  друга локација не знам. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29777
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #102 на: 29 Септември 2015, 11:27:34 am »
Таму се веќе три дена.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7435
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #103 на: 29 Септември 2015, 11:33:22 am »
Среќа со скутерчето не сум искочен, иначе наебав. ;D :D

п.с. 3 дена се таму, а никаде не прочитав низ темиве мислам... ;D :D

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #104 на: 29 Септември 2015, 14:09:26 pm »
По партизанска мереле со радар и застанувале. Конкретно во Влае,  друга локација не знам. :)
Менуваат локации цел ден, најчесто се кај факултет за туризам, крај на Партизанска-Влае, Лептокарија и кај Палма.