Немаше кај да прашам.. Пошто се зачудив денеска..
Имено.. Имав куче пекинејзер (кралски ептен убав), и го однесов на парење кај едни луѓе, и после некое време рекоја имаме кучиња елате да видите.. ојме ги гледаме (4 беа) и ни вика ова ќе биди за комшијата, а од другиве едно одберете си.. и и рековме кога ќе дојме да ги земиме ќе си одбериме едно.. и се ок, кога ни се јавува, кучињата пцојсаа.. и одиме вака ги гледаме 3те, а четвртото веќе пред тоа го зел комшијата.. и рековме ај добро, следниот пат ќе земиме, сега ништо...
После 3 недели од тогаш мене пекинејзерот ми умре и ништо од кучињата...
Кога пред 2 дена ми се јавува човекот вика имам кучиња за тебе... Одиме и ни кажува дека нивното куче се спарило со кучето на комшијата (а тие се мајка и син)...
Е сеа имаат 2 кучиња, од кои едното е исто (поради генетиката) како нашето поранешно ( тоа што ни умре), и сега за некое време ќе одам да си го земам, пошто уште цицаат...