@Carrier166
Немам намера да те разубедувам, ама знаеш убаво дека две твои нешта од телото не се исти (немаш ист осет, рефлекс ...), а не па коли - Како мислиш тогаш на ист начин да ги подобриш? Ај ќе носиме сеа сите од крвна група А, наочари +0,5 ... Не иде така работата, знаеш и сам, а веруаш и у све што ќе ти се сервира ИЛИ бараш од нас да ти веруаме. Имав прилика у живо да видам разни пауер боксови со куп електроника внатре, за плашење на луѓе и правдање на парите, а на крајот у ствари се сведува пак на piggyback. За тоа пишував претходно одамна...
http://www.carclub.mk/index.php/topic,407.0.html
Се знае како се прави професионален тјунинг - само на лице место со возилото, отчитување на фабричките параметри, нивно модифицирање и тестирање на дино, па ако не е тоа што сме сакале да го добиеме, ИАКО имаат претходно дефинирани БАЗНИ фајлови за моделите (добиени со пресметка на просечни вредности, стандардна девијација и коефициент на варијација од најмалку 10 „исти“ возила - истите повторно се ПРЕмодифицираат во зависност од моменталните услови на теренот (како што реков не се сите коли исти) ... Еве кај мене на пример, ДОБИВ ветени 10% плус, АМА од колку појдовни BTW овие твоиве ако не се шиткачи, што се? Група ентузијасти, да го подобрат аутомобилзмот у Италија ИЛИ можда стварно нешто му фали
Така е се` што викаш. И јас исто кажувам ЕКУ ремап е подобра варијанта од пигибег чип. Како и да е. Немам никакви дилеми околу ова, нема што да ме разубедуваш.
Целта на двете модификации е иста - покачување на снагата на моторот. Ако е постигната, без последици за моторот, тогаш е во ред.
Комон реил дизелите (воопшто принципот на дизелите) е многу поразличен од принципот на бензинците. Таму се контролира дотокот на гориво а не дотокот на воздух, па се случува во одредени режими на работа да има и до 50% неискористен воздух. Со пресретнување на податоците од комон реилот и од протокот на воздух и други параметри од еку-то може да се пресметаат нови оптимизирани параметри.
Што се однесува до пристрасноста, зборев за првиот линк од articlealley а не од новитек. Новитек се шиткачи на тјунинг боксови, кои се оптимизирани за фиат/алфа дизелите.
На крајот пак ќе кажам ЕКУ ремап е подобро, но ако е задоволен од перформансите на тјунинг боксот, (а може да провери со обично дисконектирање), тогаш
мое мислење е да не ги дава парите на ремап, поготово непотврден на динамометар, туку да ги заштеди за нови убави Пирели Пе Зеро Неро